Феминизам!

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Епа имаш, бидејќи го сметаш за причина. Според некои како што кажа може не е, ама според некои е, па наместо да судиме кој е во право, дај на девојките да им се каже да внимаваат повеќе, сите да не мислат дека нормално и правилно се однесуваат, дека треба самоконтрола, култура итн итн.

И не терај инает, за да нема толку инфлација од "принцези", а едноцифрен број на принцови.
Па ти бараш еднолично однесување од сите жени, што не е возможно.
Не морам да следам одредени општествени норми за да бидам читава побогу.
На тој што не му чинам, нек ме остави и нека си најде таква што му чини.

Каква и да сум, нема право да ме малтретира, толку е просто.

Едит: и при инфлација на принцези, мажи има секогаш :D Ама нели заклучивме дека кога ќе ни скурчи, ливадариме и решен проблем ;)

Ние ливадариме, мажите плачат оти ливадариме, и така... да не ни биде досадно :D
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.271
Поени од реакции
7.623
Не морам да следам одредени општествени норми за да бидам читава побогу.
На тој што не му чинам, нек ме остави и нека си најде таква што му чини.
Не општествени, туку од партнерот што се. Тој може има многу поразлични од општо прифатените.

Можеби ти многу го сакаш, но тој знае да ти ја шлапне една во зависност од моментот, ти нешто без размислување, без самоконтрола си направила, а ти нели си викаш нема причина и збунета. Да си знаела дека сепак се работи за живо суштество, иако нели е маж, треба колку толку да внимаваш да не предизвикаш емоција да те шлапне.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.094
Поени од реакции
30.152
Па се подразбира дека чим е психичко насилство не се умира, макар и законски ако некого тераш да се самоубие или го доведеш во состојба да се самоубие, казниво е :)
Самата кованица е оксиморон, парадокс.
Само од инат и мрза се користи.
Замисли седат другарки си споделуваат маки, и едната кажува како е жртва на насилство, и наеднаш третата вика, и јас, мажот ми ми рече дека сум смрдла.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Не општествени, туку од партнерот што се. Тој може има многу поразлични од општо прифатените.

Можеби ти многу го сакаш, но тој знае да ти ја шлапне една во зависност од моментот, ти нешто без размислување, без самоконтрола си направила, а ти нели си викаш нема причина и збунета. Да си знаела дека сепак се работи за живо суштество, иако нели е маж, треба колку толку да внимаваш да не предизвикаш емоција да те шлапне.
Единствено ќе предизвикам пријава, одма.
Автоматски споено мислење:

Самата кованица е оксиморон, парадокс.
Само од инат и мрза се користи.
Замисли седат другарки си споделуваат маки, и едната кажува како е жртва на насилство, и наеднаш третата вика, и јас, мажот ми ми рече дека сум смрдла.
Ова е веќе јазична гимнастика, не за меѓу другарки што зборат, туку за во суд и за на психијатар. Синоними се, психичко насилство и психичко малтретирање. Без "психичко" напред не се.
Мене ми е исто кој од двата термина се користи, исто значење ми имаат - психички ме малтретира или психички е насилен. Може да биде и психичка злоупотреба итн.
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.852
Поени од реакции
2.068
Ова е веќе јазична гимнастика, не за меѓу другарки што зборат, туку за во суд и за на психијатар. Синоними се, психичко насилство и психичко малтретирање. Без "психичко" напред не се.
Мене ми е исто кој од двата термина се користи, исто значење ми имаат - психички ме малтретира или психички е насилен. Може да биде и психичка злоупотреба итн.
Различни термини со различни значења. Дарлинг е во право, незнам што протестираш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom