Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо од ова не е причина, ама мислам не се разбираме.

Ти не сакаш да разбереш.
Ај за последен пат, не може да кажеш нема причина.
Не знам колку години си, ама ако си под 28г ај оправдано, а ако си повозрасна тогаш, погрешен совет им даваш на жените, во смисла што сакам ќе правам, нема причина да ми ја шлапне една. Не бе, има десетици причини зашто, ама не треба и не смее.

Има разлика, бидејќи добар дел ќе заборават да се однесуваат како дами., нели нема причина, автоматски имунитет. Тоа што ти или другата форумџика верувам внимавате како се однесувате, не значи дека нема разгалени девојчиња или некои што биле израснати без патоказ.

Е на таквите со твоето тврдење, нема причина, не им помагаш, не им даваш патоказ како треба за хармонија, а воедно ти како таквите никогаш не би се однесувала.
 
Ти не сакаш да разбереш.
Ај за последен пат, не може да кажеш нема причина.
Не знам колку години си, ама ако си под 28г ај оправдано, а ако си повозрасна тогаш, погрешен совет им даваш на жените, во смисла што сакам ќе правам, нема причина да ми ја шлапне една. Не бе, има десетици причини зашто, ама не треба и не смее.

Има разлика, бидејќи добар дел ќе заборават да се однесуваат како дами., нели нема причина, автоматски имунитет. Тоа што ти или другата форумџика верувам внимавате како се однесувате, не значи дека нема разгалени девојчиња или некои што биле израснати без патоказ.
Ама ако те нападне таа, апсолутно е причина да се браниш, како не е?
Причина може да ти биде и дека се ебела со друг, ама таа причина не те ослободува од вина и не смее да те ослободи од вина. Не само ти како маж, и за мене важи исто, може мене да ми е причина ебел друга, ама тоа не ми дава за право да го тепам или убијам.

Не ги правам жените светици, не знам како не се разбираме па за тоа. Секако дека има ужасни жени, кои и психички и физички може да те малтретираат, портретирано према рендом холивудски филмови каде што женската мава шамар оти е навредена и сега сите тоа ќе сметаме дека е нормално. Не е нормално, не смее да те удира иако си посилен, ниту ти треба да трпиш да те удира.
 
Не ги правам жените светици, не знам како не се разбираме па за тоа. Секако дека има ужасни жени, кои и психички и физички може да те малтретираат, портретирано према рендом холивудски филмови каде што женската мава шамар оти е навредена и сега сите тоа ќе сметаме дека е нормално.

Јас те разбрав, ти не разбираш дека се побиваш самата за немање причина. Тие ужасните жени, даваат многу причини да ги шлапнеш, ама не треба, јбг таква е.

Но не може да се каже нема причини, оти ако се каже така, зашто па ги нарекуваш ужасни??
 
Суштината е важна, а не називот, како што не е важно дали пишува "фемицид" или на друг начин е објаснето истото нешто.
Напишав понапред, Албанија на пример нема "фемицид" исто, но како отежителна околност (што ја зголемува казната) е ако убиството е од родови, морални, верски причини итн.

Ама океј е да дискутираме, што е разликата меѓу насилство и малтретирање?
Нема никаква сличност ова и тоа, да не галопираме.

Насилство е употреба на физичка сила, малтретирање или вознемирување можат да бидат понижувања, уцени, закани, навреди.
 
Јас те разбрав, ти не разбираш дека се побиваш самата за немање причина. Тие ужасните жени, даваат многу причини да ги шлапнеш, ама не треба, јбг таква е.

Но не може да се каже нема причини, оти ако се каже така, зашто па ги нарекуваш ужасни??
Чоек, колку и да е некој ужасен, еве пример: имам дечко, љубоморен е, прави сцени, ме пцуе, ме вреѓа итн. Не е тоа оправдување да го тепам или убијам.
Го оставам, толку, крај. Нема да го тепам за да го превоспитам. Не е "причина" побогу, ужасен е, ама нема да останам со него и готово.

А дека никогаш не би се однесувала насилно, за тоа си во право, може само да се бранам ако ме нападнат, ама да удрам... ни животно, а не човек.
Автоматски споено мислење:

Нема никаква сличност ова и тоа, да не галопираме.

Насилство е употреба на фузичка сила, малтретирање или вознемирување можат да бидат понижувања, уцени, закани, навреди.
Во ред, но што е суштинската разлика ако стои "малтретирање" место "насилство"? Што би сменило?
 
Не е тоа оправдување да го тепам или убијам.
Го оставам, толку, крај. Нема да го тепам за да го превоспитам. Не е "причина" побогу, ужасен е, ама нема да останам со него и готово.

Не е оправдување де, ама сакаш да кажеш не ти дошло да го згазиш од ќотек, да му ја акнеш една или исфрлиш од кола во движење...

Ти сакаш да ми кажеш, човек не смееш да реагираш, што и да направи онаа што ја нарекуваш ужасна жена, мора емоциите 0. Луѓе сме, не постои такво нешто, затоа и нели треба да вежбаме самоконтрола. Но ако ти тврдиш дека ништо не е причина, женските ептен ужасни ќе станат, а машките тешко дека ќе успеат во самоконтролата. Мора взаемно, не само машкиот род.
 
Нормално дека "ти доаѓа" поентата е самоконтрола. Мораш да се контролираш, токму затоа и секоја чест на мажите што пријавуваат физичко насилство, а не возвраќаат исто.
Не зборам да немаш емоции - бес, лутина - туку се контролираш.

Ако така гледаме, сите сме различни, некое мое однесување за некого ќе биде "причина", за некого нема.

Насилно однесување не поддржувам ничие, ни од страна на жена, не знам како дојдовме до муабетов дека "жените е океј да се насилни". Не е.

Ама ако за дечко ми е причина да ме удри зашто сум облекла минич, сори, не е "причина" тоа. Освен во неговиот ум.
Автоматски споено мислење:

Велат има мажи што од нервози со жените умреле.
Всушност умирате помлади поради поголема склоност на пороци, а втора причина е што генетска слабост имате со само еден Х хромозом. Општо се мажите посилни, жените подолготрајни ;)
Автоматски споено мислење:

Од едното се умира.
Па се подразбира дека чим е психичко насилство не се умира, макар и законски ако некого тераш да се самоубие или го доведеш во состојба да се самоубие, казниво е :)
 
Нормално дека "ти доаѓа" поентата е самоконтрола. Мораш да се контролираш, токму затоа и секоја чест на мажите што пријавуваат физичко насилство, а не возвраќаат исто.
Не зборам да немаш емоции - бес, лутина - туку се контролираш.

Епа имаш, бидејќи го сметаш за причина. Според некои како што кажа може не е, ама според некои е, па наместо да судиме кој е во право, дај на девојките да им се каже да внимаваат повеќе, сите да не мислат дека нормално и правилно се однесуваат, дека треба самоконтрола, култура итн итн.

И не терај инает, за да нема толку инфлација од "принцези", а едноцифрен број на принцови.
 
Па ти бараш еднолично однесување од сите жени, што не е возможно.
Не морам да следам одредени општествени норми за да бидам читава побогу.
На тој што не му чинам, нек ме остави и нека си најде таква што му чини.

Каква и да сум, нема право да ме малтретира, толку е просто.

Едит: и при инфлација на принцези, мажи има секогаш :D Ама нели заклучивме дека кога ќе ни скурчи, ливадариме и решен проблем ;)

Ние ливадариме, мажите плачат оти ливадариме, и така... да не ни биде досадно :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom