Џабе математики, да имаме група со Северна Ирска, Литванија, Гибралтар и Сан Марино, пак нема да бидеме први.
Убаво пишаа погоре, еден играч немаме што игра повеќе од полувреме за својот клуб. 5 од 11 играчи не може да дочекаат 60-та минута без да им е излезена душата. Да не збориме што едвај креираме шанси, а и од тие малку шанси, ние даваме еден гол на Фарски Острови. Замислете да е Украина, Албанија, Чешка, Полска, Србија или некоја друга слична репрезентација.
Тотално сум разочаран од нашите и секогаш ми е несфатливо цената на картите. На ваква мизерна игра и на температури околу нулата, треба дневници да исплаќаат на секој еден што ги посетил.
А на муабетите дека треба да се играат во други градови, не се согласувам. Освен Струмица, ниеден друг стадион не исполнува услови за квалификации, ниту пак има добра инфраструктура за играчите да дојдат до него со автобус. Ни таму нема да се полни стадионот, еднаш можеби, но втор пат нема теорија. Никој не би сакал да ги гледа дрвата, а оној кој сака да ги гледа, ќе најде начин, а не изговор. Ќе оди со кола, автобус, ќе дели превоз, ќе земе слободен ден. Има луѓе што репрезентацијата ја пратат секаде, ама оној што е од Битола, не можел да дојде до Скопје, далеку му било, жими мајка.