Била Бонг
Дечкото кој со само 15години размислува зрело и веќе има создадено свои ставови и мислења во врска со некои теми во животот.
Спортски тип,секогаш со постови во темите за спорт но највеќе сака да зборува за кошарката која воедно е дел и од неговата цел во животот а тоа е да стане светски познат кошаркар со
блескава кариера како неговиот омилен кошаркарски идол Дејан Бодирога,а можеби и подобар од него.
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
Секогаш насмеан,расположен и оптимист..дискутира на сите теми и сака да ги задоволи сите членови на форумот.Мрази пушачи а и самиот вели дека никогаш нема да пропуши затоа што спортот му е на прво место а потоа се останато..посветен на тренинзите..никогаш не обвинувајќи ги дека се причина за некоја главоболка
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Лесно стекнува пријателства,отворен,и дружељубив,сигурно еден од омилените во друштвото заради неговиот хумор и постојаното ведрење на останатите
За љубовта кај него нема баш што да се каже..не покажува многу емоции но сепак знае да биде директен и да каже на личноста која му значи дека навистина е така,верува во вистинска љубов и има надеж дека еден ден и тој ке си ја најде неговата принцеза..што е негово ке си дојде..барем тој така вика..сепак желноста за страст и романтика ја искажува и преку своите аватари иако не го посетува подфорумот љубов.
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
Го бива за романтика иако уште треба да се докажува
Важен му е карактерот кај спротивниот пол но не го замерува ни надворешниот изглед..сентиментален тип кој несака да го повреди оној што му значи..ги следи своите инстинкти и секогаш ја кажува вистината без разлика колку и да е сурова..интелегинтен и перфекционист..може да врши повеќе работи истовремено а сепак да стигне на време да обврне внимание на своето друштвото и поблиските..
Верен фан на кантер..кога и да има слободно време секогаш седнува на неколку партии..мрази турбофолк,обожава да се смее на скечовите на к-15 како и повремено да го слушне бајага,тоше или некоја балада..која ке го распее
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Не си од оние членови со огромни постови..напротив тоа што сакаш да го кажеп го пишуваш во кратки и јасни црти без да забегуваш од темата(барем јас колку што сум приметила)Присутен често и во галеријата за давање убави комплименти или за некоја добра шега на негова или туѓа сметка:wink:
Исполнителен дечко,со голем потенцијал кој се надевам ке го искористиш најдобро што можеш во иднина..те знам мн краток период но те чуствувам веќе како некој близок .можеби затоа што си отворен и секогаш тука за муабет..подготвен да помогнеш и да дадеш совет на кого му треба или да спречиш некоја караница со што ја потврдуваш уште еднаш својата добродушност..сега за сега толку..се надевам дека е доволно за овие два дена..ми остави добар впечаток од прва
и се надевам дека ке продолжиш да го подобруваш и понатаму..ти посакувам среќа на сите полиња во животот(тоа и самиот го знаеш)..би требало нешто од напишаново е погодено..поголема анализа..да се надеваме во иднина..кога ке те запознаам подобро
твојата дада бебуш:back: