Многу лошо се внесени карактерите. Имаш 15+ карактери во прва епизода, и ретко кој се ословува по име. 4 епизоди ми беа потребни за да сфатам кој лик е Кум, кој е албанец, кој е Калиниќ. Го нема, барем засега, подемот на групата каде што стануваат толку моќни, како почнуваат, како им се развива се во Шилерова, како влегуваат во конфликт со Чуме, киднапирањето на Мишковиќ, атентатите на Драшковиќ.
Генерално, сметам дека серијата ке беше далеку подобра, доколку се одеше хронолошки со епизодиве, а не вака да се скока од 1998, во 2003 па назад во 2001, па 18 дена по атентатот, па 3 дена пред атентат.
Треба доста да имаш познавање од претходно, за да можеш да поврзеш се од почетокот. Ги имам гледано документарците за Земунски Клан, за Јединица, па доста предзнаење помога со серијава. Впечатокот ми е дека можело многу подобро.