Феминизам!

Член од
16 јули 2021
Мислења
313
Поени од реакции
661
Значи не треба да се "ценкаме", туку не треба стартна плата да биде поголема за него, а различна за мене. Не треба да преферираат маж кај што е тотално неважен полот.

Ти објаснувам дека на жените, и на мене, сме биле прашувани и дали ќе раѓаме, или одбивани дека ќе сме раѓале, напишав и конкретен пример каде што брачен пар работи во иста компанија, кога добија дете, жената ја преместија на полошо раб. место, мажот не го пипнаа. Тоа е родова дискриминација.
Исто како моето аплицирање за возач, ако Трајче има 2 години возачка, а јас 10, не е поквалификуван од мене. Само е стереотип за жените и работни места кои подразбираат возење.
Ти објаснувам дека на жените, и на мене, сме биле прашувани и дали ќе раѓаме, или одбивани дека ќе сме раѓале - ако ова уште го има, е дното, се согласувам со тебе 100 проценти.
Исто како моето аплицирање за возач, ако Трајче има 2 години возачка, а јас 10, не е поквалификуван од мене. Само е стереотип за жените и работни места кои подразбираат возење. - Ова е нивно право, ако сакаат можат да ја најмат Перса, без возачка, и не ни должат оправдување зашто не не земале нит тебе нит мене, јбг, ова е тоа ново демократско-капиталистичко општество за кое се стремиме, тоа сакам да ти кажам, никој ништо не ти е дужен нит ти си му. Стереотипот ти си го гледаш зашто сакаш да го видиш.
Значи не треба да се "ценкаме", туку не треба стартна плата да биде поголема за него, а различна за мене. - Ама не знам како не треба, платата е подложна на дискусија, ако не е, нема да ти ја корегираат и кога си таму коа знаеш дека Перо зима повеќе пари. Ќе ти кажат, таа е фиксна е, извини.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.664
Поени од реакции
8.704
Не барам возразна, сексуална и што ти ја знам позадина во тоа, не им одговарам е филмот што го возам.
Со оглед дека ни еден ден од животот не си бил жена, не можеш да ги знаеш искуствата на жените, освен ако не отвориш прво уши да слушнеш, а потоа очи да согледаш.

Не сум барала ни јас каде што не е очигледна дискриминација, сум се уверила каде што е.

Тоа е исто како ти и некој маж, кој е азијат, да си исто или повеќе квалификуван од него, ама него да го одберат оти постои стереотип дека азијатите се со највисоко ајкју. И да не е изолиран случај, него општествено да преферираат азијати, а ти пошто си бел европеец, не добиваш шанса.

Тоа се вика расна или етничка дискриминација, на пример.
 
Не, тоа се вика си барам причина да се правдам. Не сум бил жена, но ти не си била маж, не ги знаеш искуствата на мажите, која е целта на таа реченица? Некако ми се тие работи фиксни, факти на животот. А во твојот напреден свет у моментов најдискримиран е белиот млад хетеро маж, немој да се лажеш дека не е така.
Жените не сакаат да работат во црна металургија, во рудник, зашто уште го дебатираме тоа? Значи не ти викам ти или Петкана, ти викам мнозинство, сакаат клима и лаптоп и кафенце, нема лошо во тоа, има лошо во дека немало таканаречена еднаквост. Убаво ти кажаа, нема еднаквост само во хард кор муслимански држави, повели па иди таму помогни на твоите сестри. И ако се азијати со највисоко ајкју, значи нема дискриминација, јас имам мозок, но мојот софтвер е послаб од жутите, значи точка, сите имаме мозок, нема тука дискриминација. Секогаш рецимо може работодател да направи ајкју тест, но ако реши да не го прави, има право на тоа. Ти викам, на црно-бело викате сиво, феминизмот во формата во која што е, е злото на нашето време, притиска двојно кајшто не мора, а ќути таму кајшто има најголема потреба од него.
Автоматски споено мислење:

Ете и малку факти:
https://pechmanlaw.com/are-white-males-victims-of-reverse-discrimination-in-employment/
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.842
Поени од реакции
2.055
Уште некоја година ко ќе влезат трансаминазите што ги промовираат новите бранови феминисти, ќе ги исфрлат биолошкиве од организација, NGO нема да ги финансира повеќе, феминистите ќе иммат J.K.Rowling разбудување. Е после тоа ќе си земам пуканки и ќе гледам циркус. Трансаминази v. Феминисти, фајт.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.664
Поени од реакции
8.704
не ги знаеш искуствата на мажите
Точно, затоа и ги слушам кога зборуваат. Еве интересно, лично не сум така воспитувана, но имам многу близок другар. Како и да е, човекот направи цела куќа во која не ни живее, јас се чудев зошто го прави тоа, нема логика. Ми вика - за кога ќе се женам. Е арно му викам, па со жена ти тогаш ќе си смислите... ми рече - не знаеш како е кај нас, се очекува да имам веќе живеалиште свое. Инаку за Македонец зборувам и му верувам, затоа што сум посведочила жени што размислуваат вака.
И секако, притисок е за мажите, сосема неоправдан.
А во твојот напреден свет у моментов најдискримиран е белиот млад хетеро маж, немој да се лажеш дека не е така.
Не се лажам, се согласувам. Само не сме во САД, во Македонија и Балканот, освен Роми, нема некоја друга раса реално, сите сме белци. Во САД и Британија до некаде е ова дефинитивно точна констатација.

Само не знам зошто повторно претпоставуваш работи, кои не ги мислам и не сум ги напишала како мислење, исто како со лгбт што претпостави. Не, не поддржувам транссексуалци и маж кој мисли дека е жена, не е. Маж е.
Жените не сакаат да работат во црна металургија, во рудник, зашто уште го дебатираме тоа?
Не е поентата што сакаат жените, туку ако јас еве сакам да работам во рудник, учам за тоа, се спремам за тоа, не треба да постои дискриминација. Исто како што во било која администрација постојат и мажи, никој не ги одбива од работа затоа што се мажи, не е "женска работа". Колку мажи правници, економисти има, ехеее.
Инаку на сегашното работно место, навистина тврдам дека не постои родова дискриминација. Ама, тоа работно место не е ниту нво, ниту рандом фирмичка, така што луѓето со кои работам се многу свесни за овие општествени проблеми и се трудат максимално да бидат искоренети ако се појават.
Трансаминази v. Феминисти, фајт.
Веќе се фајтам со трансојте, скроз ја поддржувам Ј.К.Роулинг.
Ама еве Јузе, баш кажи ми свое видување, зошто толку се замараме сите со транс-жените (мажи), а многу помалку со транс-мажите (жени). Што мислиш, зошто е тоа така?
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.842
Поени од реакции
2.055
Веќе се фајтам со трансојте, скроз ја поддржувам Ј.К.Роулинг.
Ама еве Јузе, баш кажи ми свое видување, зошто толку се замараме сите со транс-жените (мажи), а многу помалку со транс-мажите (жени). Што мислиш, зошто е тоа така?
Се замараме и со транс-мажите, еве school shooters се во Америка. Кога ќе им ги прегориш рецепторите на жени со машки хормони не знаат да се контролираат и одат дирек на бес. Само не е многу за рекламирање тоа, затоа не гима има за добри работи на насловни страни.

Повеќе се замараме со транс-жените затоа што феминизмот и лгебете ги собра под крило. Постоеле и на времето и пак ќе постојат, само не беа пред ова екпоненцирани на прва страна. А на моќниците, читај, луѓето со многу париња што цел им е депопулација на земјата само финансираат вакви движења.

Ако жената поседува силни женствени карактеристики, природно може да бара маж со изразени машки особини за да ја надополни. Спротивно на тоа, ако жената покажува повеќе традиционално машки карактеристики, може да најде хармонија со маж кој носи повеќе женствена енергија во врската.

Ова Boss Lady attitude и сакам маж да биде со традиционални машки карактеристики нема никогаш да работи. Премногу конфликт. Боси треба да си најде фемина маже и да си бидат среќни.
 
Конкретно прашањето исклучиво ми беше за транс лицата, веќе се согласивме дека не им е место во феминизмот, оти не се жени, нема потреба тоа да се објаснуваме кога сме согласни.

Друго ми беше прашањето, еве мое мислење зошто толку помалку се зборени - прво се помалку - од проста причина што жена е поприфатливо да има андрогин изглед (да не е стереотипно женствена), не сме осудувани ако имаме кратки коси, носиме панталони, итн. за разлика од маж кој кога би облекол фустан, не би бил баш прифатен.

Моја лична теорија е дека најголем дел од транссексуалците се хомосексуалци, кои имаат родови (не полови) стереотипно женствени карактеристики (манеризам на пример). Мислам дека им е "идентификувањето како жена" начин да успеат да се чувствуваат поприфатени, ако успеат да pass како жени. Како хомосексуалци со изразени немажествени карактеристики, веројатно повеќе наидуваат на неприфаќање.

Мене самиот момент "се чувствувам како жена" ми е проблематичен, за да се чувствуваш како нешто, прво треба да знаеш како изгледа нештото. Не се "чувствуваат како жени" туку не се вклопуваат во родовите мажествени карактеристики. Бидувањето жена не е само имањето вагина, дојки, цел систем на воспитување, искуства, работи кои ги доживуваме од раѓање се различни отколку некој кој е роден маж, ма колку и да не се чувствува машки, реално не ги има искуствата на девојче.

Не исклучувам дека постои помал дел кој навистина има дисфорија, но апсолутно тоа не е во оној процент кој се прикажува. Конкретно за САД можам и да изгуглам, цела клиника за "менување на пол" (невозможно е да се промени пол) затворија, затоа што беа фатени како си прават пресметки. И мислам дека најголем поттик на целиве трансови е токму капиталистичката природа на здравството во САД, едноставно преголем профит е во прашање, тренд е кој сериозно ме загрижува, посебно затоа што не се веќе само возрасни (нека кршат глава искрено), туку почнаа да пукаат со хормони деца и да ги касапат.

Мислам дека овој тренд страшно ќе ни се одбие од глава на сите.

П.С. Реално мажи се скул шутерс, да не речам "традиционално" веќе. Ова некоја рендом женска што се осеќа како маж ги испукала. Што е ај пак друг муабет да не го отвараме овде, толку шутерс има, што ни на вести не се веќе онака бомбастично прикажани, стана "нормално". Инаку имате позната транс-жена јутјуберка, републиканка, ако не ја знаеш ѕирни ја (го), Блер Вајт. Доста омразена од 4 бран феминистки, мене ми е најреален примерок меѓу транс-жените. Има баш една дебата кај што ги отепа воук ликовите, мене туѓ срам ме фати. Еве линк ако сакаш да видиш. Црнкињава у мозок мава колку е кринџ и нема поима што зборува.
 
Последно уредено:

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.842
Поени од реакции
2.055
Моја лична теорија е дека најголем дел од транссексуалците се хомосексуалци, кои имаат родови (не полови) стереотипно женствени карактеристики (манеризам на пример). Мислам дека им е "идентификувањето како жена" начин да успеат да се чувствуваат поприфатени, ако успеат да pass како жени. Како хомосексуалци со изразени немажествени карактеристики, веројатно повеќе наидуваат на неприфаќање.
Не би го поврзал стриктно или мнозинство тоа со хомосексуалност, не велам дека не постојат ако не "преминат во другиот пол", ама во голем дел од случаите ќе пораснат нормално. Доправа ќе има контра движења за овие работи. Еве од лански конгрес, Chloe Cole
Мене самиот момент "се чувствувам како жена" ми е проблематичен, за да се чувствуваш како нешто, прво треба да знаеш како изгледа нештото. Не се "чувствуваат како жени" туку не се вклопуваат во родовите мажествени карактеристики. Бидувањето жена не е само имањето вагина, дојки, цел систем на воспитување, искуства, работи кои ги доживуваме од раѓање се различни отколку некој кој е роден маж, ма колку и да не се чувствува машки, реално не ги има искуствата на девојче.
Е тука се филозофиите на De Beauvoir и сличните на него. Дисфорија е генерално незадоволство, може да е од многу причини ама во последно психолозите и психијатрите, надувани на анални гасови после читање на De Beauvoir им викаат на пациентите, абе ти си спротивен пол ај да те направиме операција. Ова моментално е масовна психоза на квази квалификувани медицински професионалци што воглавно ги лажат и пациентите и нивните блиски.
Не исклучувам дека постои помал дел кој навистина има дисфорија, но апсолутно тоа не е во оној процент кој се прикажува. Конкретно за САД можам и да изгуглам, цела клиника за "менување на пол" (невозможно е да се промени пол) затворија, затоа што беа фатени како си прават пресметки. И мислам дека најголем поттик на целиве трансови е токму капиталистичката природа на здравството во САД, едноставно преголем профит е во прашање, тренд е кој сериозно ме загрижува, посебно затоа што не се веќе само возрасни (нека кршат глава искрено), туку почнаа да пукаат со хормони деца и да ги касапат.

Мислам дека овој тренд страшно ќе ни се одбие од глава на сите.

П.С. Реално мажи се скул шутерс, да не речам "традиционално" веќе. Ова некоја рендом женска што се осеќа како маж ги испукала. Што е ај пак друг муабет да не го отвараме овде, толку шутерс има, што ни на вести не се веќе онака бомбастично прикажани, стана "нормално". Инаку имате позната транс-жена јутјуберка, републиканка, ако не ја знаеш ѕирни ја (го), Блер Вајт. Доста омразена од 4 бран феминистки, мене ми е најреален примерок меѓу транс-жените. Има баш една дебата кај што ги отепа воук ликовите, мене туѓ срам ме фати. Еве линк ако сакаш да видиш. Црнкињава у мозок мава колку е кринџ и нема поима што зборува.
Ја знам одамна Blaire White, едно како најнормална од ненормалните.

Се сложувам со скоро се што е речено на темава од страна на Jordan B Peterson, незнам колку имаш слушано/гледано/читано од него.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.664
Поени од реакции
8.704
Не би го поврзал стриктно или мнозинство тоа со хомосексуалност, не велам дека не постојат ако не "преминат во другиот пол", ама во голем дел од случаите ќе пораснат нормално. Доправа ќе има контра движења за овие работи. Еве од лански конгрес, Chloe Cole
Е тука се филозофиите на De Beauvoir и сличните на него. Дисфорија е генерално незадоволство, може да е од многу причини ама во последно психолозите и психијатрите, надувани на анални гасови после читање на De Beauvoir им викаат на пациентите, абе ти си спротивен пол ај да те направиме операција. Ова моментално е масовна психоза на квази квалификувани медицински професионалци што воглавно ги лажат и пациентите и нивните блиски.
Ја знам одамна Blaire White, едно како најнормална од ненормалните.

Се сложувам со скоро се што е речено на темава од страна на Jordan B Peterson, незнам колку имаш слушано/гледано/читано од него.
За болдот - посебно се согласувам и истото е пренагласено баш каде што највеќе капитал се врти, уште пострашно е што конкретно па САД може секоја будала counselor да стане, без сериозна едукација претходно. Дури во Македонија е потешко да станеш лиценциран психотерапевт него во САД.
Се согласувам дека е страшна корупција во прашање, ловење на луѓе со други психички проблеми кои "се заташкуваат" со џендер проблеми, или муабетите што ги прават на родителите - или хормони/операција, или детето ќе ви се убие. Ако е суицидно детето, многу работи треба да се решат пред да се решава било каков џендер, посебно не со непоправливи промени кои доаѓаат со хормони и операции. Затоа толку има детранзиционери, ама тие не смееш да ги спомнеш никаде, ако отвориш тема за нив - ама незначен процент се. Уништени животи, незначаен процент биле, и така.

Со Петерсон за некои работи се сложувам, за некои не се сложувам, на темава за транссексуалци се сложувам. Го разбирам колку фрустрира потребата за класификација највеќе од сè :D Самиот не се чувствува десничар, но таму го ставаат (јас би рекла центар десно), а и самата имам одредени "левичарски", а други "десничарски" ставови, па знам колку е тоа скоро невозможно да објасниш на луѓето (сама би рекла центар лево).
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.073
Поени од реакции
30.115
Кој црн феминизам го возите, не знам колку пати треба да нагласам, и уште чекам одговор од Дарлинг дали си ги провери фактите, без мажи, феминизам нема, без инерција или поткрепа од мажи, нема феминизам, доста се филмате дека сте се избориле без помош, приказни за мали деца се тоа, па уште феминизам у напредните држави
Сигурно не веруваш дека на маж прв му текнало да им даде права на жените?
Ок. тогаш, ако стварно мислиш така, доста се надавате тука ко феминистите не прават ништо за жените од индија и направете нешто, ете вие сте подобри.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
313
Поени од реакции
661
Сигурно не веруваш дека на маж прв му текнало да им даде права на жените?
Ок. тогаш, ако стварно мислиш така, доста се надавате тука ко феминистите не прават ништо за жените од индија и направете нешто, ете вие сте подобри.
За првото не, не верувам, воопшто, тоа си е идеја на жените, но ја спровеле со пасивност и на моменти, со поддршка од мажите. Зашто ако по дифолт на жените им текнува и го спроведуваат, ете, ќе го направеа во Авганистан, особено што таму уживаа права пред да се вратат талибаните во игра. Но, не можат да го направат, затоа што талибаните ќе им го расплачат маминото млеко и све ќе заврши многу брзо.
А за второто, точно тоа сакам да доловам, баш си го трефнала, но не со цел кој е подобар, а со цел дека феминизмот каков што е сега, е само претерано напумпан и фокусиран на небитни работи. Феминистките се фокусираат на примери како не зимаме еднаква плата (што не ми се верува дека го слушам за пазар на слободна економија кајшто буквално можеш да си бараш плата од 20000 евра месечно, ако си спремен да ризикуваш) и второ, ко што кажа Пумата, имало 19 смртни случаи. Ок, не ги омаловажувам, но чисто статистички, 19 на да речеме 300К семејства (значи 150 К жени) е 0.01 процент, но нели се ќути и ништо не се прави за милиони жени во индија и во хард кор исламски држави, кајшто има вистински проблем, ете тоа сакам да доловам. А зашто не се прави ништо? Зашто знаат жените, колку и да се хард кор феминистки, дека ако нема почва (читај пасивност или поткрепа од машка популација) а таму ја нема, ништо не можат. Знаеме дека нема да се направи феминистичка армија да иде гради у гради против талибаните и индијците. Највеќе што ќе напраат е ќе пратат пасивно-агресивен мејл на некој државни органи и тоа е.
А за првото, пеј геп, што не земеме да направиме сите здружно едно движење аутсорсизм, зашто нели тие што аутсорсуваат кај нас и други земји од трет свет, го праат за поефтино, и таму е вистинскиот пеј геп? Не правиме затоа што не звучи ко нешто што е сериозно, а искрен да сум, западниот и до голем степен нашиот феминизам ми е на такво ниво.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.073
Поени од реакции
30.115
А зашто не се прави ништо? Зашто знаат жените, колку и да се хард кор феминистки, дека ако нема почва (читај пасивност или поткрепа од машка популација) а таму ја нема, ништо не можат. Знаеме дека нема да се направи феминистичка армија да иде гради у гради против талибаните и индијците. Највеќе што ќе напраат е ќе пратат пасивно-агресивен мејл на некој државни органи и тоа е.
Тоа е така поради нивната култура. Некои култури се подобри од другите. Евидентно.
Феминистичка армија? Што зборуваш? Хах, за да бидат деплоирани било какви војници - платеници некаде треба да има финансии од некаква држава. Така е тоа ќе влезеш во Индија со 10 калаша и ќе војуваш против патријархартот :D
Не ме сфаќај погрешно, јас мислам дека во цивилизацијата жените и мажите се еднакви, но ти колку што можеш да направиш за некој рандом војник во Украина, толку и јас можам да спасам некоја индијка од убиство. И не мислам дека правата на жените во светот е феминистичко прашање, мислам дека е хуманистичко прашање. 99% од државите во светот би немале проблем да примат имигранти од Ирак, Иран, Пакистан доколку се жени, но зошто баш нив ги има во најмал број на границите?
Пеј геп е моментално последно нешто што треба да се мисли, само поради тоа што цените на се' се нереално покачени и ако се реши проблемот со инфлацијата на сите ќе ни биде подобро. Според мене треба фокусот да биде на тоа.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.467
Поени од реакции
25.992
Запознаена сум, мене ме интересира државата во која живеам најмногу, но како што те гледам загрижен за жените по светот, во 2021 година само се убиени преку 45 000 жени од страна на интимен партнер. Еве како загрижен можеш да се заангажираш за нив, мене ме интересира Балканот и специфично Македонија.

Место да пробуваш да ме преиспитуваш мене, обиди се да дискутираш на темата. Не се изолирани случаи во светот, за Македонија само зборев, за само 4 години.
Еве, зошто нема "изолирани" случаи на убиени мажи од своите интимни партнерки во еднаква мера? МВР има точни бројки за сите убиства, сам провери и слободно објасни ми зошто има има 19 убиени жени од своите партнери, но нема 19 убиени мажи од своите партнерки?
Затоа што мажите се жртви на друг начин преку психичка и емоционална тортура.
Самоубиство на маж поради жена, излудување на маж поради жена се сметаат како рандом настани. Башка пишува ли таму каде што читаш кои биле предусловите за тие 19 жени да бидат убиени ?
Колку биле убиени од чиста мира а колку психички и емотивно го изеле мажот за да мора тој да постапи така ?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.664
Поени од реакции
8.704
Затоа што мажите се жртви на друг начин преку психичка и емоционална тортура.
Самоубиство на маж поради жена, излудување на маж поради жена се сметаат како рандом настани. Башка пишува ли таму каде што читаш кои биле предусловите за тие 19 жени да бидат убиени ?
Колку биле убиени од чиста мира а колку психички и емотивно го изеле мажот за да мора тој да постапи така ?
Пишува, за еден пример и напишав профил на личност, вештаци прават профили и на двајцата. Ако сакаш, прочитај си, затоа се ставени линковите.

Инаку - никогаш, никој, маж или жена, под ниедни услови ОСВЕН самоодбрана, не мора и не смее да тепа и убива. Нема изговор за истото.

Се согласувам дека психичко насилство постои (иако во другана тема сите скокнавте дека не постоело), но тоа не е причина да убиеш некого.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom