Закон на хартија вреди онолку колку што се спроведува.
Постојат повеќе студии за Балканот конкретно, кои имаат интересни податоци
зошто е потребен феминизам.
За да знаеме за што зборуваме:
Фемицидот се смета како најекстремна манифестација на насилството врз жената, акт со изразена родова мотивација, кој најчесто се извршува од страна на маж, но жртвата секогаш е жена.
Важна е родовата мотивација, односно, убиството на жените е поради омраза кон жените, презир, желба за доминација над жената и контрола над нејзиниот живот.
Жените и девојчињата се несразмерно погодени од насилство со смртен исход во приватната сфера, односно
56% од сите убиени жени страдале од рацете на своите интимни партнери или семејството.
Во Западен Балкан е речиси невозможно да се најде статистика за фемицидот, затоа што не постои како посебно кривично дело, освен во Македонија, каде што од март 2023 година за прв пат е инкриминиран како посебно кривично дело. Иако е релативно сиромашно она што вклучува фемицид (убиство на жена и девојче под 18 години при вршење родово-базирано насилство), сепак, според законот
секој фемицид е тешко убиство со минимална казна од 10 години, а максимална доживотен затвор.
Е сега, нема да се задржувам на сите држави од западен Балкан, туку само Македонија - а барем по медиуми има доволно за да знаете за некои од случаите (пример убиството на Низама Хеќимовиќ) а статистички, интересно, Србија е со најмногу (пријавено) семејно насилство и најголем процент на фемицид. Во прилог ќе оставам линк ако некој го интересира повеќе.
Во 2017, од страна на Националната мрежа против насилството врз жени и семејно насилство контстантирано е дека:
„Кај повеќе од 60% од анализираните случаи на убиства на жени во Македонија, кривичното дело е извршено од страна на актуелниот или поранешен брачен или вонбрачен партнер со кого живееле во заедница. Во практиката, најчести се случаите на телесна повреда, загрозување на сигурноста и тешка телесна повреда извршени во контекст на семејно насилство. Во повеќе од 80% од случаите, убиството се случило во заедничкиот дом или, доколку била отпочната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата. Овој факт нѐ носи кон заклучок дека жените во Македонија се најнебезбедни во својот дом“.
Бидејќи пред 2023 година фемицидот не постоел како посебно кривично дело, нема официјална статистика за истиот, но истражувањата укажуваат дека во периодот од 2008 до до 2020 година вкупно се убиени 96 жени, од кои најмалку 50 се фемицид.
Во Македонија, спроведено е истражување во периодот од 2018-2022, не само за извршените убиства, туку и за судските разрешници. Во овој период се водело постапка за 19 убиства на жени, кои биле извршени: 1 во 2000 година, 3 во 2018та, 2 во 2019та, 8 во 2020та и 5 во 2021ва година.
Во однос на брачна состојба, сторителите: 5 биле во брак, 5 во вонбрачна заедница, 4 биле разведени и 3 биле неженети. Од 17 сторители, 7 биле претходно осудувани, а 10 не биле претходно осудувани.
Од 17 сторители: 10 го признале делото, 1 ја обвинил жртвата, 1 не дал објаснување, 3 не признале, а за 2 не е познато (не дале исказ).
За жртвите: 5 биле сопруги на сторителот, 3 биле вонбрачни сопруги, 4 биле бивши сопруги, 2 биле мајки на сторителот, 5 биле во друга релација со сторителот (поширока фамилија).
Само една од жртвите претходно пријавила во полиција дека е малтретирана од сторителот, 3 немале пријавено, а за останатите 15 не е познато. И во тој еден случај кога жртвата пријавила во полиција дека е малтретирана од сторителот, не била поведена постапка.
Ниту една жртва кај себе немала оружје и не употребила оружје.
Од сите случаи, 14 биле со затворска казна, од кои 8 до 10 години, 5 над 10 години и една доживотна казна. Останатите 3 сторители биле испратени на задолжително лекување.
На линкот подолу има за 4 случаи подетално, начинот на кој се извршени и како оделе постапките. Мене ми беше најинтригантно убиството кога сторителот упаднал во куќата на родителите на бившата сопруга, прво ја убил мајка ѝ, потоа неа пред очите на сопственото 10 годишно дете, кое при пукањето се фрлило врз мајка си и викало „немој да пукаш на мајка ми!“, снаата за брат на жртвата се борела со сторителот при што се здобила со прострелни рани, но преживеала, дошол братот на жртвата, кој исто се здобил со прострелни рани, но преживеал, за на крај кога дошол таткото на жртвата да успеат да го совладаат сторителот. Мотивот, наводно, е дека ќе правеле крштевка на детето без него, односно со негови зборови „вие без мене ќе се веселите!“.
Со оглед дека со огнено оружје успеал да усмрти 2 жени (бившата сопруга и нејзината мајка), а притоа ги ранил братот и снаата на бившата жена, сето пред очите на сопственото малолетно дете чија крштевка тој ден требало да се случи, плус двете малолетни деца на братот од бившата жена, тешко ми е да поверувам дека сето ова е поради “недостасување и жал по детето“.
Друго важно е за тоа што семејното насилство не се пријавува, што поради стигмата, што поради срамот, а што поради тоа што е прифатено дека е „нормално“, што затоа што жртвите не ги знаат своите права,
а најмногу затоа што институциите не реагираат и кога ќе се пријави.
Феминизам не е барање на ПОГОЛЕМИ прави од мажите. Барање е да живееме без да се плашиме за сопствената безбедност 24/7.
Убиствата не се случени во темна уличка или ноќен бар. Случени се ДОМА.