Здраво на сите,
Дали има некој искуство со правење Аусбилдунг? Која е процедурата и каде треба да се обратам? Некој подетално да објасни.
Ако си невработен во Агенција за вработување, ќе ти платат тие и доброто е што може да одбериш некој кој вреди многу пари (практично избирај што поскап) за на пазарот на трудот потоа повеќе да „тежиш“.
Од друга страна и после тој аусбилдунг ќе бидиш на почетно ниво во смисла на тоа ќе бидиш замешан во гомилата на луѓе кои имаат аусбилдунг (што секако не е причина да не го правиш воопшто) и кои ќе конкурираат за истото работно место за кое ќе конкурираш ти, па ако имаат повеќе искуство од тебе можеби би било проблем. Тука веќе секој со среќата како ќе се снајди на интеврју и секој со годините работно искуство кои ги носи позади себе.
Во однос на што тоа може сам да одбериш, па може практично скоро сè, за што ќе ти треба добар писмен и усен Германски (не само B2 сертификат туку и добро познавање на јазикот), за да може воопшто да те земат во предвид во некои компании и да запишиш аусбилдунг кај нив (да ти го финансираат), а некаде каде би влегол со B1 (ако сè уште постојат такви) можно е да не им си толку битен т.е. да си еден од многумината кои прават аусбилдунг кај нив па наместо како ресурс кој ќе го имаат во иднина да гледаат на тебе како некој кој е лесно заменлив.
Платата ќе ти е од 800 до 1200 бруто, во поголем дел од компаниите, а во здравство и можеби некои други ретки бранши би ти била поголема. Тоа мора да го разговараш со потенцијалниот работодавец.
Како и за останатите работи така и за ова, би имал разговор со претпоставени од фирмата или луѓе задолжени за човечки ресурси кои ќе проценат дали си за нив соодветниот кандидат на кого би финансирале аусбилдунг програма.
Кој и да го одбериш пат од двата, да ти е со среќа!