Фотоволтаични панели

  • Креатор на темата Креатор на темата Kurto
  • Време на започнување Време на започнување
Фала @Гард за објаснувањето, ние не сме некој големи потрошувачи (се грееме на дрва, добра изолација и гледаме да штедиме кога е можно тоа) но сепак по математикиве што ги пишуваш и те како се исплати да ставиш барем 3-4KW да се стави на кров кога веќе ги имаш парите. Инаку уште мора задолжително елаборат што кошта околу 1000 евра што си пишал на предходниве страни ?
 
Компензацијата за даден вишок струја ти се одразува на сметките за декември и јуни. Доколку имаш уште повеќе произведено, каде сметката пример за јуни ти е 2000,а имаш произведено 5000 денари (од јануари до јуни), сметката за јули исто така ќе ти биде покриена (па и за следен месец, додека не ги покриеш тие 5000).
Koj ja odreduva otkupnata cena za kwh, i kolku e vo momentov?
 
Фала @Гард за објаснувањето, ние не сме некој големи потрошувачи (се грееме на дрва, добра изолација и гледаме да штедиме кога е можно тоа) но сепак по математикиве што ги пишуваш и те како се исплати да ставиш барем 3-4KW да се стави на кров кога веќе ги имаш парите. Инаку уште мора задолжително елаборат што кошта околу 1000 евра што си пишал на предходниве страни ?
Сега е олеснета процедурата за неколку чекори. Најдобро прашај човек што мести фотоволтаици.
Koj ja odreduva otkupnata cena za kwh, i kolku e vo momentov?
ЕВН (2-3 денари)
 
Од денес конечно и јас сум приклучен на двосмерно броило кое е во функција, локација Гевгелија. Во наредниов период ќе ве известувам како оди производството.
 
Од денес конечно и јас сум приклучен на двосмерно броило кое е во функција, локација Гевгелија. Во наредниов период ќе ве известувам како оди производството.
Kolku kilovati si montiral odnosno paneli?
 
Сакам да наместам мал систем за во викендичка, потрошувачи би биле: фрижидер, телевизор, тв бокс, 5-6 лед сијалици, можеби и камери. Би сакал да употребувам литиумски батерии. Препорака некоја од ваша страна, што систем и кај се најевтини литиумските батерии? Вкупен буџет околу 1500 евра.
 
Од денес конечно и јас сум приклучен на двосмерно броило кое е во функција, локација Гевгелија. Во наредниов период ќе ве известувам како оди производството.

Како ќе се пофалиш со фотоволтаиците во зимскиов период?
 
Како ќе се пофалиш со фотоволтаиците во зимскиов период?

Помина почетната еуфорија, ја добив првата сметка за месец декември во износ од -1290 денари. Ова е само делот за прозиводство што треба да се одбива од сметката после првото шестмесечје кога се врши порамнување, барем така сум сфатил јас. @Гард еве може и Гард да каже како беше кај него па да направиме споредба.
 
Некој да има фотоволтаичен систем во монофазна изведба, да сподели искуства, дали е возможна он-грид имплементација со продажба на вишокот кој ЕВН?
Дали може домашното броило да си остане трофазно ама системот/инвертерот да е монофазен и само на една фаза да се враќа вишокот.

Немам услови (нити потреба) од голем систем, можам да сместам 4 макс 5 панели...
2kw производство апсолутно би ми бркало работа.... па размислувам онака ентузијастички на таков подвиг, да ставам само на една фаза за зимо преку ден да ми го покрива греењето на инвертери 1-1.5kw... а летно време 80% од производството ќе е вишок па да не се фрла :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom