Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
А за мене анализа од некого? :pipi:
This girl i like. Во однос на годините е прилично здрела и изградена личност со оформени ставови кои упорно ги брани. Од таму како заклучок се изведува дека досегашното животно искуство и пружиле лекција која сега добро ја користи и овозможило да се наметне како личност која има сопствен став од една страна, меѓутоа и како личност која умее да го одбрани тој свој став. Мислам дека е упорна личност која се стреми кон просперитет. Амбициозна е и има цел. На нејзината традиционална скала на вредности љубовта има високо место. Мислам дека во другарството е доста лојална и тоа ја прави посакувана другарка. Умерен оптимист, нејзината светла страна од карактерот никогаш не ме заморила со безпотребна доза на идеализам, ама сепак делува весело и исполнето. Што друго да кажам за неа не знам освен: Скрши нога утре на колоквиум. Така се велеше во мое време.:smir:
:helou:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
абе ја едно 5-6 страни претходно барав анализа,ама...ај некој ако може,и нека ми каже ако има,да не барам попусто:)тенк ју
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
абе ја едно 5-6 страни претходно барав анализа,ама...ај некој ако може,и нека ми каже ако има,да не барам попусто:)тенк ју
Јас ќе те анализирам, ама своевремено, сега засега не можам, а памтам дека побара анализа.:smir:


By the way и јас сакам анализа.:nesum:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Јас ќе те анализирам, ама своевремено, сега засега не можам, а памтам дека побара анализа.:smir:


By the way и јас сакам анализа.:nesum:
кога ќе имам мааалку повеќе време ќе те анализирам,ветувам:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
By the way и јас сакам анализа.:nesum:
Еве јас...

Kvendolin... има нешто навистина заинтригувачко кај оваа девојка. Дојде на форумов мирно, ненаметливо а сепак некако привлекува да ги читаш нејзините постови. Претпазливо го кажува својот став и ги изразува своите мислења толку промислено би рекла, што дури помислуваш дека или премногу се срами или пак тоа го прави со цел да не ги навреди другите.:)

Од она што досега го имам приметено кај нејзе е дека се држи на некој некој начин цврсто до традиционалните вредности. Активноста на многуте полиња и е успешна токму поради нејзината способност за организација и фактот што таа никогаш нема да се пожали дека и е тешко да заврши некоја работа.

Ама...има едно големо ама кај Kvendolin. На нејзе и е тешко да ги искаже своите чувства. Не дека нема чувства, туку едноставно тешко и е да ги изрази. Најверојатно тоа е поради нејзината срамежливост. Но тоа не е така лошо бидејќи срамежливоста се надминува, а тогаш запознавате една друга личност. Личност покрај која ќе се чувствувате опуштено и со која нема да ви биде доволно целото време на светот за да си изнаприкажете. Таа е личност која е свесна дека статусот не се стекнува така лесно, па поради тоа и некаде на врвот на нејзината листа на приоритети се богатството и општествениот статус.

Достоинствено ги прифаќа критиките и пофалбите, но она што е нејзина каректистика е сериозниот пристап кон работите и нивтото реално согледување.
:back:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Јас официјално би замолила за една анализа од Kvendolin!:smiz:
Добиваш една за возврат ...
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Јас официјално би замолила за една анализа од Kvendolin!:smiz:
Добиваш една за возврат ...
Сатори... Постовите секогаш и ги читам, во последно време можеби и повнимателно, меѓутоа барем мене ми е тешко затоа што не ја познавам доволно, да проценам за каква личност станува збор.Те бидува за многу нешта. Талентот за пишување и креативниот уметнички дух те обзеле и ти како да уживаш во тоа. Феноменално во врска со тебе ми е тоа што никогаш немаш недостиг на инспирација и тоа најверојатно во некоја поразвиена земја би ти овозможило да станеш една многу богата писателка или поетеса, категорија што во нашата земја е непостоечка за жал. Не сум сигурна дали си навистина идеалист или таквите чувства ги негуваш за да не го изгубиш поетското во тебе кое толку те исполнува. Ти си свесна дека еден ден концептот на мечтаење ќе прекине и ќе започне момент кога ке треба да размислуваш за вистинска кариера и сериозни животни планови. Но, тоа не те плаши, затоа што имаш самодоверба и нема да го пропуштиш моментот кога треба да станеш онаа реална и приземна жена кариерист. Сигурно ни тогаш нема да ти згасне желбата за уметност оти таа е многу голема и изразена кај тебе, и најверојатно покрај успешната кариера како еве ќе згрешам душа - политичарка (пример за сурово реална професија) ке те гледаме во некоја емисија како ја читаш твојата прекрасно контроверзна поезија и ја сепнуваш ретро водителката, а ние и покрај неколкуте брчки на лицето ке те препознаеме од некоја собиранка.:) За тебе има уште многу да се пишува, некогаш се пронаоѓам во твоите постови, некогаш ми се преуметнички за мој вкус.:) Во секој случај секогаш е интересно да се прочита твој пост.
:helou:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Јас сакам од некој, што мисли дека ме знае, не обврзувам никој.:pipi:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
... и да ја подсетам Форчн дека си има неисполнет долг, ако не го исполни до дадениот рок, и праќам рекетари :) :smir:
Без гајле, не мораше да ме потсетуваш:)
Си помнам јас:wink1:

Малку ме немаше на форумов, а денес едвај до пола стигнав да разгледам што сум пропуштила. Малку само да се растеретам и продолжувам, а застанав до Razorblade kiss.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom