- Член од
- 22 јули 2011
- Мислења
- 1.028
- Поени од реакции
- 1.147
Целосно си во право. Што мора се што е важно да гураат на МРТ 1. Не е тешко да завртат на МРТ 3, нели е и задолжителен кај сите оператори?
Секако МРТ 1 има доста програма за која треба да поработаат на нејзино подобрување.
МРТ 3 да си остане само за спорт и спортски магазин емисии, документарци. Единствено за олимпијада да си биде резервиран и МРТ 1 па да си одат два различни преноси.
МРТ 3 редно е веќе да го средат да има избор аудио и македонски и албански. Гкедам на MaxTV дека има таква опција ама кога и да пробам албански кога имало фудбал нема коментатор.
Исто доколку би направиле филмско сериски канал што не верувам да им текне на тоа би требало да има избор превод или македонски или албански па така ќе нема потреба некој работи да ги емитуваат на два тв канали.
За болдираното. За последната олимпијада од Париз, МРТ имаа ограничен број на преноси и тв сигнали откупено, така напиша и нивниот новинар во фејсбук групата Спорт на МРТ, и дека немале откупено тв права за повеќе тв сигнали и преноси од Париз и затоа биле принудени често истиот пренос да оди на МРТ 1 и МРТ 3.
За следната олимпијада треба да се потрудат повеќе тв сигнали и преноси да откупат, за да може различни преноси во ист момент да одат на МРТ 1 и МРТ 3.
Но реално следната олимпијада во Лос Анџелес нема да биде баш во соодветна временска зона за нас од Европа, и прашање е дали од МРТ ќе откупат повеќе тв сигнали и преноси, пола од олимписката програма ќе биде во термини после 22:00 за нас од Европа.
Ние сме 9 часови пред Лос Анџелес, кога во 10:00 претпладне ќе почнуваат во Лос Анџелес одредени спортски дисциплини, кај нас ќе биде 19:00.
Еве на последната олимпијада во Париз имаше натпревари од екипните спортови како што се одбојка, ракомет, кошарка во 09:00 наутро, се сомневам дека во Лос Анџелес тие спортови ќе почнуваат во 09:00 наутро по локално време, во 10 или 11 по локално време таму ќе почнуваат со првите натпревари. Сепак е Лос Анџелес со потопла клима и температури од Париз, и тамошното население има поинакви навики за живот од Парижаните.
А знае ли некој, тие каналите МРТ 3, МРТ 4, МРТ 5 и Собранискиот канал дали се достапни за фаќање на тв сигналот и со обични антени?