А утринската на РТС беше единствената кај нив која скоро и да немаше политика (каква што е нашата или пак онаа на ХРТ). Сакаат и они дел од колачот па им се придружуваат во друштвото иако нивната утринска е втора по гледаност, веднаш зад Пинк.
Имаше политика само не беше толку застапена. Гостувања имаше од луѓе во политика и тоа во тие раните утрински часови, и во блоковите на вести после си тераа со други рубрики. Дома кај мене се гледа многу РТС.
Сегашнава колку што видов ја направиле доста како за информативен тв канал, секој час блок вести, доста помалку беше застапеност на забавен дел освен 4-5 гостувања на танчери, музичари, пеачи. Е сега повеќе е динамична разиграна од повеќе делови на студиото, посветли бои, подобро осветлување, графички поубаво..
За повеќе забава имаат во 13:30 забавна емисија која многу повеќе дава простор на естрадни луѓе, на уметност, спортисти, на музика и друго без политика.
Додека на МРТ колку и да сакале технички подобрување сепак водителскиот пар и новинарите од терен ни се катастрофа, на моменти досадно станува.