Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
анализава ми беше побарана, и ми беше ветено дека нема да ме пцујат ако утнам нешто...а ќе утнам :)
Прв збор што ми паѓа на ум е - шармер, и тоа голем.
Се изненадив коа пред малку одкрив дека позади тебе се кријат само 19 години, по постовите ми делуваш на многу постар и поизграден како личност одколку на дете од 19 години. Она што ми се свиѓа кај тебе е дека животот не те мазел од секогаш, си бил повредуван ама за разлика од многу луѓе кои имаат тенденција да се самосожалуваат ти си се научил да глеаш на the bride side of life, и не си дозволил да те прегази тоа, туку напротив си извадил лекција од тоа..или можеби не?:wink:
Друго интересно за тебе е што си неминовно храбар и авантуриста, а тоа на мене и верувам на повеќето девојки мнооогу им се свиѓа. Не се плашиш од предизвици туку напротив им одиш во пресрет и неретко не размислуваш за последиците туку за резултатот. Имаш крута надворешнот, бестрашен си и храбар но позади сето тоа сепак се крие една емотивна, длабока и инелегентна особа коа сака и копнее да биде сакана и може да и пружи многу на една девојка. Ми се допаѓа тоа што не си гад како голем дел од мужите, односно имам впечаток дека не ги гледаш девојките како парче месо или прилика за секс, иако си шармер, ги сакаш жените ,посебно оние згодните и сексипилните ама сепак пред се сакаш да најдеш сродна душа, односно девојка која целосно ќе ти се посвети, ќе те сака и ќе те чува подеднакво како и ти неа..
На друштвено поле си една забавна и откачена особа која што знае да ужива во животот, знаеш да ги цениш малите работи во животот а тоа те прави добра личност покрај која луѓето што се покрај тебе ги прави да се осеќаат сигурно и заштитено...
Имаш вкус за убави работи, добра музика,добри лирики,книги,текстови и слики, како и за други задоволства-секс,одкачување со друштво,пиење и забављање ама тоа не го правиш на плиток начин како многу луѓе туку напротив-уживаш во тоа и го цениш..
толку од мене...очекувам една обработка за возврат :wink:
p.s.твојата идна девојка will be one lucky girl :pipi:

Благодарам,прекрасна е психоанализата. Ветувам дека ќе ти направам една обработка ама не сега, ми треба време за тоа, ама сепак ќе ја добиеш обработката:)

Има вистина во обработката и во никој случај не би пцуел:)

Благодарам:):back:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Можеби кога ќе побарате анализа ќе биде добро да кажете од кој ја барате и не е толку едноставно види интересна тема и барај анализи иако никогаш претходно не си отворил философија и психологија.
Woooow I see a new toy!:pipi:
Сатори жими очи сакам од тебе анализа...частам цигарче:wink: што значи дека анализата ќе трае две цигари:smir:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Серпико,брат,ја ќе пробам тебе да ти направам една.Со малце поинаков пристап,нормално.И со желба дека твојата неспособност за анализи ќе ја преточиш во зборови и ќе ми направиш една и мене:)

Добрите луѓе се ретки.Онака,добри во суштина,трпеливи,кротки и издржливи.Тоа,како нивна внатрешна принтирана особина секогаш им оди контра на животното искуство и лекциите кои суровиот свет упорно ги расфрла како догматски преданија кон кои сите треба да се придржуваат ако сакаат да не страдаат премногу често.Пико тука има проблем.Има акумулирано животно искуство,природна интелегенција и слични крепс,ама тие секогаш ќе му бидат маскирани и нема да ги ефектуира се' додека се грижи за формата на која ја изразува својата лутина,својот гнев и фрустрации.Се' додека пази да не повреди некој друг.

А другите и тоа како знаат да повредуваат.

"reason is a whore", she said
holding back all explanations
she jumped to fly
spiraling upwards and propelled hopefully
muting all of logic
the azure sky turned upside down
the pallid dust on the ground annoyed
seagulls when they sang out loud, indiscriminate
incandescent, your heart then heard
the gleeful melee and chirp within,
allowing reconciliation.

Дали Пико учи од животот?
Најверојатно не.
Зошто?
Бидејќи неговиот скамнес левл сеуште е многу низок и тој сеуште е пријатна особа со која е чест и уживање да разговараш и која знаеш дека никогаш нема да тргне кон твое уништување,а ако има такви намери,тоа го прави премногу благо и шифрирано,што нема ни да забележиш.Пико сака да убие човек со цвет.А 70-тите поминаа и Виетнам ги победи американците,и фудбалерите веќе не носат долги,виткани коси со бакембарди до колена.Пико мора да се прилагоди.Оваа фаза во животот нема до тој степен да ја изрази потребата од имање на лопата во џеб за секој случај дане налета потенцијален леш,ама понатаму тоа ќе биде итекако потребно.

А сега...тривија:vozbud:

Пико е админ.Врски,најверојатно.Пие текили со газдата,кажува вицови,екстерно е многу интересно батче.Не дека не заслужил да биде админ.Скраја скраја.Има уникатен стил,секогаш делува пијано во постовите,право младо влакнесто боемче е.:)Сака да дава совети кои секогаш се искрени и од срце,и кои по мое скромно дементивно мислење,се најкорисни од сите на форумов.Или не.Генерално да,ама некако сомнителна ми е практичната употреба на неговите совети бидејќи самиот е многу контрадикторен.Пико не е хиперактивен.Пико не е ниту промислен бидејќи глуми хиперактивност.Пико не е ни калкулативен.Јас мислам дека му е тешко да се пронајде себеси и сега за сега е среќен со улогата која ја игра бидејќи му успева.

Да се разбереме,не е хипокрит:)

Го мразам зборот Лилипутанец.Глуп збор е.Емоционален Лилипутанец исто така смрди.Е јебига.Ќе се префрлам на аватарот.

Наапан тип кој сака да влезе во собата да си ги убие жената и детето.Контрадикција од прва.Филмот самиот Стивен Кинг го смета за неемоционално парче лајна кое до израз ја донесува стерилноста на Кјубрик и неговата студеност и неможност да ги поимува емоциите и да ги пренесе на екран.Тоа е вистина и се кладам дека Пико е повеќе од свесен за ова.Значи фацата изгледа глупо,како да му се јаде или сере,а има некој во кујната/WC-то,кое,патем е заклучено додека другите јадат/се бричат а овој завива од глад/желба за царска серка.Сепак,Пико студира Мртва Природа,па јасно е дека полека тупавеат антрополошките дразби кои и онака малку ги имал...ај гес.

Неможам да те сумирам,бате,и да кажам "Пико е ова".Не сакам да те навредам ради респект и да речам дека Пико е толку навидум совршен и на добар пат да го достигне Ништото.Оти светот се врти,нели?А Бруно гори прекрасно.
 
С

Сатори

Гостин
*

Ај некој да ме искритикува мене ако е расположен ако не здравје :) би можело анализа од лејди сатори мислам досега немам добиено :pipi:
За Фликс всушност и нема многу што да се каже затоа што потполно навлегуваш во една категорија на луѓе.
Покажуваш некој вид на пасија кон сопствената и туѓата убавина, верувам дека токму тоа и причината поради која си започнал да се бавиш со фотографија, за да ја заробиш убавината, да и се восхитуваш секогаш кога ќе можеш.
Комуникативен дечко, дружељубив, сакаш големи друштва и пред се друштва каде ќе те ценат и ќе ти се восхитуваат, скоро да бараш некој да ти се поколнува.
Што да бидеме искрени ја истакнува твојата нарцизоидност и егоцентричност, која ако добро ја акомулираш, ќе ти донесе многу поени претворена во самодоверба.
Потоа се занимаваш само со тоа што тебе ти се допаѓа, се губиш во уметноста, пропаѓаш во неа, одново и одново ...
Но премногу потпаѓаш под моменталните трендови и влијанија, само мала доза на идентитет и ќе го постигнеш совршенството по кое секој уметник трага.
А ти така се декларираш, не? :smir:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Tnx na analizata,super e, do negde si vo pravo ama ne sum bas naj naj umetnik, iako mozebi na forum davam takva slika . :smir:
 
С

Сатори

Гостин
*

Сатори жими очи сакам од тебе анализа...частам цигарче:wink: што значи дека анализата ќе трае две цигари:smir:
Не ме купуваш ти мене со цигар ... повели:

Точкест е од оние луѓе кои се воодушевуваат на прв поглед, кои се полни со харизма и се широко отворени кон јавноста.Кога сум среќен, кога сум тажен, сите нека знаат, дури и кога се обидуваш да скриеш, ќе те познаат.
Како и секој тинејџер/адолесцент си го фураш својот сопствен филм и баш баш не те интересира што другите имаат да кажат, освен секако ако тој што зборува не е некој со авторитет кај тебе.Но тоа не значи дека не веруваш во луѓето, напротив, ти си од идеалистите кои веруваат во животот, се будиш секое утро надевајќи се дека се ќе биде еден ден подобро, сонцето повторно ќе зајде на запад, само малку покасно.
Енергијата ја расфрлаш на сите страни, а и не ти е грижа бидејќи многу ја имаш, детенце кое сака нови играчки, маж кој сака да го зачува тоа што го има.
Си имаш некоја своја пасија за да им одиш во пресрет на луѓето, тоа не знам дали зошто си заљубен или секогаш е така.
Знаеш на моменти да бидеш и потполно слободен, да експериментираш, дали во животот, дали со фотографијата, правилото дека се учи преку искуство.
Добар си ти, океј си, можеби на моменти премногу розово ги гледаш работите и си убеден дека светот не може да те победи, но во мојот речник тоа е убава работа.


Ај дид ју, не се лути веќе.:smir:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Со анализа.
Верувај ја барам само од луѓе кои мислам дека можат да завршат добра работа.:smir:
Eeе,Сатори своевремено ми направи едно лајно од анализа од пуста лутина оти у мојата анализа ја ставив во затвор:pos2: Смеам да барам препрафка?Може пак да биде лајно,нема проблем.Само нека биде подолго.И помрсно.И нека има душа.:kesa:
 
С

Сатори

Гостин
*

Eeе,Сатори своевремено ми направи едно лајно од анализа од пуста лутина оти у мојата анализа ја ставив во затвор:pos2: Смеам да барам препрафка?Може пак да биде лајно,нема проблем.Само нека биде подолго.И помрсно.И нека има душа.:kesa:
Не те анализирам тебе веќе, не само во затвор, туку завршив и како осамена старица со 300 мачки. :(

Не треба ни да ти зборувам тебе ... се зезам, ќе те анализирам, само не вечерва, ту тајрт :turn: + навистина ќе добијам никотинско труење.

И тебе Делукс, утре.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Туф, ми дојде желба за анализи, редно е да почнам.
Еве сега вака...
Прво правам анализа за тие кои направиле анализа за мене, а јас од разни причини до сега не сум им вратила. Фер е со ред да ги анализирам.

Е сега. Откако ќе ги направам овие анализи, почнувам со оние кои побарале и оние кои никогаш не побарале од мене. Тие се: ada, mary_jane, walker girl, Delux, leandra, Фантом_ох, Martin$, mRnO, Serpico. Во вторите спаѓаат Викторгг, Скулгрл и кики.

Ај за оние кои ме анализирале најдов чаре по кој редослед, ама за вториве ич не знаев како да почнам. Затоа, членовите спомнати во вториов параграф ќе бидат анализирани по оној редослед по кој ќе ме анализираат мене. Пример. Ако прва ми напише leandra, таа прва и ќе добие од мене. Ако втор е Martin$, втората анализа ќе биде за него. Да си помогнам (а и вие да ми помогнете) некако за да знам од каде да почнам. Ајде, фаќајте се за работа, да не губиме време. И не мислете дека вашата анализа ќе влијае на таа која ќе ја направам за вас:icon_lol:

Го затворам кругот. Никој друг нема да добие анализа додека не завршам со овие членови.

Ќе заборавев... Crazy in Love, ми должиш анализа:wink1:


Прва ми е Лејди Сатори:zlo: :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom