Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ќе сака некој да ме изанализира?:pipi:
 
R

reactive89

Гостин
п.с. Ноќта на вештерките помина. Вампирите сеуште се тука :) Стај шал на вратчето, или носи крст околу врат. Ама обавезно при рака имај и малку лук.

Добра ти ноќ.


Ајдееееее, забегавме малку но во ред е :)

п.с. везе немав оти е ноќ на вештерките :pos:

Но, нема везе тоа, туку неможам да се начудам на последново со крстот и лукот, што ти е форава со ова???? зарем има некоја синонима или заштитничко дејство нешто, хаахахаха

чисто не верувам, но ете сакам објаснување..... утре доаѓам да проверам што пиша, оти сеа глаа ми паѓа врз тастатура!!! :nesvest:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Мици а.к.а. Дотичната.... Ај ќе се обидам да ја направам најкратката анализа на свет за тебе, не со некаква деградирачка тенденција, ами онака со одбрани реченици.

*После тебе потоп. - Потоп од солзи, крв и гној/ радост, меланхолија, недостигање - зависно од моментално расположение. Значи, ПОСЛЕ тебе. И значи, има ПОТОП. Тоа е битно.

*Every poet needs an unrequited love. - "макар никад да не сме заедно, ќе си напишам најубава песна за тебе во која ќе те опеам и опцујам, ќе се тестирам себеси и нас. Можеби нема да направам ништо повеќе од истурање врз парче хартија или физичка меморија на компјутер...ама така сакам!"

*Love's bitch. - точно така. И да... љубовта е кучка. Лажлива кучка. Ретко е поинаква и обично тоа е во моментите кога веќе сме се наоштриле за пресметка со неа. Кој ја ебе... Си го бараше, ќе си го најде! А шо да се замарам устари...

*На дожд не љуби чадор, макар и да е кисел. На сонце носи очила, макар и да е делумно облачно. - не коментирам ништо повеќе од ова.

Oмилен ден: врнежлив, како овој. Буди инспирација, пере улици.
Омилен филм: веројатно некоја комедија со Лесли Нилсен.

Омилена изрека: "You can't handle the truth." (како Џек Николсон во A Few Good Men) /whispers:Maybe i cannot too....Doh! Impossible :)

Животот е комедија за оние кои размислуваат, трагедија за оние кои чувствуваат. Конечно, fuck the truth. Style is more important. :vozbud:

Ех...јас морам да прокоментирам, за да дознаеш некои вистински детали за мене, па да ти биде мојата личност појасна:smir:
Прво, не пишувам песни, барем до сега можеше да забележиш дека повеќе сум по прозата и... пишувам, така да сето тоа околу „љубовта е кучка„ енд стаф, не е баш точно, затоа што мене љубовта ми цвета веќе подолго време. Само што сакам да пишувам депресивни работи, тоа нема врска со мојот реален живот и по тоа не можеш да анализираш некој затоа што пишувањето, сепак, е нешто измислено, фантазија анд соу он. Поосле, не љубам чадор само летно време ако заврне, по ладново не ни искачам на дожд, а наочари никогаш не носам, поточно и немам наочари за сонце, само за гледање, али тоа е веќе потреба, а не мода. Омилен ден средно ладен и СУВ, убав за шетање, а омилени филмови „Кил Бил„ и „Џиа„. Изрека посебна немам, али често се држам до тоа „Зошто едноставно, кога се може да се искомплицира.„ иии животот е таман за тие што размислуваат колку што треба и чувствуваат колку што треба. Енивеј, фала на анализата, очекував барем малку поблиску до мене да бидеш, али ваљда ти се спиело:smir:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
ај ве молам една анализа,и вчера барав ама никој не ме рецна:(сакам од дотичната,или реактив89 или квендолин..ма од било кој,одамна не ми праеле анализа..
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Please I'm begging you on my knee's.

Please give (it) to me analy-за.
Anyone?





*сарказам, инспириран од мулти-страничното молење/плачење за анализа.
 
С

Сатори

Гостин
*

ок без навреда Сатори не мислев ништо лошо:smir:
Знам дека не мислеше ништо лошо, не се ни навредив, едноставно јас сум Сатори.:helou:
Инаку анализата, земи во предвид на старт дека можеби 90% од тоа што ќе го кажам ќе биде потполно погрешно, но бар ќе се обидам.:smir:


Според аватарот можам само да заклучам дека ги сакаш боречките вештини, силата и енергијата која произлегува од нив, што ме наведува на мислењето дека имаш потреба од рамнотежа и афирмација во животот.
Постојана потрага по достигнувња, како и некоја рамнотежа и правилност, се да биде јасно отцртано а сепак да се прелива на вистинскиот начин.
Претпоставувам дека ти си од оној тип на луѓе кои сакаат да си го подредуваат животот, да не ги мешаат областите, што е работа е работа, што е интима е интима.Се да биде добро скоцкано во главата, емоциите да имаат цел и да се што ќе научиш сакаш да знаеш да го примениш, веројатно и не сакаш да губиш многу време.
Се разбира потполно е индивидуално која е дефиницијата за губење време, според тебе само силата на духот, како и на телото би требало да бидат битни и достигнувањето на истите.
На животот гледаш само од твојата преспектива, ретко кога би дозволил некој друг да биде во право, затоа што секако ти се стремиш кон некоја своја повисока цел.
Стандардните релации функционираат за тебе, се што е веќе пробано, може повторно да се проба, не изгледаш како тип кој би се замарал многу, понекогаш и сакаш да постигнеш повеќе, но додека да се решиш треба време, а во меѓувреме и нешто друго ќе излезе.
Типичнста знае да те задоволи во моментите на регуларниот живот, иако кога малку ќе избегаш од шемата, бар ти е пријатно што се случило нешто свежо.

Го допушив цигарот ... толку од анализата.:)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Шо сум ви згрешил бе до толку :( ноубади вантз ту ду ми
 
С

Сатори

Гостин
*

Можеби кога ќе побарате анализа ќе биде добро да кажете од кој ја барате и не е толку едноставно види интересна тема и барај анализи иако никогаш претходно не си отворил философија и психологија.
Woooow I see a new toy!:pipi:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Михаил ака реактив

Не знам од каде би почнала со анализирање на тебе...Ама ајде да пробам...
Уште од мигот кога го започнавме нашиот прв муабет беше максимално отворен и искрен,беше 100% ТИ и не те загрижуваше фактот што воопшто не ме познаваш.Супер е што си толку отворен и комуникативен,но внимавај...не сите ќе ти возвратат на ист начин(со искреност и добрина),не кажувај на секој што чувствуваш,која е твојата Ахилова пета,твоите идеи зашто само така ќе останеш неповреден.
Те краси и емпатијата,сочувствуваш со луѓето и задоволство ти е да им помогнеш да најдат излез од проблемите,било тоа близок пријател или само познајник.
Ја сакаш љубовта,сакаш кога е присутна во твојот живот и постојано ја бркаш и ризикуваш премногу работи и животот би си го ставил на коцка за да имаш личност која ќе биде со тебе,на која ќе и ја подариш сета твоја љубот,доверба и разбирање...авантурист си и не се плашиш да експериментираш со својата судбина и да ја отпуштиш од твоите раце и да му ја препуштиш на “Семоќниот“.
Мана ти е тоа што си брзоплет и не размислуваш на последиците,туку паметот ти е насочен само кон целта и не обрнуваш внимание на фактот дека секоја ружа има трње и дека патот до посакуваното не секогаш е едноставен и можеш од твоето “совршенство“ да не добиеш ни “с“ и дека тркалото се врти и во еден миг може среќата да ти ја претвори во огромна тага,а и самиот знаеш дека болката е многу поголема кога животот од 7мо небо ќе те тресне од земја најсилно што може,отколку кога си спремен на фактот дека не е се` така розево.
СЕ` на се`,пријател како тебе многумина посакуваат,многу девојки мечтаат за да имаат некој толку внимателен и посветен дечко,само внимавај,мисли на тоа “што ќе биде утре“ кога се одлучуваш по кој пат ќе тргнеш.

:smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Можеби доцнам со анализава ама сепак...

ada е девојка со многу доблести. Секогаш расположена, насмеана и спремна за секаков муабет. Не може а не ја забележиш нејзината популарност и единственост каде и да се појави.
Заедно со таа нејзина појава се забележува голема доза на амбициозност. Тоа е нешто што не може да го скрие колку и да се труди. Расположена за муабет, секогаш подготвена да даде неверојатно запрепастувачки одговор на било која тема. Енциклопедија која чекори и секогаш го кажува она треба. Пред да се освестиш од информациите кои таа ги пренела, таа започнува нова тема повторно во нејзин стил со поткрепени и издржани факти. Токму поради нејзината амбициозност таа е лидер во сите дискусии и друштва.

Отворениот и искрен пристап кон сите ја прават навистина добар и верен пријател. Сепак потребно е да ги поседуваш овие доблести за да бидеш пријател со ada. Весела и енергична, секогаш расположена за добра забава. Чудна комбинација на уметник кој во истовреме е вљубеник во филозофијата и психологијата. Секогаш средена, личност за која важи правилото дека помалку е повеќе.:)

Без разлика на ситуацијата таа секогаш ја носи со себе онаа своја главна особина или карактеристика - достоинството. Можеби понекогаш е малку снобовски расположена но нели "секој според заслуженото".
Сепак ada е девојка која сите ја сакаат во своја близина:back:
Фала ти мила за убавата анализа:back:Дури и ме замисли за некои аспекти од мене, кои не ги доживував така претходно. Уште еднаш благодарам!:smir:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ај дур чекам од Серпико анализа, нека ме анализира било кој. :)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
mary jane

После одлагање од нешо као 2-3 месеца, конечно ти ја пишувам анализава. Извини ми за големото каснење:icon_redf, али боље икад него никад, нели...:icon_razz
Ти си мила пример за девојка who has it all. Физички итекако привлечна, а сепак со бистар разум, смисол за хумор и карактерна цврстина која не е вообичаена за припадничките на женскиот пол. Интересно и за восхит ми е тоа што и покрај фактот дека веројатно си опкружена со луѓе кои ти се восхитуваат, ја немаш дигнато главата во облаци, туку си итекако приземјена и реална. Не знам зошто, но читајќи ги твоите постови некако ми се наметнуваат стиховите:
And then she’d say it’s ok I got lost on the way
But I’m a supergirl and supergirls don’t cry
And she’d say it’s allright I got home late last night
But I’m a supergirl and supergirls just fly
And then she’d say that nothing can go wrong
When you’re in love what can go wrong
And then she’d laugh the night time into the day
Pushing her fears further along кои ми налкикуват на тебе.
Имаш осет за естетско и за креција па јас, како некој што стдудира ликовна уметност, верувам дека си изразито сензибилна и со префинето чувство за туѓите и сопствените емоции. Но, тоа не те прави разлигавена плачка, туку баш напротив, имаш некој punk-rock attitude (без неговите пропратни моменти као смешна бунтовност и слично) кој ти дава сила и цврстина. Знаеш да се дадеш целосно на оние кои ти се мили но, не по цена на сопственото достоинство и личносен интегритет. Кога ќе осетиш дека некој те понижува знаеш да повлечеш линија и да речеш доста е (нешто што не го можат баш сите). Единствено сметам дека поради тоа што си силна индивидуа на која и е дадено многу, понекогаш луѓето не ти приоѓаат или пак осеќаат безразложно непријателство. Машките најчесто од стравот дека ќе ги одбиеш, а женските поради чувството на инфериорност и љубомора кое го осеќаат во твоја близина. Тоа и не треба да те загрижува особено, ниту пак треба ти да менуваш кај себе нешто околу тоа, но ќе мора да се навикнеш на сите ситни и поголеми пакости кои веројатно ти ги подготвуваат некои од злобниците кои се во твоја близина.
Имаш здрав и бриток разум и инетелегенција, кои не патат од премногу филозофирање и високопарност, па си секогаш пожелна во разни друштва затоа што знаеш да се прилагодиш и да дискутираш за разни нешта, а да не бидеш напорна. Верувам дека комуницирањето со тебе е прилично лесно и забавно. Во тој поглед си златна средина која е пријатна за другите.
Само немој никогаш да ја ставаш маската на ароганција за да се заштитиш од туѓите повредувања. Таа можеби ќе те заштити од болка, но ќе отргне од тебе и многу потенцијално убави нешта.
:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom