Ма наравно ...
Само да знаеш дека поради твојата анализа која и да сакам не можам да ја скратам бидејќи треба многу да напишам ќе добијам никотинско труење.
Ада е навистина неодолива личност со таков магнетизам што е просто невозможно да не ја забележите, иако мала, што е нејзин голем + во појавата, изгледа како некое мало црвенокосо девојченце кое постојано се смее и се вмешува во разговорот, но кога ќе започне да зборува уште на старт ви станува јасно дека не сте си фатиле работа со мало девојче, туку напротив со некој кој веќе има изградени ставови во врска со животот, некој кој добро го познава тоа што го поседува и знае како да и го пласира на јавноста, знае токму со што може да ве импресионира во моментот и колку далеку треба да оди, што ја открива и нејзината проценувачка способност.
Ада е личност која покрај тоа знае да се убеди сама себе дека е родена за некоја работа, за нешто што и влегло под кожа и нема потреба да ја убедувате дека тоа не е така, зошто колку и да и треба време и знаење за тој домен, таа ќе го стекне, само за да ја постигне саканата цел, небитно е што потоа, дали тоа што го постигнала ќе сака да го задржи или не.
Страшно горда и комуникативна личност што ја прави пожелна во друштво.
На моменти знае да се изгуби во сопствената слика која ја има изградено за себе и само поради тоа што е убедена дека навистина таа е во право, доза на суетност, но сепак добро и стои.
Кај неа не се среќава особината понизност, туку успех кој скоро да се граничи со пасија за кариеризам.
Се чувствува јака, силна, да поднесе се што животот планира да и постави на патот, уверена е дека тоа ќе направи посилна жена, не дека не е така.
Зрачи со великодушен суверенитет, просто да се зачудиш како е тоа возможно кај некој кој комбинира со тоа и елеганција.
Начинот на кој се движи, на кој зборува, на кој пуши цигари, Ада е некој кој можете да седите цел ден и само да го набљудувате.
Но таа е и убедена дека е над матријалните прашања и е убедена е ковач на сама себе, на ситуациите околу неа и потполно способна да ги контролира импулсите.Далеку е од земните мани како ситничавост, скоро да и се одвратни.
Силен карактер, уште посилен темперамент, силна волја и можеби затоа ретко се прилагодува на останатите, бара тие да можат да се прилагодат на неа.
Нејзиниот ментален склоп воодушевува, како и се што потенцирав погоре, но во внатрешноста на Ада седи едно мало девојче кое само сака на моменти да се препушти, да живее, да се лизга низ животот.
Потреба од слобода и независност и без средини ... се или ништо.
Секогаш присутна со својата проекција на работите додека другите маѓепсано или критички слушаат.
Скоро да мисли за себе дека е непобедлива.
Јас на поетски начин би кажала, како што знам дека и друг уметник најдобро би разбрал ... таа танцува и твист и танго со реалноста, магијата на уметноста ја чува за себе и посебните луѓе во животот, сликите не се сликаат толку лесно, но уште потешко ја добиваат потребната публика.
А јас мислев дека си висока и слаба плавуша, со наочари и постојано со шал околу вратот.:nesum:
П.с. Сатори очекува некоја анализа за возврат.:smir: