Здраво на сите..
Некој да каже искуство за |AMBER NORDIC GWH12YD-S6DBA2A| или па некоја друга 3,5-ка до таа сума 60.000макс, ми е за дневен простор околу 37 квадрати (2 страни лепенка помеѓу сендвич зид блок 16 па стиродур 2цм и сипурекс 7.5цм и другите 2 страни зид блок 16 и 10цм стиропор фасада пвц се, ламинат со xps табли под него) која според спецификации ми е примамлива, само што наслушнав била за места кај што се екстремни температури за да се грееш и наводно ако била поставена надворешната единица на северна страна ке палела греачи цело време и ке стигале сметки големи... Јас моментално користам вивакс аери 3.5kw 4години за тој простор (21-23)C - 20 кога нема никој дома, задоволен сум но сакав да намалам од економски аспект со нешто поефикасно и од топлински за истата цена... сметката највисока во последни 2 год што и немало толку јаки зими била 6.500 од кој издвојувам 2.000 за домаќинство. АERI 3,5kw што ми е наместен ми дува преку соба во дневната, по реновирањето на цела куќа не набавив друга за дневна да ја осамосталам дневната, односно да ја затворам собата и без неа собата се некој 35-37 по потреба инаку се 45 квадрати одприлика, со тоа што ако наместам на 24 степени во дневната е пријатно 21-22 а во собата не се дише за да биде и натака топло.