Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Фала ada! Изгледот лаже некогаш нели?:back:Првата асоцијација за тебе ми е дама, и тоа од оние кои се опишани во руските класици. Префинета си, деликатна, никогаш вулгарна или нагла, секогаш внимаваш на своето однесување...баш онака како што ги замислувам добро воспитаните аристократски девојки од минатото.
Естета си, сакаш визуелно привлечни нешта, и никогаш не би си дозволила да бидеш несредена или невкусно облечена во јавност. Тој факт кој го забележав на собиранката у Ск, направи извесен период да имам погрешна слика за тебе, т.е помислив дека си убава фаца, на која најбитно и е да им биде привлечна на другите, а интелектуалната надградба ја остава на страна. Но, доволно беше да прочитам неколку твои постови за да сфатам дека сум во заблуда. Факт е дека си итекако интелегентна и начитана, а моментот со добриот изглед и вниманието кое му го посветуваш е само уште еден плус. Дадено ти е многу, и тоа те прави една од не многуте припаднички на женскиот пол кој го има постигнато балансот помеѓу рациото, интелектот и визуелното, естетското.
Делуваш лесно кршливо и претпазливо на прв поглед. Но тоа е само привид. Во суштина си личност која итекако знае што сака, која не крева лесно раце од нештата и која има прилично стабилен систем на приоритети. Тоа е веројатно затоа што имаш здрава самодоверба, која не би дозволила да толерираш непочитување, понижување и манипулација. Верувам дека никогаш не би западнала во улога на жртва(што е чест случај кај нас женските). Преферираш конкретна акција, пред празно кукање и млатење празна слама за некој проблем.
Склона си кон анализирање на луѓето и ситауциите. Не си дозволуваш да донесеш суд за нештата, пред добро да се запознаеш со истите. Ретко размислуваш на црно-бел начин. Поважни ти се нијансите помеѓу, затоа што знаеш дека во нив обично се крие вистината. И тоа те прави љубител на правдата. Онаа правда која е спремна да ги слушне туѓите приказни и гледишта, а да не носи суд според некои стереотипи и генеразлизации. Поради тоа сметам дека професионално исполнување би искусила во професија која ќе ти овозможи да ги искажеш своите способности за анализирање и емпатија.
Што се однесува до љубовта, имам некое чувство дека ти е потребен партнер кој ќе те третира како принцеза. Не ти е доволно да те смета за убава девојка. Непоходно ти е да го препознаее и да биде комплементарен на твојот адут кој лежи во твојата интелегенција.
Сепак гледам конфликт во твојата желба да бидеш доминантна, а истовремено да имаш партнер кој е истотака доминантен. Не сакаш некој пасивен кој слепо ќе се покорува на твојата воља но, не ја сакаш ни спротивноста на истото. А машки кои имаат здрава слика за себе и кои знаат дека почитувањето на женското не ги прави лигуши се ретки. Евентуално тука гледам извесна пречка да се осетиш исполнета во љубовта.
И за крај, дозволи си од време на време да се "откачиш". Некои нешта не се вкусни и префинети но, се едноставно забавни и се потребни за да осетиме детска безгрижност која го исполнува животот.
:smir:
Фала CuCeNcE...:back:кики не те знам ја добро али сепак ќе пробам.Се надевам дека ќе ти се свиѓа и дека сликата што ја имам за тебе е точна:back:
Те запознав уште пред да се зачлениш на форумов. На прв поглед ми беше фино и расположено девојче кое секогаш е насмеано и не дозволува никој да и го расипе расположението. Добро се сеќавам кога кажа дека тебе не ти се интересни а и дека неможеш да се снајдеш со месинџери, форуми и слично, али еве се покажа спротивното:smir:
Морам да те пофалам дека си доста интересна личност и знаеш да ме фасцинираш со твоите постови и мислења.
На аватар имаш ставено слика од нежна, убава и секси девојка која не и е срам да се покаже пред светот таква како што е со сите нејзини маани и предности, те претставува тебе и твојата голема самодоверба.
Потписот ти е поврзан со љубовта. Ми делуваш на романтична особа која сака да биде сакана, а и да сака.
Цврст карактер си и знаеш што сакаш од тебе и од животот. Не даваш да бидеш повредена.Знаеш кога да ставиш точка, а кога да се бориш за работите...
Имаш свое искуство, кое те прави сигурна и добро размислуваш пред да направиш нешто.
Дружељубива особа си, сакаш да го шириш кругот на пријатели и сакаш да им помагаш.Сакаш да искачаш, да се журкаш да бидеш покрај луѓето што ги сакаш и ти значат.
Малце си тврдоглава и знаеш да се налутиш, но не ми изгледаш на некоја голема љутка така да мислам дека брзо ти поминува лутината. Ако имаш некој проблем веднаш пробуваш да го решиш. Секогаш да ги отвараш картите на маса и сакаш да знаеш на што си. Имаш своја гордост и свое ЈАС и знаеш да го почитуваш тоа.
Се разбираш во модата и си имаш изградена твој стил.
За твоите маани и негативни работи неможам да зборам зашто не ти ги знам...
Па тоа би било отприлика се:smir:
затоа форумов стана тапа, ги банираа најинтересните ликови
јебига, само дечурлаана ко фантом_ох и girlll( не се лутете дечиња, ве прочитав на странава затоа ве спомнав) остана
пошто лично не се знаеме,оваа моја кратка анализа е на основа од она што ти самата си го пишала на форумов:Do tolku nikoj nejke da me analizira? Bilo koj? :S
Еве јас ќе те анализирам. Како да читам Нова Македонија и Вечер, само на англиски.nikoj nejke da me analizira
:ne_zboram
Cucencencence, do me!![]()