Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ја раскинавте ada. Оставете да анализира кого сака:)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
КИКИ

Првата асоцијација за тебе ми е дама, и тоа од оние кои се опишани во руските класици. Префинета си, деликатна, никогаш вулгарна или нагла, секогаш внимаваш на своето однесување...баш онака како што ги замислувам добро воспитаните аристократски девојки од минатото.
Естета си, сакаш визуелно привлечни нешта, и никогаш не би си дозволила да бидеш несредена или невкусно облечена во јавност. Тој факт кој го забележав на собиранката у Ск, направи извесен период да имам погрешна слика за тебе:toe:, т.е помислив дека си убава фаца, на која најбитно и е да им биде привлечна на другите, а интелектуалната надградба ја остава на страна. Но, доволно беше да прочитам неколку твои постови за да сфатам дека сум во заблуда. Факт е дека си итекако интелегентна и начитана, а моментот со добриот изглед и вниманието кое му го посветуваш е само уште еден плус. Дадено ти е многу, и тоа те прави една од не многуте припаднички на женскиот пол кој го има постигнато балансот помеѓу рациото, интелектот и визуелното, естетското.
Делуваш лесно кршливо и претпазливо на прв поглед. Но тоа е само привид. Во суштина си личност која итекако знае што сака, која не крева лесно раце од нештата и која има прилично стабилен систем на приоритети. Тоа е веројатно затоа што имаш здрава самодоверба, која не би дозволила да толерираш непочитување, понижување и манипулација. Верувам дека никогаш не би западнала во улога на жртва(што е чест случај кај нас женските). Преферираш конкретна акција, пред празно кукање и млатење празна слама за некој проблем.
Склона си кон анализирање на луѓето и ситауциите. Не си дозволуваш да донесеш суд за нештата, пред добро да се запознаеш со истите. Ретко размислуваш на црно-бел начин. Поважни ти се нијансите помеѓу, затоа што знаеш дека во нив обично се крие вистината. И тоа те прави љубител на правдата. Онаа правда која е спремна да ги слушне туѓите приказни и гледишта, а да не носи суд според некои стереотипи и генеразлизации. Поради тоа сметам дека професионално исполнување би искусила во професија која ќе ти овозможи да ги искажеш своите способности за анализирање и емпатија.
Што се однесува до љубовта, имам некое чувство дека ти е потребен партнер кој ќе те третира како принцеза. Не ти е доволно да те смета за убава девојка. Непоходно ти е да го препознаее и да биде комплементарен на твојот адут кој лежи во твојата интелегенција.
Сепак гледам конфликт во твојата желба да бидеш доминантна, а истовремено да имаш партнер кој е истотака доминантен. Не сакаш некој пасивен кој слепо ќе се покорува на твојата воља но, не ја сакаш ни спротивноста на истото. А машки кои имаат здрава слика за себе и кои знаат дека почитувањето на женското не ги прави лигуши се ретки. Евентуално тука гледам извесна пречка да се осетиш исполнета во љубовта.
И за крај, дозволи си од време на време да се "откачиш". Некои нешта не се вкусни и префинети но, се едноставно забавни и се потребни за да осетиме детска безгрижност која го исполнува животот.
:smir:
 
CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
кики не те знам ја добро али сепак ќе пробам.Се надевам дека ќе ти се свиѓа и дека сликата што ја имам за тебе е точна:back:
Те запознав уште пред да се зачлениш на форумов. На прв поглед ми беше фино и расположено девојче кое секогаш е насмеано и не дозволува никој да и го расипе расположението. Добро се сеќавам кога кажа дека тебе не ти се интересни а и дека неможеш да се снајдеш со месинџери, форуми и слично, али еве се покажа спротивното:smir:
Морам да те пофалам дека си доста интересна личност и знаеш да ме фасцинираш со твоите постови и мислења.
На аватар имаш ставено слика од нежна, убава и секси девојка која не и е срам да се покаже пред светот таква како што е со сите нејзини маани и предности, те претставува тебе и твојата голема самодоверба.
Потписот ти е поврзан со љубовта. Ми делуваш на романтична особа која сака да биде сакана, а и да сака.
Цврст карактер си и знаеш што сакаш од тебе и од животот. Не даваш да бидеш повредена.Знаеш кога да ставиш точка, а кога да се бориш за работите...
Имаш свое искуство, кое те прави сигурна и добро размислуваш пред да направиш нешто.
Дружељубива особа си, сакаш да го шириш кругот на пријатели и сакаш да им помагаш.Сакаш да искачаш, да се журкаш да бидеш покрај луѓето што ги сакаш и ти значат.
Малце си тврдоглава и знаеш да се налутиш, но не ми изгледаш на некоја голема љутка така да мислам дека брзо ти поминува лутината:). Ако имаш некој проблем веднаш пробуваш да го решиш. Секогаш да ги отвараш картите на маса и сакаш да знаеш на што си. Имаш своја гордост и свое ЈАС и знаеш да го почитуваш тоа.
Се разбираш во модата и си имаш изградена твој стил.
За твоите маани и негативни работи неможам да зборам зашто не ти ги знам...
Па тоа би било отприлика се:smir:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43

Фала ada! Изгледот лаже некогаш нели?:back:

Фала CuCeNcE...:back:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
затоа форумов стана тапа, ги банираа најинтересните ликови
јебига, само дечурлаана ко фантом_ох и girlll( не се лутете дечиња, ве прочитав на странава затоа ве спомнав :) ) остана
Нео Гео, бачко добијаш фри еналајзис фром ми, за да ти дадам пример какви постови треба да праќаш, наместо вакви кукања.

Впрочем, од кукањето ќе почнам кога веќе решив да се впуштам во комплексноста на сложенката Нео-Гео. Кој не знае, овој акроним зад себе ги крие следните поими:

Нов
Ебиветрест
Опозиционер
-
Глупавоста
Е
Обавезна

И вечна, да додадам. Аватарот на кој стои There's No Use Resisting укажува на тоа дека дечкото е типичен модерен македонски револуционер - потенцира дека нема потреба т.е. корист да се противиш и комотно можеш да раскрстиш со тоа зошто служи газето од позади. Донекаде разбирливо донекаде не со оглед на тоа дека момакот е на гурбет во туѓина, каде веројатно полесно му било да се вклопи во глобалната Ај Кју категорија, да ја промени количината на XY хромозоми во телото и да ужива во авангардните испади контра некои норми, а потоа да кука кога испадите ќе се санкционираат.

Друго: ја сакаш црната нутела, омилено животно ти е гугутка, талентиран си за музика колку што е Мет Дејмон за глума и упорно тврдиш дека Арнолд Шварценегер е поубав од Хајди Клум.

Омилен дел од денот - четврток, боја - маслинесто жолта, годишно време - снег, пејач - Род Стјуарт и Џон Илија Апелгрин (иако потајно знаеме дека повеќе го поштуваш Драган Каранфилоски Бојс).

Free analysis sponsored by Milan Radonjich, KuKu Band & Здружение на македонци "Солун Е Наш".

Поздрав.

Едит: Имаш педофилни нагони.... ги убиваш нагоните со посветеност на работата: правење лепак за плочки.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
дај те бре за мене една анализа-не бидете скржави?
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Do tolku nikoj nejke da me analizira? Bilo koj? :S
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
ај серпико и ти пробај на мене!
ехееееееј од кога ми имаш ветено....
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
ја имав анализа од Фликс,ама сакам сеа некоја анализа од женска гледна точка,дали од ада или цуценце сеедно..не пребирам:)фала однапред
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Do tolku nikoj nejke da me analizira? Bilo koj? :S
пошто лично не се знаеме,оваа моја кратка анализа е на основа од она што ти самата си го пишала на форумов:
-Не си човек кој суди според надворешниот изглед.Секогаш се обидуваш да ја откриеш внатрешноста на човекот за да донесеш било каково милсење за него!Веруваш во љубовта,но никогаш не ги кажуваш своите чуства до крај.Она што веќе еднаш ќе се скрши мислиш дека никогаш повеќе не може да се поправи.Но од друга страна си смела кога станува збор љубова.Кога сакаш,сакаш со целото срце,но судиш со разум и душа!
Уживаш во животот,знаеш да се зезаш,но и да бидеш сериозна кога треба!
Пишуваш-што значи дека имаш сила да создаваш свет надвор од реалноста.А со самото тоа си уметник.А голем број уметници ги поседуваат следниве карактерни особености:слабост,зависност,противреченост,наивност како и склоноста кон мазохизам и нарцизам!
Поздрав и се најдобро!:helou:
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Fala.. Pogolemiot del od rabotite se pogodeni.. Se osven: Slabosti, naivnost i sklonost kon mazohizam.
Brm.. Pojse sadizam mozes da kazes.. :D
Fala mnogu :back:
 
John Doe

Not handsome enough to tempt me
Член од
29 мај 2007
Мислења
784
Поени од реакции
7
Aко некој може за мене да напише едно мало анализуренцуленче, слободно :afaf:
 
CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Cucencencence, do me! :pipi:
Тонинтер ај ќе пробам:)
Ехх...што можам да кажам за тебе...
Ти си интересен човек, но малце затворен, знаеш на кого што и како да кажеш, што и до негде е добро не треба на сите да им се отвараш...Сакаш да се дружиш, да запознаваш нови и нови луѓе и колку и да не ги знаеш добро им помагаш ако ти бараат некоја услуга. Највеќе постираш на Кантер и Фудбал што се гледа дека те интересира највише, типично за машко:) Не те знам многу во карактер зошто на мсн не ни праиме некои сериозни муабети али сепак ми изгледаш на чувствителен тип кои има свои мислења и свој став на работите само му е страв да го искаже во јавност, се плашиш што би мислеле другите околу тоа. Не се замарај до толку со тоа, секој човек си има свој различен карактер и свои различни мислења кои не се поклопуваат со другите.Држи се до своето и не дозволувај друг да ти се наметнува со неговите мислења...Цврст карактер си и ако сакаш нешто да постигнеш тоа и го правиш, не се откажуваш колку и да ти е тешко. Опуштен и муабетлив тип си, гледаш да оставиш што е можно подобар впечаток. Те бива со компјутери и јазици,се гледа дека сакаш нешто да постигнеш во животот. Многу си креативен имаш добри замисли и знаеш како да ги реализираш...Не се оптеретуваш и замараш многу со работите зашто знаеш дека ќе дојдат и твоите 5 минути и има време кога ќе уживаш.
Па тоа би било тоа...:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom