Тие стари размислувања создаваат конфликт претежно кај луѓето кои не се желни за да се изборат за таквите размислувања.
И тоа е во ред, бидејќи и онака во денешниот свет од над 8 (ОСУМ) милијарди луѓе, тие на кои бракот им создава конфликт во нивните глави сепак се малцинство.
Во теократските општества кај муслиманите, но и кај Индијците, па дури и кај Кинезите, бракот и понатаму горе-долу опстојува, а со него и семејството. За волја на вистината, според последниот попис во Кина има над 30 (ТРИЕСЕТ) милиони ергени повеќе отколку што има немажени моми, но тоа повеќе говори за демографски проблем, а не за зголемена стапка на разводи.
А само Индијците и Кинезите заедно сочинуваат над ЕДНА ТРЕТИНА од целокупното човештво, а нивниот матичен континент Азија освен што е најголемиот континент на планетата Земја, истовремено е и најнаселениот континент на планетата и дом на над 59% (ПЕДЕСЕТ И ДЕВЕТ ПРОЦЕНТИ) од целото човештво, па можеби треба европејците и северноамериканците да поднаучат по нешто и од нив, наместо да ги слушаат приказните и бајките од Холивуд.
Единствени на кои бракот им делува како застарена работа се европските и американските општества, кои од поодамна го напуштија концептот на поправање на расипаното наместо веднаш да се купува ново.
Токму бидејќи таквите луѓе се малцинство, иднината на човештвото не е во нивни раце, а со тоа и нивните општества се осудени на пропаст, бидејќи ако немаш кој да го наследи општеството, по автоматизам и општеството ќе изумре.
Така да, доколку поборниците на најосновните човекови слободи и права - вклучувајќи ги и правото на самостоен и личен избор и/или неизбор на брачен партнер - сакаат нивните човекови слободи и права да ги надживеат, а не да умрат со нив, ќе треба што поскоро да престанат да сечат во корен се` што не знаат како да го израснат, и да се посветат на решавање на вистинските проблеми во домот, во семејството и во општеството, бидејќи со понатамошното намалување на автохтоното население во Европа и северна Америка само постепено ќе изумираат и општествените норми и темели врз кои опстојуваат европските и американските општества.