Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
26 јануари 2020
Мислења
871
Поени од реакции
1.140
Сте запнала за Кејн, а не гледате дека имаме 2 крила кои сакаат да влезат внатре, и да шутираат, и дека никако, или ептен ретко додаваат. Ќорава асистенција му немаат дадено на Хојлунд година и пол. Како не разбирате дека истото ке беше и со Кејн, дека нема кој пас да му даде од крилата. Гарначо упорно влегува внатре и сака да шутира, истото го прави и Рашфорд. Јунајтед дур не ја среди средината на теренот, џабе е се. Тоа е срцето на еден тим.
И малку повеќе да проигруваат крилата а не глата доле, истата финта и ако пројде арно ако не пак арно.. Знам Гарначо сака да се докажи и слично, ама остави простор и на другите. :)
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.296
Поени од реакции
9.402
ЕТХ е тврдоглав. Мазрауи на 10ка беше чист промашај. Подобро 3-4-1-2 со Мазрауи и Далот како винг бекови, а Ериксен позади Зиркзе и Рашфорд. И чекај ги на контри и гази ги. Идеален противник да им оставиш топка и да ги чекаш на контри. Дури и Рашфорд и Гарначо како напаѓачи можеше да ги игра.

Зиркзе засега е промашување. Далеку е од тоа што ни треба во форот. Де Лихт е машина последниве 2 меча, а Угарте денес искина и се надевам дека така ќе продолжи.
Освен Сити,Реал,Псж,Арсенал, Баерн можда и Барселона против никој друг не смееме да чекаме на контри. Ако дозволиме против мали клубови да играме на контри нека се распушти клубот.
ПС не го сваќај лично чисто имам поинаква визија за клубот.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
871
Поени од реакции
1.140
Јас немам никаква визија, одамна сум отрпант и психички растроен, само можам да халуцинирам дека некогаш ќе бидиме силни и конкурентни. :)
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.389
Поени од реакции
7.642
Сте запнала за Кејн, а не гледате дека имаме 2 крила кои сакаат да влезат внатре, и да шутираат, и дека никако, или ептен ретко додаваат. Ќорава асистенција му немаат дадено на Хојлунд година и пол. Како не разбирате дека истото ке беше и со Кејн, дека нема кој пас да му даде од крилата. Гарначо упорно влегува внатре и сака да шутира, истото го прави и Рашфорд. Јунајтед дур не ја среди средината на теренот, џабе е се. Тоа е срцето на еден тим.
Да се среди средината на теренот? Помал проблем, споредено со мењање на пациентот на клупа. Денес пак се глупираше со 'транзициона' игра и долги пасови. Значи :sick::гомце: Пренос на топка од средина до навалната тројка у минус е влезена. Мизерија. Задржување посед, поготово при водство - 0.

Мазрауи играл 10ка у Ајакс, ама најмногу што може да припари е дефанзивен везњак у поквалитетен тим. Визија нула, пас техника тапа, шут просек у најдобар случај. Комотно можеше Ериксен или Амад на 10ка да ги игра, па дури и Зиркзе, а Хојлунд шпиц.

Сите екипи што ги победивме до сега беа многу лоши у суштина. Перформансот е мид тејбл во најдобар случај.

Не гледам како ќе се средат работите искрено.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
32.533
Поени од реакции
66.073

Никаде не го оправдувам тренерот. Но, разбирам зашто Хојлунд не го почна денес, и зашто Рашфорд излезе порано. Сезонава далеку многу повеќе пазат кога играчи се приближуваат кон црвена зона, па се ротираат/менуваат играчи во тек на натпревар дури и од одбрана.

Но, ајде да ги видиме играчите од средина
  • Ериксен, моментално најдобриот играч од средина што го имаме. Договорот му истекува на лето. Дечкото оправдано нема нозе за 90 минути. Штом тој ке излезе од игра, се се распаѓа
  • Бруно - Комплетен Холивуд играч, секој пас му е обид за асистенција. Моментално во катастрофална форма, 45 удари кон противнички гол без гол, апсолутен рекорд во Европа
  • Маину - Млад, со огромен потенцијал. Со 2.5 недели одмор летоска, исходот е овој. Сеуште со недефинирана најдобра позиција, редовно нема душа по 70-та минута
  • Угарте - Греота да го коментираш, нема ни 3 цели утакмици изиграно
  • Касемиро - На последни нозе, против секој подобар тим му излегуваат сите недостатоци на виделина, уклизува и кога треба, и кога не треба, зашто не сака да влезе во трка со било кој играч на средина на терен
  • Маунт - Тотално не можеш да се ослониш на него, едноставно, не може да остане здрав да изигра 10 утакмица по ред
Така да, кој и да дојде место Тен Хаг, ке мора да купи барем двајца играчи од средина, и ке мора да се топ, топ играчи.

Патем, проблемот се средина датира малтене од пензионирањето на Ферги. Се изнакупија еден куп погрешни играчи, од Шнајдерлин, Швајнштајгер, Фред, Погба итн.
 
Член од
28 октомври 2007
Мислења
780
Поени од реакции
284
во Јунајтед никој не шпринта, сите играат споро, лабаво. Кога сме истрчале контра во последниве години? Играта ни се состој некако топката да дојде до едно од крилата и што биде биде, дали ќе проба да влезе или поретко да нафрли. Јас не се сеќавам преку средината да дојде топка до напаѓачот, да му се створи шанса. Тоа не постои во Јунајтед.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.714
Поени од реакции
22.675
Кај нас нема формација филозофија на игра, да речеме играме на посед или ќе чекаме контри или играме поврзување на средината и десното односно левото крило па крилата да знаат веќе во воиграна акција на тренинг да се знае каде стои играч каде да се додаде. Нашата игра се сведува на индувидуализам па ако пројде пројде ако не не. Појма немам што задачи имаат на тие тренинзите или одат само да се смеат и да си додаваат меѓусебе нит тренираат некоја тактика ниту се разговара како да се понашат на терен.

Кога ќе излезат на терен кој од кој по изгубен не им се игра,се понашаат ноншалантно изиграваат примадони . Вака резултати нема.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
450
Поени од реакции
623
во Јунајтед никој не шпринта, сите играат споро, лабаво. Кога сме истрчале контра во последниве години? Играта ни се состој некако топката да дојде до едно од крилата и што биде биде, дали ќе проба да влезе или поретко да нафрли. Јас не се сеќавам преку средината да дојде топка до напаѓачот, да му се створи шанса. Тоа не постои во Јунајтед.
Грешиш,имало и има,повеќето напади ни се такви проблемот е што реализацијата е у минус. Ја па ќе кажам од кога немам видено крило да издрибла и да нафрли да додаде,да постигне гол. Да не зборам од корнер гол или општо по прекин да погодиме. Ич не сме синхронизирани на ниту еден дел од теренот.
Автоматски споено мислење:

Никаде не го оправдувам тренерот. Но, разбирам зашто Хојлунд не го почна денес, и зашто Рашфорд излезе порано. Сезонава далеку многу повеќе пазат кога играчи се приближуваат кон црвена зона, па се ротираат/менуваат играчи во тек на натпревар дури и од одбрана.

Но, ајде да ги видиме играчите од средина
  • Ериксен, моментално најдобриот играч од средина што го имаме. Договорот му истекува на лето. Дечкото оправдано нема нозе за 90 минути. Штом тој ке излезе од игра, се се распаѓа
  • Бруно - Комплетен Холивуд играч, секој пас му е обид за асистенција. Моментално во катастрофална форма, 45 удари кон противнички гол без гол, апсолутен рекорд во Европа
  • Маину - Млад, со огромен потенцијал. Со 2.5 недели одмор летоска, исходот е овој. Сеуште со недефинирана најдобра позиција, редовно нема душа по 70-та минута
  • Угарте - Греота да го коментираш, нема ни 3 цели утакмици изиграно
  • Касемиро - На последни нозе, против секој подобар тим му излегуваат сите недостатоци на виделина, уклизува и кога треба, и кога не треба, зашто не сака да влезе во трка со било кој играч на средина на терен
  • Маунт - Тотално не можеш да се ослониш на него, едноставно, не може да остане здрав да изигра 10 утакмица по ред
Така да, кој и да дојде место Тен Хаг, ке мора да купи барем двајца играчи од средина, и ке мора да се топ, топ играчи.

Патем, проблемот се средина датира малтене од пензионирањето на Ферги. Се изнакупија еден куп погрешни играчи, од Шнајдерлин, Швајнштајгер, Фред, Погба итн.
Леле, брату ние напаѓачи немаме гол што можат да дадат, за средината ми зборуваш, средината 90посто па и повеќе работата си ја вршат коректно,нешто ќе помине ама од толку шанси гол да неможеш да дадеш неможе да е до Касемиро,кој пак има повеќе визија од сите други.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.348
Сте запнала за Кејн, а не гледате дека имаме 2 крила кои сакаат да влезат внатре, и да шутираат, и дека никако, или ептен ретко додаваат. Ќорава асистенција му немаат дадено на Хојлунд година и пол. Како не разбирате дека истото ке беше и со Кејн, дека нема кој пас да му даде од крилата. Гарначо упорно влегува внатре и сака да шутира, истото го прави и Рашфорд. Јунајтед дур не ја среди средината на теренот, џабе е се. Тоа е срцето на еден тим.
Ова е зборено многу пати а да им ги погледнеш головите на Кејн и Халанд ке видиш дека не им се сите на тацна него се имаат испотено и тоа ептен, да се навратиме и на Бербатов кој знаел од средина да повлече и да истрча до гол, крај на краиштата и позиционирањето е многу битно.
Гарначо ако себичи и губи топки мора да се остави да се развива со тек на време се ке си дојде, детето е огин и несмеее сега да се исече
Автоматски споено мислење:

Освен Сити,Реал,Псж,Арсенал, Баерн можда и Барселона против никој друг не смееме да чекаме на контри. Ако дозволиме против мали клубови да играме на контри нека се распушти клубот.
ПС не го сваќај лично чисто имам поинаква визија за клубот.
Против Мурињо на контри :masa:
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.389
Поени од реакции
7.642
Никаде не го оправдувам тренерот. Но, разбирам зашто Хојлунд не го почна денес, и зашто Рашфорд излезе порано. Сезонава далеку многу повеќе пазат кога играчи се приближуваат кон црвена зона, па се ротираат/менуваат играчи во тек на натпревар дури и од одбрана.

Но, ајде да ги видиме играчите од средина
  • Ериксен, моментално најдобриот играч од средина што го имаме. Договорот му истекува на лето. Дечкото оправдано нема нозе за 90 минути. Штом тој ке излезе од игра, се се распаѓа
  • Бруно - Комплетен Холивуд играч, секој пас му е обид за асистенција. Моментално во катастрофална форма, 45 удари кон противнички гол без гол, апсолутен рекорд во Европа
  • Маину - Млад, со огромен потенцијал. Со 2.5 недели одмор летоска, исходот е овој. Сеуште со недефинирана најдобра позиција, редовно нема душа по 70-та минута
  • Угарте - Греота да го коментираш, нема ни 3 цели утакмици изиграно
  • Касемиро - На последни нозе, против секој подобар тим му излегуваат сите недостатоци на виделина, уклизува и кога треба, и кога не треба, зашто не сака да влезе во трка со било кој играч на средина на терен
  • Маунт - Тотално не можеш да се ослониш на него, едноставно, не може да остане здрав да изигра 10 утакмица по ред
Така да, кој и да дојде место Тен Хаг, ке мора да купи барем двајца играчи од средина, и ке мора да се топ, топ играчи.

Патем, проблемот се средина датира малтене од пензионирањето на Ферги. Се изнакупија еден куп погрешни играчи, од Шнајдерлин, Швајнштајгер, Фред, Погба итн.

Се разминавме во контекстите, зборев повеќе у контекст на утакмицата. Неспорно е дека треба ребилд на средината и конечно сериозно се разгледува тамошната ситуација, како и ситуацијата со левите бекови, наследник на Бруно (тивко го бараат), како и ситуацијата со крилата. Штоперите и десните бекови, па и шпицовите ги скоцкаа да речеме.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.752
Поени од реакции
39.658
Амад треба да одбие нов договор и да си замине како слободен играч штом келчото го става Антони пред него.
Ама многу добро се покажал на тренинг, иако на последните милион натпревари има буквално никаков учинок и е најслаб играч на теренот, битно на тренинг во последно време се покажал многу добро.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.296
Поени од реакции
9.402
Ама многу добро се покажал на тренинг, иако на последните милион натпревари има буквално никаков учинок и е најслаб играч на теренот, битно на тренинг во последно време се покажал многу добро.
Ако не му е јасно до сега каква е ситуацијата со Ентони нека се фрли во најблиската река.
Или се инаети или се прави намерно будала.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.801
Поени од реакции
5.574
давеник за сламка се фаќа... така и цела база навивачи кукаат зашо не влегол Амад, а влегол Антони... чиниш прајм Роналдо не влегол... и двајцата во сериозна и нормална екипа нема шо да бараат ни на клупа...Амад ќе е супер во мидтејбл тимови како Кристал Палас, Фулам, Лестер или некаде низ Франција, па можда и во Шпанија во отепаните екипи како Рајо, Есопањол и слични, а овој другиов ни за таму не е....

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Баце што е боље да го играме Ентони или Амад?
Ентони има можеби дупло повеќе минутажа а далеку помалку придонес за тимот, всушност со Ентони сме далеку послаби.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom