Никаде не го оправдувам тренерот. Но, разбирам зашто Хојлунд не го почна денес, и зашто Рашфорд излезе порано. Сезонава далеку многу повеќе пазат кога играчи се приближуваат кон црвена зона, па се ротираат/менуваат играчи во тек на натпревар дури и од одбрана.
Но, ајде да ги видиме играчите од средина
- Ериксен, моментално најдобриот играч од средина што го имаме. Договорот му истекува на лето. Дечкото оправдано нема нозе за 90 минути. Штом тој ке излезе од игра, се се распаѓа
- Бруно - Комплетен Холивуд играч, секој пас му е обид за асистенција. Моментално во катастрофална форма, 45 удари кон противнички гол без гол, апсолутен рекорд во Европа
- Маину - Млад, со огромен потенцијал. Со 2.5 недели одмор летоска, исходот е овој. Сеуште со недефинирана најдобра позиција, редовно нема душа по 70-та минута
- Угарте - Греота да го коментираш, нема ни 3 цели утакмици изиграно
- Касемиро - На последни нозе, против секој подобар тим му излегуваат сите недостатоци на виделина, уклизува и кога треба, и кога не треба, зашто не сака да влезе во трка со било кој играч на средина на терен
- Маунт - Тотално не можеш да се ослониш на него, едноставно, не може да остане здрав да изигра 10 утакмица по ред
Така да, кој и да дојде место Тен Хаг, ке мора да купи барем двајца играчи од средина, и ке мора да се топ, топ играчи.
Патем, проблемот се средина датира малтене од пензионирањето на Ферги. Се изнакупија еден куп погрешни играчи, од Шнајдерлин, Швајнштајгер, Фред, Погба итн.