Што ти значи делот "као" комунистички земји?
Не биле или Кина не била или што сакаш да укажеш?
Еве што сакам да кажам (малку сме надвор од темева, ама ајде...).
Кога е Кина во прашање, Кинезите и нивното раководство никад не биле комунисти, оти комунизмот како идеологија е неспоив со било кој азијатски ментален склоп. Конкретно, Кинезите по „вера„ се конфучијанци, а тоа не е вероисповест, туку философија која може да се практикува. и која нема ништо заедничко со комунистичката идеологија. Комунизмот во Кина беше увезен од СССР.
Русите пак, по традиција се правоверни и таа вера, слично со Кинезите, е неспоива со идеите од комунизмот. Комунизмот во СССР беше увезен од Швицарска.
Кај Русите, како и кај Кинезите, комунизмот беше спроведуван по насилен пат („на сила правење убавина„), а од тоа насилие се „појавија„ купишта човечки лешеви...
Во реалното секојдневно живеење, луѓето ( и во СССР и Кина) си ги тераа своите животи без комунистичките идеали, кои никогаш не беа постигнати. „Едно„ е она кое властите го наметнуваа како своја вистина, а „друго„ е она кое народите го практикуваат во секојдневието.
Што се однесува до разликите во економските показатели меѓу денешна Русија и Кина, причините ќе ги најдеш (делумно) токму во погоре напишаното. Напросто, Русија и Кина имаат ем различни истории, ем различни менталитети, ем различен пристап кон економијата.