Не е точно дека сите САКААТ да купат, туку МОРААТ да купат во тие 20 квадратни километри, затоа што од 25.713 км2 површина, Македонија функционира само во рамките на 20-30 км2, додека не дај боже нѐ не потрефи некоја елементарна непогода или воен конфликт, па да ги снемаме и тие 20.Проблемот е што тука на темава сите кукаат дека во Скопје цените биле 1,800, 2,000 евра или нагоре, што не е точно. Во Скопје има и станови за 1,300 и 1,400 евра во други населби. Ама тука на темава сите сакаат да купат стан во Тафталиџе или кај Универзална и се бунат зашо не може да го купат за илјада евра квадрат.
Цела Македонија сака да купи стан во 20 квадратни километри веќе урбанизиран реон, и се чудат зашто цените за станови таму биле толку високи. Самата реченица дава одговор да прашањето зошто становите во тој реон се толку скапи.
Германија како што е уредена пример, или било која посериозна западна држава, има повеќе центри (администрација, болници, образовни и други институции). Да биде цела Германија напикана во Минхен (универзитети, болници,корпорации), мислиш ли дека некој би сакал да купи стан или куќа на 650 километри од Минхен? Не, епа истото е и во Македонија, т.е. Скопје. Ти ако живееш во Делчево, Пехчево, Македонски Брод или друго некое рандом место, ако ти се слоши, поверојатно е Господ да те спаси со божја помош отколку да стигнеш навреме до болница во Скопје, затоа што само таа е функционална, или дури ни таа.
Ако сакаш да завршиш факултет, мора да одиш во Скопје на студии, да спиеш во студентски домови без вода, струја, и цела флора и фауна што опстојува во тие градби (мувла, влага, инсекти)...
Да не зборам за останатите работи.
Никој не сака да живее кај Силбо во дебар маало, туку едноставно мора. Немаме јавен превоз, од Карпош до Центар со автобус ми треба 20-25 минути, пешки ми е исто толку што се вика.
И не, не е изговор дека нема луѓе, или дека се нема пари. Има луѓе, ама умираат (или умираат млади) затоа што немаат основни услови за живот, волја за живот.
Нема пари затоа што се краде на големо, без осет.
Во Германија за 20-25 минути ќе бидам со воз во друг град, на 50 километри. Освен времето, да не зборам и за условите / состојбата на едно превозно средство. Значи она што во Германија би било за отпад, кај нас се носи како НОВА 23-ка или 22-ка приватна. Е до толку сме мизерни.