- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.830
- Поени од реакции
- 36.862
Не знам како е во Куманово ама има логика тоа влечење на цените кое помалите го пратат. Впрочем ти да градиш и да гледаш како на сто метра од тебе некој распродава станови за две и пол илјади евра, зошто ти би продавал за рецимо 1,200?Koнкретно во Куманово, се работи за 2 компании кои малтене го диктираат пазарот. Тие секогаш се први со највисоката можна цена штом ке има нова зграда, а по нив, и сите условно речено помали градежни фирми го следат трендот, иако не се ни приближно по квалитет на градба, ама зашто да не направат плус пари. Ако Делукс продава за 1600Е квадрат, тие ке одат со 1450-1500.
Пред 4 недели преговарав за купување на 2 стана, по 1370E за квадрат, во близина на централно градско подрачје, тивка и мирна локација. Пред околу 2 недели, едната од двете компании, Делукс, пушти во продажба нов објект кој е на 300-400 метри од локацијата на овие 2 стана што ги гледавме. Бидејки не успеав да добијам чисти имотни листови за двата стана, се откажав од купување. Другар се јави на истиот лик пред недела дена, и новата цена за истите станови е 1500Е квадрат, зашто Делукс на 400 метри продава по 1600Е. Значи, поскапување од 130Е по квадрат за 3 недели.
Ова е ненормална цена за Куманово. Мојот стан го купив 660Е/м2 на истата улица, во 2020-та.
За Скопје, претпоставувам дека главни компании кои ги влечат цените нагоре се Лимак, Голден Арт и Мега Фешн или како и да се викаат ликовите што градат карши Холидеј Ин. Пишав и тука во темата, бевме со сопругата во Фебруари да гледаме станови во Лимак. 2700-3200E во Лимак, Diamond of Skopje, 2300Е во Golden Art кај Треска, за квадрат.
Моментално, од тоа што слушам/читам, цените во Лимак се над 3500Е за квадрат. Ете овие компании ги зимаат сите помали како репер за цена. Па ако не се продаде, потоа ке намалуваат цени, или ако ти намали, ке ти "компензира" на некој начин со понеквалитетен материјал.
Проблемот е што тука на темава сите кукаат дека во Скопје цените биле 1,800, 2,000 евра или нагоре, што не е точно. Во Скопје има и станови за 1,300 и 1,400 евра во други населби. Ама тука на темава сите сакаат да купат стан во Тафталиџе или кај Универзална и се бунат зашо не може да го купат за илјада евра квадрат.
Цела Македонија сака да купи стан во 20 квадратни километри веќе урбанизиран реон, и се чудат зашто цените за станови таму биле толку високи. Самата реченица дава одговор да прашањето зошто становите во тој реон се толку скапи.
Автоматски споено мислење:
Не знам како си ги замислувате работиве, ко на сите да им течат пари низ уши и така лесно ќе најдат работа што ќе им извади виза и ќе се потегнат со фамилија со деца од школо да идат да живеат во некоја селендра кај што нит знаат некој таму, нит го знаат јазикот.Подобро да се преселиш во рандом село во некоја пофункционална држава, да си чмаеш таму, ама барем ќе има функционално општество, со чист воздух. Лоповлук до бескрај.