Така збореа и за Руиз па го тепаше во реванш. Може Џошуа и подефанзивно, на бекфут да бега или да направи измени нареден пат. Не е толку утепан.
Многу е поразлична оваа ситуација. Руиз беше тотален аутсајдер. Башка Џошуа не се опорави баш ментално од тој пораз односно му требаше доста време и стана доста повнимателен. Прашање е сега во каква состојба ќе биде. Плус не станува помлад.
Но во секој случај, добро е што сака да се бори и понатаму. Претеруваме и ние со пензионирање. Супер би било да боксува уште некоја година, сепак е топ 3 боксер во изминатата декада. Да видиме уште некоја добра борба.
Дефинитивно може да освои пак појас, но време и шанси ќе има се помалку.
Ментално е тешко да се вратиш од вакви работи. Ене го Вајлдер делува како да не му се живее, не па да боксува. Да се средеше ментално после поразите од Фјури, да ги тепаше Паркер и Кинезот и те како сега ќе беше во игра да добие шанса на пример против Дубоа/Џошуа за појас и повторно да стани шампон.
Друга работа, секоја чест на Арапите што направија да се случат некои борби
Знам дека си имаат нивна агенда зошто го прават тоа, впрочем некни на Вембли се интонираше нивната химна, ама ако ништо друго како фанови се изнагледавме интересни борби.
Трета работа, се надевам дека некои работи ќе се убрзаат и ќе видиме уште некоја јака борба затоа што полека оваа генерација на тешкаши е при сам крај.
Гледав една листа од топ10 моментално, од нив повеќето се по 35+ години и нема уште долго да боксуваат.