FROM

Член од
15 јули 2009
Мислења
3.615
Поени од реакции
3.731
Локација
Струмица
''From'' e серија која разоткрива мистерија за град во Америка кој ги заробува сите кои ќе влезат во него. Додека становниците се обидуваат да останат нормални барајќи излез од градот, тие мора да ја преживеат и страшната шума и страшните чудовишта кој излегуваат од неа кога сонцето заоѓа.
За сега има излезено една сезона од 10 епизоди. Потврдено е дека се снима и втора сезона која се очекува да излезе во 2023 година. Главен актер во серијата е Harold Perinneau, т.е Michael од серијата LOST.
Серијата после првите 10 епизоди ветува многу.





asdsq.jpg
 
Последно уредено:
после 3еп ја прекинав, многу драма малку мистерија
 
Треба да се има огромно трпение да се изгледа серијава, зашто дури на крајот од втората сезона се разјаснуваат некои работи. Инаку, препорака за љубители на хорор/драма жанрот, иако на моменти повеќе влече накај драма.
 
Во последно жими оваа серија што е добра, заедно со King of Tulsa.

Све остало е 100 shades of ghey!
 
Серијава е една од најдобрите научнофантастични серии на ужасите што сум ги гледал. Сега брзо излезе третата сезона. Ја има и на македонски на HBO Max. Дали сте ја гледале?

Заплетот:
Изгубени во шумата, градот ги фаќа сите оние што немаат среќа да поминат по неговиот пат — излегува дека е невозможно да се напушти ова место. Дење, несвесните жители се обидуваат да изградат привид на нормален живот и да најдат начин да излезат, а ноќе се спасуваат од морничави чудовишта од шумата што доаѓаат да се наситат од крвта на жителите.

Што мислите дека се чудовиштата? Дали гратчето е експеримент од владата или има нешто натприродно? Според мене момчето во бело е клучот на ова.


Однадвор.png
 
Серијава има некои многу комични моменти, ама генерално добро глумат дечките.

Ја пратам серијава, ама ми е страв дека ќе заврши попут лост и ќе биде тотално разочарување.
 
Серијава има некои многу комични моменти, ама генерално добро глумат дечките.

Ја пратам серијава, ама ми е страв дека ќе заврши попут лост и ќе биде тотално разочарување.
ЛОСТ никогаш не била разочарување.
 
ЛОСТ никогаш не била разочарување.

Точно така, зависи во кое доба од животот ја гледаш, така и ќе ја разбереш. Кога ја гледав пред многу години не ми имаше смисла, сега скроз друго видување на нештата и воошто не ми е разочарување.

После долго време почна 3та сезона. Изгледа доста интересно.

Дали конечно излезе новата сезона? Серијава ептен ја сакам, секоја чест и на приказната и на глумата.
 
Секоја недела излегува по една епизода. На MAX ги ставаат во среда/четврток.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom