Квалификациите не постојат никаде, но затоа се создаваат. Ни во ИТ не постоеја, но ден по ден се произведе квалитетен кадар кој денес заработува високи суми, така е и за другите индустрии, само треба луѓе што ќе сакаат да го истрчаат процесот.
Шо викаш ти?
Не треба ни да знаат, ова е дел од претприемачкиот дел, ова ќе создаде атмосфера за да се создаде таа индустрија. Имам пишувано повеќе пати, во Македонија деца со економски факултет одат за 400 евра плата, и се тепаат со врски за да ги стават во банка на шалтер. Тука имаш цел приватен сектор во делот на финансии од експерти кои го туркаат процесот за да земеш кредити за бизнис/недвижности/оперативни, бизнис планери и бизнис аналитичари, советници за реинвестирање на парите и тн. И таму ќе се создаде истото ако има луѓе кои сакаат да платат за услугите.
Секаде постојат фактори. Даноците што ги имаме таму се пониски од даноците во секоја западна земја. Ризиците поврзани со вработените се покриваат исто така, а вештините се учат – битно е само да имаат желба за работа и почит.
Во моментов таму имам два бизниси, првиот го дигна вториот од аспект на капитал и веќе се осамостојува. 100% од нашите клиенти се странски компании, што значи дека секое внесено евро е придонес за државата, бидејќи тие пари не биле во системот вчера. Се снаоѓаме за кадар, како и за сите други контроли и проблеми. Да, стресно е, апсолутно ја разбирам нефункционалноста на системот и недостатокот на инфраструктура, но само на овој начин можат да се направат промени. Ако сите дигнат раце и се жалат дека е тешко, нема ни надеж за промени.
Немам солуција за „хордерската“ болест на Македончето (т.е имам, но тешко да најдам сомисленици за да го протуркаме законот), како некоја верверица оревите, така овие ги пикаат парите во банките, во мутлите и во цигла, на крај од денот ја ебаа државата и економијата, па ќе кукаат како им се отселуваат децата и тоа ѕидините се распаѓаат пошто-зошто.
Темава е за станови во Скопје и супер е што таму квадратот ви оди нагоре, но имајте во предвид дека ако продолжи темпото на отселување, ве чека она што не стигна во периферијата. Во моја населба во Прилеп, квадратот на куќите е 450-500 евра за м2, становите зависи дали е нов или стар, од старите се наоѓаат и по 650, а новите по 900-950. И тоа што се продава во моментот е најчесто по луѓе кои имаат мали деца а направиле доста пари со земјоделие/бизнис и слично, па сеуште не гледаат дека џабе ги врзуваат парите таму (децата ќе ја киднат како што сме си заминале и ние), или од постара генерација на странци кои уште сонуваат дека ќе се вратат назад (со пензионирање на 70 години низ западните земји, тешко да доживеат да ги видат тие станови и куќи). Како поминува времето, ќе станува се полошо. Во моја улица 40% се спремни да ги продадат уште денес, арно ама никој нема да ги купи. Комшијата ја пушти на оглас и вртеше некои 7 месеци, не најде купец, па ете ги со старата се шират во 200м2, а син му трпи во Германија и се тутка во 30м2 со жената и децата. Е толку брзо се одврзува капиталот во мк, и истово ќе ги следи и овие градови што сега уште изгледаат атрактивни, само треба да помине време за да си ебе матер уште толку стопанкината. Ете прво ве одделија од Албанија на патот за во ЕУ, па сега актуелни проблеми со Бугарија, Грција иако на хартија изгледа средена секогаш може да се реактивира - реалноста е дека и во ЕУ не им треба таа стопанкина, тие што им требаа си ги собраа и без да ја внесат државата во ЕУ, паразити за на буџет имаат повеќе од доволно.