Добар е Наполи, само мене оваа 4-3-3 Конте што ја игра ми е некако као темпирана бомба.
Знаат да имаат и дефанзивно проблеми. Против Парма победија само поради црвен картон и лоша реализација на Парма во прво, Комо им создаваше големи проблеми.
Но, реално, сите имаат некои проблеми, кој прв најдобро ќе се консолидира, тој ќе биде најголем фаворит за титула. Од сите единствено Интер сме го виделе во најдоброто издание со овој тренер и овие фудбалери, доминирале во лигата и тоа претходната, не пред неколку сезони, па затоа мислам дека тие имаат и најголеми шанси да се консолидираат и уште ми се главни фаворити.
Јуве прво мора да покаже дека може да најде решение за досадни затворени екипи. Колку и да е импресивно тоа што уште немаат примено гол, мораш да имаш решение за такви екипи, ако сакаш да освоиш титула.
А овие Комо се најпозитивно изненадување за тоа што го играат, а имаат и интересни таленти за гледање. Имаат освоено о и помалку бодови од заслужено, а првенството го почнаа со многу полош играчки кадар, второлигашки.
Немам гледано многу натпревари до сега, но и Лацио ми остави добар впечаток.