Имам размислувано на оваа тема, понекогаш со извесни супстанци паѓале страва муабети за све и свашта, често и за вонземјани.
Е сега има тука една дилема, прашањето не е дали воопшто постои вонземски живот туку дали некогаш во историјата на планетава некаков вонземски живот ја посетил Земјата.
Според Дрејкова равенка а и не само таа, шансите за живот во галаксијава Млечен пат се огромни. Над 200 милијарди звезди при 110К светлосни години само во нашево катче на вселената.
Сите звезди имаат свои планети кои орбитираат околу нив, па така бројот на планети (не сметајќи ги rogue планетите) би бил околу еден трилион само во Млечниот пат!
Се поставува прашање колку од тие трилион планети се во голдилокс зоната и колку од нив имаат течна вода и атмосфера. Имајќи предвид екстремофилите не можеме да ја отфрлиме ниту можноста дека постои живот кој е сосема различен од традиционално замислениот.
Може некои изванземаљци дишат чисти ЦО2 и серат камења?!
Од тие трилион планети барем 100К би биле на ниво на развој на цивилизација од тип-1, т.е. како нашава.
За меѓузвездано патување би требала цивилизација од тип-2 на Кардашев скалата која знае како да ја употреби енергијата на матичната ѕвезда. Никој не може да претпостави колку такви планети имаме околу нас. Да не зборуваме пак за тип-3, дали воопшто би имало макар една во Млечен пат.
Малку се комични проекти како СЕТИ (референца филмот Контакт) каде имаме праќање на радио сигнали во вселената со надеж дека некои вонземјани би ги упецале со антена, дешифрирале и ни праќаат назад одговор лол. Радио сигналите доволно јаки да одат нагоре имаме околу 100 години а ТВ сигнали околу 80. Тоа значи дека некаков сигнал од 1924 засега стигнал до планети оддалечени 100 светлосни години, значи околу 200-300 егзопланети. На колку од нив има тип-1 цивилизации, колку од нив воопшто употребуваат баш радио сигнали за комуникација и колку од нив воопшто бараат такви сигнали по небото се аргументи кои го доведуваат во прашање нашиот начин за евентуална комуникација со остали светови.
Технолошиот лимит не спречува да комуницираме со остали егзопланети воопшто барем засега ако не и во наредни 200 години. А за другата страна, која би била мотивацијата за да тип-2 цивилизација од некаде воопшто да сака да омуницира со заостанати врсти како нас? Па сеуште не можеме да се договориме околу основни прашања на глобално ниво и наместо за уништување да ги впрегнеме нашите ресурси во поинаков правец, во истражување на внатрешниот и надворешниот универзум.
Животот секако е преголема, неизразиво ретка појава во универзумот. Ние ја имаме таа фантастична среќа да бидеме живи и свесни за тоа. Не е можно Бог да го створил универзумот а да не го посеал со живот насекаде.
Веројатно околу секоја ѕвезда постои планета или сателит на планета кој содржи течна вода.
Во нашиот Сончев систем ги има неколку: Земјата, Европа, Енцеладус и Марс во минатото.
Условите за одржување живот се тука. Ако ги има нив, веројатно тука некаде се и истите за создавање живот, даден доволно голем број на години.
Самите ние сме сведоци за интелегентен живот (освен Ронче и Ванлоче), што значи, дури и да постои некоја пречка или филтер, даден доволно голем број на системи кои веќе имаат живот, веројатно ќе се појави и интелегентен живот.
Даден доволно голем број на време, истиот би се проширил низ цела галаксија (да зборуваме локално).
Но сепак, нема ни трага од интелегентен живот.
Ако беше така, досега ќе вриеше вонземјани, или барем ќе наидевме на некаква трага на интелегентен живот. Но ништо.
Има објаснувања зошто е така, едното е дека тие што се доволно интелегентни се кријаат, но моментално ние постоиме во толку мал временски период, што досега ќе се појавеше доволно моќна цивилизација што би ја освоила цела галаксија.
Има неколку објаснувања, најлогичните од нив се дека постои некој филтер кој не може да биде поминат и е пред нас или ние сме првите интелегентни суштества.