MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.529
Мешаме баби и жаби малце. Убаво напоменав ја 1080i50. Ајде за тебе едно прашање. Која е разликата од 1080i со 1080p? Правиш разлика меѓу progressive и interlaced? 1080i50 значи 50Hz refresh rate, 25 фрејма целосни (да како што велиш ти, ради интерлејсот е 50 за да добиеш прави 25 фрејма инаку ќе гледаш несинхронизирани линии тн артефакти). И зошто користат 1080i50? Затоа што не бара толкав битрејт како прогресивното. Е со полош квалитет од прогресивно али со доволен битрејт се добива задоволителна слика.

ПС: И ако имаш друже дај прашај молим те што беше на каналиве дел ова изминативе недели, па дал се нормални? 3 дена се објаснувам кој крш е сликата а ми велат не е до нив. Гледа ли таму некој контролира ли може ли да направи споредба со тие каде што е океј со тие кои им пријавуваш? Се утепаа од верглање дека квалитетот е тој каков што преземаат од нив. Па дајте ве молам бре. Ќе го среди некој и за некоја недела пак ќе го расипат и расправај се дека е до нив. Крајно ја претераа со телевизијава. Да за други се топ немам замерки ама ова…
Јас убаво те прашав каде го провери битрејтот и каков фрејм оди на каналите? Јас не го бранам Телеком. Крш се каналите да, ама муабетот погоре беше за 50 фрејма.

Ете најди како за пример ZDF Германија кој оди во 720p со 50fps и некој 13-15 mbps па направи споредба. Само пази да не помислиш дека гледаш на 240fps на момент.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.501
Поени од реакции
2.853

Битрејтот имаше мени на макств рисиверите да се провери, не знам кој беше кодот но имаше. За фрејм рејтов се слагам со тебе, да нативно идат у 25 ама 25 фрејма се премалку за гледање спорт, како еве ќе го објасниш smooth движењево во кое гледаш фудбал формула итн итн. Филмови се снимаат во 24 за пример.

Тоа и беше моментот што го пишав, 1080i50. Има огромна разлика progressive и interlaced. Еве за пример слика како уствари и изгледа тој сигнал кој не би бил deinterlace-нат од страна на другиот крај (уредот/рисиверот).
 
Attachments

Член од
31 декември 2017
Мислења
310
Поени од реакции
129

Момци секоја чест на Вашето извонредно познавање на мерењето кое се однесува на квалитетот на тв каналите..
 
Член од
21 јануари 2019
Мислења
169
Поени од реакции
117
Среден е денес проблемот со Арена 1 Премиум после недела дена убедување. После цела еб*на недела а пред тоа господ знае колку недели им беше проблемов. Ете до кај стигна Телеком. Фала богу се надевам се најде некој у техника што знае што треба да направи. Ова што го направил нека го направи и на сите СК и се надевам нема да дојде друг практикант да го испорасипе. Катастрофална услуга.
Автоматски споено мислење:

Каналите им идат 1080i@50. Во видеотека не знам зошто некои на моменти сум начекал ги емитуваат со закочување помал фрејм рејт дефинитивно апла се гледа разликата, валда и таму имаат нешто утепано со сетинзите.
Konecno ja sredija Arena 1 premium i sega e kako sto bese porano. Uste sport klub da gi sredat da go imaat barem istiot kvalitet kako sega arenive i super ke bide, inaku sport klub se so mnogu polos kvalitet od arenive . Aj da se nadevame deka kako sto kaza ti deka izgleda dosol nekoj od tehnika sto si ja znae rabotata i naskoro i sport klub ke gi resi
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.501
Поени од реакции
2.853
Konecno ja sredija Arena 1 premium i sega e kako sto bese porano. Uste sport klub da gi sredat da go imaat barem istiot kvalitet kako sega arenive i super ke bide, inaku sport klub se so mnogu polos kvalitet od arenive . Aj da se nadevame deka kako sto kaza ti deka izgleda dosol nekoj od tehnika sto si ja znae rabotata i naskoro i sport klub ke gi resi
Се надевам и ја. У петокот ги испоспамав али јбг, нема како поинаку, ги замоилив дур има ф1 на ск да седнат да видат што е пошо на тоа посебно ужасно се приметуваше и иритираше. Очигледно сфатија дека е за нигде пошо имаше прекини менуваа нешто валда али ништо не поправија нит таму нит на А1П. Вечерва упалив кратко што можев видов А1П е лудо подобра него што беше до вчера и цели 3+ недели уназад. За СК не знам што направиле, така да очигледно денес седнал некој кој што знае, бидејќи не е дефинитивно до битрејтот само.
 
Член од
28 октомври 2018
Мислења
8
Поени од реакции
0
Dali voopsto ke bidat pusteni kanalite Rts1 Rts2 i Rts3 od strana na telekom ima li nekoj informacija ??
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.529
Dali voopsto ke bidat pusteni kanalite Rts1 Rts2 i Rts3 od strana na telekom ima li nekoj informacija ??
И да ја пуштат таа бљувотина пола ден ќе бидат затемнети, така да не се надевај многу да се изнагледаш
 
Член од
27 јуни 2009
Мислења
256
Поени од реакции
125
Кај Телекабел,сите Српски канали што ги пуштија,нема затемнување,ни на Хрватските.Ова кај Телеком пола ден каналите се затемнети.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.501
Поени од реакции
2.853
Кај Телекабел,сите Српски канали што ги пуштија,нема затемнување,ни на Хрватските.Ова кај Телеком пола ден каналите се затемнети.
За роби не важат закони :cool:
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.610
Поени од реакции
757
Момци секоја чест на Вашето извонредно познавање на мерењето кое се однесува на квалитетот на тв каналите..
ах бе што убаво се беше времето на Тв со катодна цевка па ни фрејмови се познаваше ниту пак боја на дресовите уште кога ќе ги слушнеш дек ги болело очи пријатели намалете доживљај незнамете вие што е снег на Тв
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.558
Поени од реакции
8.016
ах бе што убаво се беше времето на Тв со катодна цевка па ни фрејмови се познаваше ниту пак боја на дресовите уште кога ќе ги слушнеш дек ги болело очи пријатели намалете доживљај незнамете вие што е снег на Тв
Да де времето порано наши родители гледале три програми и тоа е се. Или порано кога ќе ми кажеа мојте дека еден телевизор црно бела слика ќе стаат во маало ќе се соберат да гледаат спорт зошто немало како сега секој дома телевизор . Ние сега фрејмови што ти ја знам нечинело :icon_lol:
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
953
Поени од реакции
628
Да де времето порано наши родители гледале три програми и тоа е се. Или порано кога ќе ми кажеа мојте дека еден телевизор црно бела слика ќе стаат во маало ќе се соберат да гледаат спорт зошто немало како сега секој дома телевизор . Ние сега фрејмови што ти ја знам нечинело :icon_lol:
Ти млади родители имаш. Јас памтам само еден канал кога беше . После ухф конвертор се купуваше за втор канал....

Sent from my SM-A356B using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom