Sto pravite koga nema da vi odgovaraaat na rabota sefovite?Barate premestuvanje ili si odite od rabota zasekogas?

Член од
14 август 2024
Мислења
14
Поени од реакции
14
Luge ne mi se dopaga rabotnava sredina kako da se otkacam od sefovi koi vrsat mobing,vregaat itn?
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.875
Поени од реакции
2.096
Хм, ова е интересна тема, зависи од големина на фирма и отсек. Јас имав ограничено искуство со Македонски фирми затоа што одамна сум заминат странство. Али тука научив многу и една од најдобрите совети што сум ги добил од C-suite executive беше, ова е директ цитат:

Лојалноста кон компанијата пред директниот претпоставен е филозофија која го промовира целокупното здравје, етичките стандарди и долгорочниот успех на организацијата. Таа ги охрабрува вработените да се усогласат со мисијата на компанијата, да дејствуваат со интегритет и да придонесат за позитивна работна култура.

Оваа перспектива често се истакнува во корпоративните тренинг програми, прирачниците за вработени и програмите за развој на лидерството. Се работи за осигурување дека интересите на компанијата се секогаш во преден план при донесувањето на секоја одлука.


Значи ако директниот менаџер што ти е работи против интересите на компанијата, мора да одиш над неговата глава. Вработените се вклучени во тие интереси, и човекот тоа го рече кога тој е VP на отсек и рече дека нашата лојалност е на компанијата не на него. Ова важи за поголеми компании 1,000-5,000 вработени. Немам искуство со мали компании.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.940
Поени од реакции
1.481
Треба да си малоумен за да си ги малтретираш вработените. Тие ти носат пари, треба да се среќни, задоволни и успешни во работата, да си ги обавуваат совесно своите работни обврски.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.774
Поени од реакции
2.914
Luge ne mi se dopaga rabotnava sredina kako da se otkacam od sefovi koi vrsat mobing,vregaat itn?
Зависи. Ако си државно кај ќе те преместат? Немаш многу избор. А приватно лесно е отказ и готово. Зошто да исправаш криви Дрини тешко ќе успееш. Посебно со шеф.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.127
Поени од реакции
30.219
Не вреди стресот. Најди прво работа, договори се кога да почнеш, и напушти.
 
Член од
14 август 2024
Мислења
14
Поени од реакции
14
Зависи. Ако си државно кај ќе те преместат? Немаш многу избор. А приватно лесно е отказ и готово. Зошто да исправаш криви Дрини тешко ќе успееш. Посебно со шеф.
Privatno
Автоматски споено мислење:

Vaka na pocetok mi se pogodi mnogu i posle pocnaa da maltretiraat vidoa deka mozam da rabotam deka se snajdov i pocnuvaat sega da me tormozat...
Автоматски споено мислење:

Не вреди стресот. Најди прво работа, договори се кога да почнеш, и напушти.
Eeee lesno e taka ama treba da se misli za stalno
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.968
Поени од реакции
5.830
Privatno
Автоматски споено мислење:

Vaka na pocetok mi se pogodi mnogu i posle pocnaa da maltretiraat vidoa deka mozam da rabotam deka se snajdov i pocnuvaat sega da me tormozat...
Автоматски споено мислење:


Eeee lesno e taka ama treba da se misli za stalno
Работа кај нас за стално до пензија само во државна институција додека приватно ретки се тие што останале во иста фирма до пензија бидејки над 90% од газдите екслоатираа поради вишокот на работна сила кај нас.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Што и да одлучиш не им давај до знаење дека те нервираат и дека тоа што ти го прават те погодува. Не го жртвувај твоето ментално здравје заради работата, најди си подобра средина.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Зависи од фирмата но секаде шефувањето е пирамидално, така да од шефот има пошеф така да ако првиот те малтретира оди кај тој што е над него и жали се. Ако и тој не те сослуша пробај кај најшефот односно газдата/менаџерот ако е физички присутен во фирмата секодневно.
Тоа е меч со две острици, во основа било кој што е одговорен за некого бара од тој другиот да работи.
Пази да не излези дека тоа што ти го викаш мобинг всушност да е само реално побарување да си ја вршиш работата за која си платен/платена.
Не може да се споредуваш со работите кои ги извршуваат другите па макар да исто работите. Ако те извадат дека не си ги извршуваш работните задачи што тебе ти се зададени не можи да речиш оној помалку работи зошто ова го бараш од мене. Пример ти дадат да сработиш 100 од нешто и ти имаш 90, ти сепак не си ги извршил сите задолженија иако некој друг имал исто 100 а не сработил нит 50 да речеме.
Не може да зе вадиш со „зошто бараш толку од мене, ме малтретираш и слично а види го ониј“.
Во војска на времето имаше едно правило. „изврши па жали се“.
 
Член од
9 април 2020
Мислења
30
Поени од реакции
78
Прво: Најди си друга работа, па дај си отказ.
Второ: Ако си таква личност од едно уво нека ти влегува, од другото нека излегува. Се врти на мајтап и ќе ти биде полесно. Ама ова првото е подобра опција мислам.
 
Член од
7 февруари 2022
Мислења
41
Поени од реакции
108
Najdobra opcija e da si baras nova rabota, i najvazno e na novoto rabotno mesto da NE pravis kako do sega. Raboti i odnesuvaj se poinaku, baraj ja greskata nasekade a ne samo kaj drugite. Ne e kraj na svetot ako covek zgresi nesto, bitno e da ja ispravi svojata greska.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
544
Поени од реакции
1.786
Драга, премери си убаво што добиваш и што губиш. Каква е понудата, колкави се шансите да добиеш нешто исто или подобро во однос на квалитет.

Јас решив да останам, да си ја терам работата и да сфатам дека што и да се случува таму, кога ќе ја куцнам картицата на излез, тој свет за мене е готов и вистинскиот живот се случува вон работното време и ние за тој живот таму се бориме. А и една колешка од Колумбија ме освести, Грл, тука нема емоции, после работа испешачи се, издувај се, после исклучи прекидачот за работа и уживај во придобивките.

Ако не можеш да се изолираш психички, ако е толку тешко, можеш да разгледуваш други места, ама тоа значи и навикнување на нова средина, без гаранцијата дека нема да е исто или бетер. Среќата ги следи храбрите и калкулирачите.

Ја решив да останам оти многу ја сакам институцијата и условите што ги нуди да можам да игнорирам некои пациенти, а ги има. Во последниве скоро колку 2 години, 7 од нив се сменија така што јас се трудам да си улепшам. Интересна работа, скоро секогаш со мене се напнувале раководители од пониско ниво, а со тие погенералните сум имала разбирачка.

Низ местата кај шо сум била директори се мењале почесто од запослени па гледам колку можам да створам конекции што би ми ги олесниле тие 9, 10 часа, а денес дел од нив го имаат поправено баеги односот со мене, едноставно ме запознале, ама ко шо рече @Aceso погоре, никако да покажуваш слабост и дека си повредена, изнервирана. Поарно во моментот културно да го спуштиш и да се насмееш , така ја правам после на пауза им носам кафе ее шо праите и нема да ти влијае.

Мене најголемите глупости ми ги правеа кога се вратив од погреб на татко ми. Замисли, се' мислиш дека ти е на стаклени нозе , се пеплосуваш однатре , а се смееш, со полна пареа трчаш...
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Работа кај нас за стално до пензија само во државна институција додека приватно ретки се тие што останале во иста фирма до пензија бидејки над 90% од газдите екслоатираа поради вишокот на работна сила кај нас.
Ексоплоатација не се случува поради вишок на работна сила туку поради недостаток на конкуренција и лоши услови за водење бизнис.

Али ова е веќе друг муабет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom