Касемиро - подобар од лани, но нема нозе за 90 минути. Цело лето го одмори, изигра припреми и треба е тип топ ама не е. Вчера имаше неколку примери уште дури во 60та минута, каде Брајтон ни прави контра, а братов џогира назад, додека Маину лета назад да покрие. Дополнително, многу излетува, ќе направи клизач на средина на терен (а е последна линија пред одбрана) и дур стане и се врати, дошле Брајтон пред гол а исто и одбраната е во расчекор и некоординирана, бидејки трчаат назад и бранат позиција, бековите класика идат понапред дур се вратат касно е. Не научија уште од лани дека можат да не убијат на транзиција.
Непопуларно мислење со кое што и ја сум поделен, ама Санчо треба да остане. Гарначо не е истиот на лево крило, не е толку добар ко десно + десно сме тенки. Остануваме со Рашфорд за кого не треба зборови, треба да се бенчне одма. Има простор за Санчо да се покаже и пробие, ама типот е страшен на психичко и професионално ниво (у лоша конотација) + има остатоци од проблемите со ЕТХ. Има квалитети и може да се вклопи и да брка работа Санчо. Меѓу него и Антони, секогаш Санчо би го избрал.
ПС: Највеќе големи шанси имаме пропуштено од сите за 2 кола - 6 сигурни шанси утнати.
ППС: Тен Хаг си продолжува со глупостите од лани, слаб ин гејм менаџмент. Го вади Бруно (кој не беше сјаен), го става Мектоминеј, а Касемиро умрен од 60та минута.