Во сите овие години на мизерија, остана една константна, недоволно добар среден ред. Во 10 години Манчестер не успеа да склопи доминантен среден ред кој ќе се носи со противникот. Скоро секогаш битката се губи таму, па потоа одбранбените играчи делуваат како кловнови. Не зборувам за вчера, вториот гол беше заради лоша одбрана, ни многу често одбраната изгледа многу полоша од она што е заради немања квалитетна шестка. Касемиро една сезона одигра квалитетно, но и таа половина не ја играше заради црвени картони и повреди.
Oваа сезона, клубот многу ја засили одбраната. Кога ќе се вратат Шо и Јоро по имиња ќе има една од најдобрите одбрани, и пак ќе прима ефтини голови заради средниот ред и крилата. Бруно, Рашфорд и кој и да игра десно крило едноставно губат премногу топки, а средниот ред не може тоа да го покрие.