Точно така Лајка ме нема украдено туку хакер со украдените информации за мојата картичкасо плаќање кон Лајка, а тоа беше некоја реклама од Фејсбук, иако кај мене од Стопанска Банка за секое плаќање ми побарува ОТП, за оваа крадење ми стаса само известување од банката дека се успешно реализирани трансакции кон ..... И еве кај таткото од сопругата со ставени 0 лимити за интернет плаќања пак го украдоа од Тутунска банка, на крај по поднесен приговор до банката службениците само кренаа раменици и „јеби га“.
Откажи се од Лајка, така ќе спречиш некој да ти цица од картичката и од банката да креваат раце. Имаш во А1 за 300 денари неограничено се (интернетот неограничен е за социјалните мрежи, 10Gb се достапни за да функционира тој интернет и можеш да го користиш како сакаш и имаш супер брз 4G+ интернет со брзини големи ако си во град еве од Струга имаше член поставено брзини околу 300Mbps).
Исто така, можеш да се префрлиш на Телекабел, оти тие се без договор и тие се на мрежата на Телеком, имаш 10GB и неограничени разговори за 500 денари месечно, што е пристојно. Имаш 151GB и 200 минути разговори за 600 денари месечно - најмалиот пакет од 300 денари и дополнување на дополнителни 150GB за 300 денари.
Друга и најсигурна опција, прво припејд на Телеком, па после преку апликација ако има за 500 денари постпејд со интернет и неограничени разговори кон сите мрежи и СМС кон Телеком.