Serie A 2024/25

И Скудетото оди кај... (vol.2)

  • Јувентус

  • Милан

  • Интер

  • Бум Шака Лака

  • Splendora

  • Марадона

  • Фиорентина/Аталанта

  • Остала боранија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.126
Поени од реакции
18.036
По долгото натегање за тоа кој да отвори тема, еве една набрзина.

Интер ја брани титулата, Милан ќе се бори да се израмни со комшиите на 20 за @Марли да може повторно да ги ебава @Џонтра Волта и @Stefan-kobe дека има само еден тим во Милано, а Јувентус без Масимилијано Алегри се што загуби е потребата (но не и желбата :icon_lol:) на дечкото од Чаир, @Scirea, да ја пцуе Валентина секоја втора недела.

@Io Sono Interista ако некој има желба или напише некој вовед (кој и онака никој не го чита), едитирај или јас ќе додадам, не ви ги знам можностите на форумот после 11 години овде.

Ај со среќа.

П.С Има анкета, 7 дена доста се да се одлучите меѓу шареноликиот избор :kafence:

П.П.С: Распоред и други работи
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.837
Поени од реакции
2.705
Нека е со среќа, да се молимо успут и за менталното здравје на Мората. Се развел. Тврда ви душа Миланези.

Мој очекуања.

Интер би бил неприкосновен.
Јуве у топ 4.
Рома само да го нема провинцијалскиот менталитет ко тим од главен град би замрсила конци за топ 4 со останативе.
Наполи - Конте - Лаурентис - Love Story. Или Наполи ќе биде трн у око на сваки тим, или нема да издржи до Јануар.
Милан?

Очекуам преконкурентна сезона испунета со нервоза, среќа и судиски грешке у полза на Интер и Јуве. Хехе

Ко је играо на Лацио паре је бацио и оваја сезона.

НЕКА ГО СИСА САСУОЛО.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.008
Поени од реакции
24.887
Пренапред е овој Интер во поглед на неговата конкуренција.
Лесно освоена сезона, нешто како годинава што поминаа.

Со пар паметни потези имаат шанса да ја доминираат лигава во наредните 5 години.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.501
Поени од реакции
58.884
Види го @Mondonico:

24-25.png




Види го Ио:
23-24.png

Значи респект за шампионот, па надолу како што е редот.

Ама добро, ова е и единствена табела на која Јувентус ќе биде прв сезонава :kafence:
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.636
Поени од реакции
6.135
Јас само една работа ќе кажам, Конте ќе допре фијаско и дно со Наполи.
Оваа сезона топ 3 се Наполи Јуве и Интер, без редослед, било кој од нив може да земе.

Интер се една година постари али па и костурот им остана очекувам да се зимски шампион али втора половина да издишат.

Јувентус или Наполи очекувам поспор старт али втора половина еден од нив да го превземе врвот.

Милан е дарк хорс, ако Мората иде на 20 гола па и више, тогаш може и ние да се вмешаме у врвот али мислам дека оваа сезона ќе бидеме јако четврто место, како и што сакаат америве нели, тоа е целта.

Рома и Аталанта можат да пореметат сметки за ЛШ, ама не ми се верува :icon_lol:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.005
Поени од реакции
14.127
1000014885.jpg


Само на Аталанта би и дал подобри шанси да биде во топ 4, другото е тука некаде. Единствено играње ЛШ ако им биде проблем.

Милан и Јувентус се енигма, појма немам што може да се очекува и колку ќе имаат простор да се извадат ако не тргнат најдобро, особено Милан. Може само да дозаглави во и така токсична атмосфера.


Барем има интересно работи за пратење, доста нови тренери. Јувентус целосна трансформација, Милан не толку играчки, но менува филозофија на игра, Наполи и Конте во комбинација, не може да биде неинтересно. Рома конечно гради нешто, што ако не веднаш, на среден рок ќе даде резултати.


Болоња дали и Европа ќе избори сега.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.667
Поени од реакции
22.219
1. Интер
2. Милан
3. Јувентус
4. еден од Наполи или Рома
6-8 Лацио, Фиорентина, Аталанта
...
12-15 - Болоња

Интер нема шанси да се прошета како лани, ќе биде потешко сезонава - се надевам грешам.
Милан според мене има втор најдобар состав и ако не продадат ништо во периодов што следи, би требало да се добра конкуренција на Интер. Не знам зашто толкава паника кај фановите ама со Мората како замена за Жиру и Павловиќ во одбрана добро се засилија. Пулишиќ е доста солиден играч, останува на Тео и Леао да кренат мотивација и да играат како пред 3 сезони за повторно Милан да е јак.
Јувентус ќе биде при врвот ама не мислам дека е сеуште спремен да биде конкуренција. Имаат доста промени таму и обично ваквите проекти им треба година-две додека да тргне ама се гледа дека се сериозни и дека полека се враќаат како клуб. Иако фановите тврдат дека уопште не се богати сепак се знае кој е чорбаџијата во Серија А. Тие 50-60 мил. понуди за Копмајнерс и уште 30 за Гонзалез само они можат да си ги дозволат. Едина работа не ми е јасна ако го земат Нико Гонзалез од Фиорентина за скоро 30 мил. како што се збори а го продадоа Суле за помалку. Суле според мене е играчиште за овој напаленково Нико Гонзалез што глуми играчиште а со Фиорентина кур скрши против многу потапа екипи во Европа.
Рома донесоа некои солидни засилувања ама разликата со Наполи е во тренерот. Колку и да има неуспешни епизоди Конте, сепак е со преголемо искуство за останатите во лигата и мислам дека ќе направи нешто од Наполи ако се задржи повеќе од сезона-две. А и секако Наполи има квалитетни поединци во состав а и го вратија оној црнецон од Верона во средина плус Бонџорно и Спинацола во одбрана. Ова им беше проблемот лани покрај сите промени на менаџерската позиција.
Фиорентина ќе биде интересна за гледање според мене. Паладино со Монца доста добро се држеше а тука ќе наследи далеку подобар состав. Плус си го донесе Колпани со себе што ќе му биде од големо значење. Очекувам да имаат подобра сезона од лани.
Аталанта ми е енигма. Тие имаат потенцијал да бидат константно при врвот. Мислам дека е екипа која може да ја згази било која од топ екипите ама па знаат и да се посерат против Верона на домашен. Тука е проблемот кај Гасперини кој сеуште не ми дава верба дека се топ конкуренција иако лани покажаа дека се страшно добра екипа. Ги размонтираа Ливерпул и Леверкузен.
Болоња воопшто ја споменувам затоа што лани сериозно изненадија и ќе играат ЛШ ама со Италиано трупот и релативно слаби замени за Зиркзе и Калафиори, не очекувам премногу од нив.
Лацио не знам што да кажам. Конфузна е ситуацијата таму. Да останеа со Тудор ќе им дадев малку повеќе шанси. Со овој Барони не знам што да очекувам. Составот и не им е толку лош.

Играчи кои мислам дека ќе се пробијат сезонава - Колпани, Суле, Нгонге. Ако Бисек од Интер добива доволно шанса и он ќе биде еден од овие играчи.
Мората ако е здрав очекувам со Пулишиќ заедно 25 голови комбинирано.
Другите стандардни кои играат неколку сезони би требало да се горе доле со сличен учинок како и претходно - Лаутаро, Турам, Влаховиќ, Дибала, Осимен итн.

Кој издржал до тука да прочита се, значи го интересира калчо и нека направи еден фантази да се пуцаме сезонава. Има линк во претходната тема од Ули Хенес.


FORZA INTER!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.743
Поени од реакции
110.929
Оваа сезона топ 3 се Наполи Јуве и Интер, без редослед, било кој од нив може да земе.

Интер се една година постари али па и костурот им остана очекувам да се зимски шампион али втора половина да издишат.

Јувентус или Наполи очекувам поспор старт али втора половина еден од нив да го превземе врвот.

Милан е дарк хорс, ако Мората иде на 20 гола па и више, тогаш може и ние да се вмешаме у врвот али мислам дека оваа сезона ќе бидеме јако четврто место, како и што сакаат америве нели, тоа е целта.

Рома и Аталанта можат да пореметат сметки за ЛШ, ама не ми се верува :icon_lol:
Не знам што ќе биде до крајот на преодниот рок ама Наполи има страшно лош тим, лош од аспект на борба за титула, особено ако гледаме од аспект на Конте и неговата фамозна 3-5-2. Немаат напаѓач со оглед на тоа што Осимен веројатно ќе си оди, а и не гледам кој квалитетен напаѓач може да го купат. Средината им е огромна мехара, а и одбраната не е нешто поарна, бековите ај Спинацола ок мада он дефанзивно мањка и ќе има Конте изливи со него ама изборот е тој, нема друг. Веројатно ќе игра 3-4-3 со овој фонд на играчи, Кварацкелија и Политано крила, а Распадори шпиц (или некој друг ако купат). Што знам, по мене теорија нема Конте да е у топ 3 со овој состав, а и познавајќи го каков карактер е тешко до декември да опстане во Наполи со оглед на тоа дека менталниот Де Лаурентис им е претседател.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom