Serie A 2024/25

И Скудетото оди кај... (vol.2)

  • Јувентус

  • Милан

  • Интер

  • Бум Шака Лака

  • Splendora

  • Марадона

  • Фиорентина/Аталанта

  • Остала боранија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.885
Поени од реакции
8.746
Турам мислам дека ќе биде одлична зделка за Јувентус и дека ќе постане многу добар средњак, на Давидс ме потсеќа


Btw, @Mondonico ќе се распрашам кај админите ќе те тужам за авторски права:sakasuste:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.743
Поени од реакции
110.929
И Мората е ок трансфер со оглед на парите. Јас го нејќам како играч ама ќе им врши работа на Милан.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.735
Поени од реакции
9.727
Дуглас Луиз исто, се гледа уште по она малце што го прикажа дека е играчиште, ниво над сите средишњаци што беа у Јуве. Е сеа ќе видиме дали ќе испаднам у право, ипак рано е уште ама ветуваше у припремиве.

Мене ме бендисаа трансферите на Милан летово, одлична работа забжвршија со Павловиќ и Мората.

Иначе, ја па за разлика од стекот мислам дека Конте нема да флопне со Наполи и дека ќе пружат борба во врвот.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.885
Поени од реакции
8.746
Да и Даглас Луиз исто, ма да него не го спомнав толку, пошо дебело е платен и со голема плата и нормално е да се очекува од него да биде протагонист во новата сезона за јуве, додека Турам у однос на откуп и плата што ќе зема дојде на помала врата, а очекувам да има одлична сезона, уствари очекувам да има одлична кариера
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.227
Поени од реакции
85.905
Најболниот дел во тимот средината ја подсредија, ама некако одбраната остана статус кво (последниве вести со Калулу :facepalm: ), а нападот е помизерен од прошла сезона, пред се ради тоа што цело време ќе се осфрнуваат на Влаховиќ и Јилдиз кој реално колку и да е талент, е сеуште дете. Киеза не мораа потполно да го избацат од тимот, а и од Соуле не требаше толку лесно да се откажат. Останува на Мота да го состави тимот и играта, јас сум оптимист, ќе се форсира друга игра од оној канцер што го гледавме 3 години под Алегри. Топ4 пласман и битка за Скудетото се реална опција

Интер скоро и да го преспаа трансфер периодов, ама никој не им замина (засега), не сменија тренер така да нажалост секако дека ќе се борат за Скудетото

Милан купија интересни играчи, останува да видиме колку му фаќа аклот на Фонсека да го суреди тимот. Овие ми се енигма, или ќе фатат ритам и ќе се борат за Скудето, или мака ќе мачат да фатат топ 4

Рома очекувам да биде повеќе од солидна, нападот им е јак, а и Де Роси им е тренер кој ужива голем авторитет во клубот, типувам на битка за топ 4, па ако им тргне зошто и не за Скудетото... why not.

Е сега сите јадеме гомна за Наполи, Конте и Де Лауреантис, недостаток на квалитетни играчи итн... ама ако некој знае да го извади максимумот од некого, тоа е Конте. И овие ми се засега енигма, обично првите сезони на Конте му се ептен јаки (освен во Тотенхем, ама ок Тотенхем се тоа), ама тука има проблем што Де Лауреантис диктира се. Ако најдат заеднички јазик, и немаат проблеми во цела сезона, очекувам да се тврд орев сезонава Наполи, ако се зајадат двајцава ондак ќе им отиде и оваа сезона во курац. Интересен феномен жими се, прв пат гледам во еден клуб главен проблем да се тренерот и сопственикот на клубот, а не ростерот со кој располагаат. П.С. @Mondonico си требало наместо Марадона, на анкетата да го ставиш @neodoliv :D

Лацио.... не знам што да пишам за овие :toe:

Аталанта после триумфот во ЛЕ, рачунајте ќе биде многу поопасна оваа сезона, на сите екипи што ќе се борат во горниот дел ќе им ја вади душата. Ако за екипиве погоре прогнозирав дека ќе водат битка за топ 4, за овие тврдам дека сигурно ќе завршат таму. Нема зима за нив се додека Гасперини им е на клупа.

Фиорентина со нов тренер, очекувањата се како и секоја сезона, излез во Европа.

Болоња дно ќе пробијат сезонава, дно ќе пробијат во ЛШ, дно ќе пробијат и во купот. Дабогда испаднале и од лига, племе им ебам Калафиоровско.


Од Лече и Комо очекувам да изборат опстанок :kafence:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.404
Поени од реакции
6.540
Го чекам моментот Конте коа ќе ја спука со Де Лаурентис. Пари за трансфери не ми дадоа, па ти си дрво од тренер хахахахах. Прскотници ќе биде. :pos:
 

433

Член од
17 август 2021
Мислења
112
Поени од реакции
335
Оваа сезона очекувам само Интер со сигурност да се бори за титула до крај, другите се скроз енигма.

Јуве еден тон промени. Менуваат 4/6 првотимци плус нов тренер со малку искуство. Искрено не знам на што да се надевам освен да почнат да играат нормален фудбал на кој заборавивме со години.

Милан нов тренер и неколку нови играчи. Исто енигма кузнеј на каде ќе тргнат оваа сезона.

Наполи мислам ќе згазат сезонава и ќе бидат во топ 3 со сигурност. Конте е според мене во топ 3 тренери за градење тим, мотивирање играчи и вадење максимум од нив.

Рома мислам ќе биде најголемо изненадување сезонава. Убав тим склопија, а и Де Роси веќе има створено каква таква игра и хемија во тимот.

Аталанта очекувам да биде иста како и последните неколку години. Атрактивен фудбал со чудни резултати. Можат да ѓи здробат сите и да го јадат 10 утакмици по ред.

Од другите клубови очекувам мизерна игра, лежење по терен и одење на X против горе наведените клубови.

Отпаѓаат од лига Комо, Венеција и Емполи
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.636
Поени од реакции
6.135
Среќна Нова 2010
Бар да беше, боље мистер икс да го чекам од Галијани него да ги гледам циганиве амерички како се ценкаат за секое евро.

А мистер икс не беше сам у 2010 туку беа двајца, Ибра и Робињо.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.005
Поени од реакции
14.127
Бар да беше, боље мистер икс да го чекам од Галијани него да ги гледам циганиве амерички како се ценкаат за секое евро.

А мистер икс не беше сам у 2010 туку беа двајца, Ибра и Робињо.
1000014890.jpg


За некоја недела, кога ќе биде ждрепката за ЛШ, немој да заборавиш да прашаш со кого се паднале Манчестер Јунајтед и Челзи.

Да заокружиш со досетливоста и хуморот.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.636
Поени од реакции
6.135
Прегледај го приврзокот 426252


За некоја недела, кога ќе биде ждрепката за ЛШ, немој да заборавиш да прашаш со кого се паднале Манчестер Јунајтед и Челзи.

Да заокружиш со досетливоста и хуморот.
Поголем досетко од тебе нема, затоа се криеше од прошлата тема цело лето да ти ги заборават бламспертизите.

Убаво си пиша еднаш сам за себе, дека идеална професија ти е партиски бот, и сликица ти закачив да те личи тогаш, оригинална а не вакви мемиња да ми постираш од 2010.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom