- Член од
- 7 јули 2013
- Мислења
- 1.778
- Поени од реакции
- 11.622
Апсолутно неточно е дека тогаш имало послаби репрезентации, особено дека само Шпанија двоела тогаш. Аргентинците тогаш имаа свој дрим тим предводен од Ману Џинобили, Скола, Носиони, Оберто, Делфино, Приџиони, они го имаат победено дрим тимот на Американците на олимпијадата во Атина 2004.Дискутабилно е, ама мислам дека сега е повеќе развиена кошарката од тогаш и има многу повеќе НБА играчи во другите држави и не доаѓа до израз Америка како у 2008. Тогаш само Шпанија која двоела и имала доста квалитетни играчи предводени од Пау Гасол можела колку толку да парира на САД. Сега например Шпанија е послаба од тогаш, ама затоа сега другите држави можеби имаат најдобри генерации. Германија лански светски шампион, у 2008 само еден Новицки го имала, Србија втора најдобра репка сега и го има најдобриот играч на светот, тогаш не постоела у кошарката. Франција исто не постоела тогаш, сега 2ро место и најпроспективниот играч. Да не објаснувам за сите екипи ама ќе ги спомнам само ем Канада, Австралија, Грција и др кои се многу подобри од тогаш.
Генерално мислам дека првенствата во тие години од 2006 до 2013 имаше далеку поквалитетни репрезентации. Како тоа Франција не постоела тогаш? Па сто пати појјак тим имала тогаш со Паркер, Диао, Ноа, Николас Батум, Нандо Де Коло, Пјетрус и тн. Грција исто имаше подобар тим тогаш Спанулис, Дијамантидис, Принтезис, Папалукас и тн. Сега само Јанис го имаат, да не е тој на ниво на Албанија ќе се. Литванија исто така коска репрезентација, иако на имиња немаа некои НБА ѕвезди секогаш беа добар и незгоден тим. Бразил исто имаше подобар тим тогаш со Барбоса, Хуертас, Тијаго Сплитер и тн. Овие репрезентации се каде каде поквалитетни од сегашната Канада, Австралија кој се преценети според мене. Ги гледав и играта им е дивурија, фати шутни, особено на Австралијците, само колку да се рече дека имаат НБА играчи.
@Stefan-kobe и јас сум на твојот став дека 2008 е подобар од овај тим, јас би го додал и тој од 2012 година како подобар. Тогаш ги имаа Коби, Леброн, Вејд, Кармело, Пол, Кид, Хауард, Крис Бош, сите во својот прајм. Сега Леброн 40 години скоро, Дурант исто веќе надвор од прајмот, Кари влезе во ГОАТ mode и им го донесе златото, инаку и тоа како се мачеа. Јебига, Србите немаа клупа, не може Јокиќ и Богдановиќ сами да ги победат, се преморија на крајот. Јас сум убеден дека Шпанија од златната генерација со браќата Гасол, Наваро, Рејес, Руди, Калдерон, Ибака, Рубио би можел да го добие овој тим на УСА, исто мислам и за Аргентинците од 2004 година.