Вчера го следев од почеток до крај само натпреварот во скок со стап (без трки, без никакви други натпревари) само заради Дуплантис. Убеден бев дека ќе има нов светски рекорд! Се сеќавам, кога бев мал, еден од титаните на светската атлетика беше Сергеј Бубка. Имаше поставено светски рекорд 6.14 во Сестриере 1994, за кој ние како деца мислевме дека е врвот и никој никогаш нема да го надмине. До душа и коментаторите истото го збореа. Moreover што скокачите во наредните десетина години едвај стигаа и до 6.00. До 2014 постоеше тој рекорд, цели 20 години. А подоцна, во 2020, се појави Mr. Никој Никогаш = Мондо, и го надмина и подобри светскиот рекорд дури 9 пати: 6.17, 6.18, 6.19, 6.20, 6.21, 6.22, 6.23, 6.24 и сега 6.25!
Сега веќе прашањето е кој ќе биде лимитот!