Новак е најопасен кога е потценет, многу пати до сега тоа го докажал низ кариерата, ама ко што беше потценет тука, а зборам во ситуација кога веќе е дел од тенискиот врв, не кога бил помлад, апсолутно никогаш не бил, никад во кариера вака луѓе не верувале во него, а тука спаѓа и огромен дел од неговата фан база.
И оние профили на негови навивачи што се во спотлајт на интернет, и за кои он самиот има зборено дека многу му помогнале низ кариерата, и посочено со име и презиме, не веруваа во него, и Саша Озмо кој има феноменални текстови на Спорт Клуб и фантастични репортажи од сите турнири каде Новак игра, беше без идеја како Новак може тука да победи и нормално фаворитската улога му ја препушти на Карлос.
Да не бидам погрешно сфатен, навивачки секогаш ќе веруваш дека оној или оние кои ги поддржуваш, ќе победат, некако, али не сретнав некој да објасни како тоа моментално Новак би го направил, зашто за секое сценарио во глава, се гледаше и одговорот на Карлос.
Никогаш ваква атмосфера не владеела пред негов дуел ко сега, од тениски експерти, до поранешни тенисери до обични навивачи и спортски медиуми, сите беа наклонети кон тоа дека Карлос ќе добие, ама по не знам кој пат доаѓа познатата изјава на Руди Томјанович, '' Никогаш не го потценувај срцето на шампионот '', лекција која едноставно никогаш нема да ја научиме, дури ни после ова. Генерално зборам, не конкретно само за Новак или за тенис.
После богзнае колку години, декада и јаче можеби, до овој дел од годината он е без титула, имаше повреда и операција во многу деликатен дел од сезоната, 3 недели пред 2 турнири на кои он сакаше да оди на титула/медал, многу лош пораз во Вимблдон кој од една страна него го ништи и психички го пореметува пред евентуален дуел со истиот противник, од друга страна го крева до небеса Карлос кој пред финалето имаше толкава самодоверба, што му рече на Кореча, кажи им на шпанците дека во Недела ќе им го доставам она што го сакаат, златото.
Има доста да се каже и за финалето и до финалето што се дешаваше, неколку интересни факти и податоци што се издесија, неколку рекорди и слично за кои вреди да се споменат на темава, ама тоа у друга прилика, само ќе го повторам Саша Озмо кој после финалето кажа дека оние две форхенд дијагонали во вториот тајбрејк треба да се урамнат и да се постават некаде во Лувр, тоа беше чиста тениска уметност.
Единствен тенисер во историјата што ги има освоено сите главни турнири, олимпиското злато му беше оспорувано само од инати кои не можеа да се соочат со реалноста дека е едноставно најдобар па во ова бараа некаква утеха, после ова јака им душа на сите токсични тениски фанови што го мразат и имаат 0 респект за него. Новак во неделата им сервираше тешка тортура и иживување ко што им прави низ цела негова кариера, али ова беше шлагот на тортата, ко да го чуваше најдоброто за крај, пред цела светска спортска елита, на најмасовниот спортски настан.