Војната во Украина е проект на САД, без никаков сомнеж. Проект кој доби контури со изјавата на Буш после самитот на НАТО во Букурешт дека Украина и Грузија ќе станат членки на НАТО.
Оваа идеја беше критикувана од некои од најугледните дипломати на САД, и од човекот кој Американците го сметаат за свој најдобар дипломат во историјата, Џорџ Ф. Кенан, кој сметал дека проширувањето на НАТО во Украина е ужасна идеја која ќе доведе до војна. Истото го велршр и сегашниот директор на ЦИА, Вилијам Брнс, во сега веќе легендарното мемо, њет минс њет. На истото предупредуваше и најголемиот познавач на геополитиката од САД, професорот Мершхајмер.
Ако најпаметните луѓе во САД ти велат дека проширувањето на НАТО во Украина ќе доведе до војна, и ако САД свесно продолжува да ја турка таа агенда, чија кривица е војната? Нуланд е таа која ја турка браната и која е директно одговорна за смртта на огромен број на Руси и Украинци. За мене таа е воен злосторник кој треба да одговара пред меѓународен суд.