Глеј, ти стаив лајк зашо теоретски имаш право и држи вода ова, само има еден проблем тука- НЕ СЕ СИТЕ ЛУЃЕ ИСТИ. Најискрено ќе ти кажам, јас најголем проблем од аспект на објаснување за работни места имам со програмерите што ми се во моја блиска корелација, што роднини што пријатели и цело време избегавам да дебатирам на вакви теми со нив зашо нема докажување. Нормално, генерализирам сега, не се сите исти и не се сите такви какви што објаснувам.
Пример, седиме на пијачка со другар програмер, и сеа еве да речеме ја сум вработен во областа на економијата и почиња некако муабет околу работа, плати, курац палац и имаш одма: Не бе брат нема леб у тоа, земи плати си курс почни да програмираш Господ да те види. Е тука добивам нагон со мајагери да му влезам и да го разнесам на лице место. Не знам како да им се објасни на луѓево дека не може сите да се програмери, дека има некој што го интересира друго, дека едноставно тоа е природната распределба на пазарот на труд.
Да не забегувам од темата, муабетот ми е дека не може секој да работи дропшипинг, програмирање и слични работи, има луѓе што се создадени само да аргатат и не може да бидат газди и крај на приказната. За тие луѓе е проблем кога газдите им се понашаат и им висат над глава 24/7 без потреба. Еден таков пример за човек кој не може никогаш да биде газда е татко ми и милион пати му го имам кажано тоа, он е полициски инспектор во пензија, човек кој е тежок воркохолик и работник, ама за бизнис не го бидува ич, премногу цепидлачи, не знае да продаде, не знае да "купи" некој човек со зборови... Ако ти текнува едно време сакав со пчели да почнувам, го праев и со него муабетот и уз шала му реков дека ако еден ден го почнеме бизнисот изрично ти забранувам да продаваш мед, тоа ќе ми го оставиш мене.
Се согласувам, условите треба да бидат на ниво без разлика на сe, и затоа пишав уште на почетокот: ако некому не му одговара, секогаш има опција да замине и да пријави во инспекција. Генерализацијата е она што ме вади од такт. Многу добро паметам во какви услови почнав јас, и ако споредам сега, прашање е дали 10% од бизнисите се на тоа ниво. Условите се подобрени и таму, дури може да кажам дека се далеку подобри од тоа што го гледам во многу фирми низ Австралија, особено во поглед на продуктивност и очекувања. Овде, ако си на канцелариска работа, може да сонуваш за прекувремено. Во 9 часот навечер имам поминувано низ град покрај големите корпорации, и во тоа време има многу луѓе кои седат на бироата и сe уште работат (а не се работи за позиции во смена).
Исто така, имам забележано дека голем дел од луѓето само плачат колку да се зборува нешто. Имаш луѓе кои, и да ги однесеш во канцелариите на JP Morgan, пак нешто нема да им биде погодено. Имам работено во фирма каде што столовите беа по 1000 евра парче, бироата уште толку, подобра кујна од дома, подобра кантина од дома, прочистувачи на воздух, релакс катче, пинг понг и така натаму, и пак имаше луѓе (јас ги викам „црни дупки“) кои нон-стоп се жалеа од нешто (му дувала многу вентилацијата, па не сакал таков тип на кафе машина, туку некоја што ја видел на Инстаграм, па не сакал таков монитор, туку закривен, и да не набројувам какви сe глупости од муабети имам слушано), и ваквите нема да ги задоволиш па и да му го дадеш светот. Во суштина не сакаат да работат, и се страшно љубоморни се што мрда околу нив.
Како пример ги дадов ИТ, но гарантирам дека и 90% од мајсторските бизниси почнуваат со мали суми, не дека треба да си милионер за да станеш: молер, плочкар, електричар, местење клими, бизнис за чистење и тн. Прашањето е дали сакаш да најдеш начин да почнеш или 100 причини за кукање дека не бива. И тука доаѓаме до она: колку му се работи, дали има сенс за бизнис, дали воопшто има знаење во тоа што го работи, или пак е импостер кој се провлекува на грбот на колегите.
Најлесно е да се влезе во зона на комфор и да се жалиш наоколу. Јас кога почнав како фриленсер, правев грубо околу 40k евра годишно. Да беше друг, ќе ги земеше тие пари и ќе се туреше од журкање наоколу, половно БМВ, од еден одмор на друг, и немаше ни на крај памет да се замара да вработува други и да се шири. Во тој момент (2019-2020) тие пари за Македонија беа сон. Наместо тоа, дури и дома ме караа за одлуките, одлучив да дадам дел од заработката и распределив дел од работата на колеги, а за времето што ми остана, се отепав од рекламирање и ѕвонење по телефони за да довлечкам други клиенти. Наредната година, со мојата стратегија, експлодиравме: неколку нови клиенти, за стариот клиент работата од еден човек ја проширивме на цел тим. Арно ама, сe што вадев реинвестирав назад и за себе земав нормална плата. Уште поголем циркус беше дека возев полоша кола од сите колеги кои работеа за мене.
Стрес - колку сакаш. Продаваш работи кои немаш појма дали ќе успееш да ги реализираш, се расправаш со секакви типови на луѓе, во истиот ден си и програмер, маркетинг, продавач, кадрово, чистач, електричар, проект менаџер и тн - хаос. Ние работевме најмногу со Англија, и баш фати Брегзит, па фати корона и почнаа клиентите да доцнат со фактури и по неколку месеци (и тоа фактури од по 15-50k евра), плати мора да пуштиш па ајде зедовме и кредити, зголемување на трошоците со инфлација, струја, поскапени сервиси од сметководители, адвокати. Земаш некој демек експерт во областа за да ти подобри процес во фирмата и по неколку недели сфаќаш дека е изгубен во простор и време. И мојата приказна е уникатна за мене, друг ќе помине поинаку затоа што условите ќе бидат поинакви, може полесно, а може уште потешко, но никогаш нема да дознае ако не проба.
Инаку поголемиот дел се како тој што го опишуваш: 90% од денот ќе го потрошат на overthinking, и наместо да излезат од тој ментален склоп и да пробаат да научат нешто ново или да побараат помош од некој што разбира повеќе, тие ќе ти тераат инает. Демек тоа што го знам јас, никој не го знае.
Затоа и ги терам да влезат во бизнис и да видат како е од другата страна. Народот, во суштина, е љубоморен, со нереални очекувања, со нереална евалуација на самиот себе и, колку и да изгледа грубо, мрзелив. Единствениот начин за да им покажеш колку грешат е да ги фрлиш во вода и да видиш дали ќе научат да пливаат, или ќе се удават.