Убаво кажано не дека нема работници туку веќе нема будали да работат за мали пари. Работев и во поголема и во помала компаниjа, но идиотско-кретенскиот менталитет на македонски газда е исти. Неможе некоj да ме убеди дека така налага економиjaта, во поголемата компаниja се жалат лугето да не одам до таму да имаше некоj и да плаче, отепан од работа градежник работи 250 саати на месец за 35.000 ден, нема каj да оди 2 ипол години пред пензиjа е. Бара покачување, го одбиваат нема криза е, оваа година неможе, башка газдата му се заканува со отказ дека ако не бил задоволен со таа плата одма да си оди од работа. После месец и половина газдата се поднови со две коли од салон со вредност околу 22 милиони денари. Работниците не го глеедат тоа ? Го гледаат, не бараат да земе тоj 22 милиони да им распореди на нив, него да ги плати доволно за да може достоинствено да си го живеат животот. Задоволен работник не гледа газдата колку има, доколку си ти задоволен со своите примања не те интересира ниту пак му праиш есап на газдата. Во истата компаниja работев околу 6 години за тоj период броjoт на вработени се намали за 35% со забрзан тренд после короната и секогаш други фактори беа криви, бугарските пасоши, германските визи, другите фирми правеле лажна и нереална конкуренциjа и сл.
Во помалата команиja работев околу година дена и таму од идиотскиот газда коj до минута ти го броеше времето на пауза, пишуваше опомени ако закаснеш 3 мин на работа, а ако те задржи 20 мин прекувремено ти вика дека тоа ти е дел од работните обврски, од 20 вработени за 4-5 месеци остана со 4 вработени. Интересно е што не паѓа на г'з и на последните 2-3 што си отидовме му велиш дека не си задоволен од платата дали може да има покачување, ти се понаша толку била платата ако не ти чини даj отказ. Даваш отказ со еден месец отказен рок (законски како што е), тоj да се покаже jак те отпушта од работа за 1-2 дена од наjавата, не ти наjавува дека си одjaвен туку одиш на работа те одjавува во текот на денот и утре кога ќе се поjaвиш пак на работа те вреѓа као ти си дошол да го молиш него за да те прими назад, а нема врска тоа му се манипулативни маневри кои ги начиjа сите вработени. Така да благодарение на тоа што народот се сели како од шала, дел од лугето кои ќе одлучат да останат во Македониjа се надевам дека барем ќе имаат подобри услови за работа и егзистенциjа. А на сите газди од калибарот каков што ги спомнав горе само ќе им порачам дека тркалото се врти и дваjцата беа обични луге едниот до пред 20 години другиот до пред 7 години, ама многу брзо забораваат штом го осетат шумот на парите и дека со тоа темпо за скоро време пак ќе се вратат на истото ниво кaj што биле.