Зависи што подразбираш под нов
Јуни 2020 го земав така што моторот е 4 години стар ова ми е 5та сезона како го возам
Првите 3 години помалку 6500км поминати вкупно, е од лани се преселив малку подалеку од работа па користам кога е ОК времето (читај скоро никад) да идам со мотор малку качив скоро 6000 лани сум поминал (одење накај работа ми е 110км, за враќање зависи кај ќе завлечам од 150-300км), моментално сум на 15550. Мизерно е времето кај што живеам (Југо-западна Шведска во близина на Гетеборг) најдождливиот регион е ова (кожа ми се збрчка од дождовите веќе
)
Добар си бе со не иде 200
, еднаш го имам стискано првата година кога го земав се заборавив на плажа па морав да летам накај дома кучето од градинка да си го земам (брииии не би ме изненадило сега за џанак да ме броиш куче у градинка, ама јбг се мора тука ако не работиш од дома) 150-160 го возев, се останато е на рангот 100-120 кога сум на автопат, 50-90 надвор од град на тие помалите патишта (не се сеќавам како се викаа на мкд, ама пример да возиш стариот пат куманово св.николе). Ти пишав јас сум возач пензионер
НЦ-то ми е со се што може да се стави на него, 3 куфери, греачи, заштита на раце, мотор, магленки, поголемо ветробранско (ама би сакал да беше поголемо или подобро да кажам пошироко), централен стендер буквално се што имаше у хонда да се селектира ми е земено.
За тоа како возам и колку возам ми ги задоволува сите потреби, немам никаква замерка за него.
Она што го сакам на моторот е прелесно управување, буквално скутерот 50цц што го земав за скопје прошли месец е потежок за управување него НЦ, многу добро моторче посебно за почетници (
@fisherman89 друже не е тоа што ти го бараш ама топло би ти го препорачал).
Друга работа е што пред мене не е резервар (под седиште ми е како на скутер) туку уште еден куфер, фулфејс кацига собира големина S без проблем или некои модели на М (имам за гости земено МТ Thunder 3 SV ја собира), старата моја Arai Profile V (M големина не ја собираше) исто и моменталнава Shoei GT-AIR 3 (L големина не ми ја собира) ама па собира милион глупости, комбилизон за дожд, резерва ракавици, прва помош, клучеви документи и останати глупости стално ми се таму
И за крај може не иде 200+, ама затоа просечна потрошувачка на овие 15550км ми е 3.3l/100km (секое полнење со километража и слично ми е запишано затоа знам
)
Она што не го сакам на него е што има доста големо/долгнавесто ветробранско 40+цм е, ама е многу тесно, би сакал да беше малку пошироко како на БМВ, Сузуки В-Стром (кога купував и овој ми беше опција 650цц), Африка и слични мотори.
Одржавање на ланецот е тоа ми е смрт од ова хоби би рекол, затоа ми е БМВ ГСот при срце јер е кардан (по стилот на возење што го спомна дека сакаш гарант викаш дека и кардан не е за на мотор
)
Како што спомнав кога купував во избор ми беа Suzuki V-Strom 650 или Honda NC750X и на крај земав Хонда.
Првично јас и повеќе го сакав Хондата уште од мкд (а таму немав видено многу В-Стром 650ки), друго цената на самиот мотор, цената на додатоците и цената осигурувањето.
Сузукито беше околу 9000€ (само мотор) со цела опрема искачаше околу 11500€, годишно за регистрација му беше 500€ (фул каско(
Хондава јас ја околу 7200€, со дополнителната опрема и сите заебанции околу 9000€, осигурување 300€ годишно (фул каско), е од кога се преселив за истото тоа осигурување фул каско плажам 150€ (тука осигурување не е по кубикажа, него старост на возачот, каков стил на мотор е пример спортски е поскапо од тјуринг, каде живееш, каде го чуваш моторот итн итн)
Цените се пишани околу зашто не се сеќавам кој беше курсот тогаш за да претворам точно во евра