Совети околу мотоцикли

Член од
11 април 2012
Мислења
4.639
Поени од реакции
5.355
Здраво ми треба мала помош од експерти со чопери, за прв пат ќе купувам чопер и ме интересира да ли 250-300 кубика е премногу за прв чопер или е сосема нормално? Разгледвам насегде низ Македонијава и скоро сите први чопери ги купиле со 250 кубика и прашав неколку другари што веќе имаат купено чопери од времето ми рекоа таман е ако е цената во ред. Фала унапред
А што е океј цена?
Зашто ограничување си ставаш во зафатнина тоа на моторот а не во неговата јачина
Каков стил на возење сакаш да имаш и што очекуваш од тој мотор?
ок разбравме чопер ама планираш да го возиш низ Скопје само или планираш да одиш и надвор така малку посериозно возење, може па планираш и да се убиеш од патување со него

ако возиш локално низ град и скутер од 50цц ќе ти помогне, ама за патување ќе сакаш малку поголем мотор што ќе има сила лесно да те качи на стража пример (не кавасаки нинџа не е тоа што ти треба :) )

Пример @комшијаTи има 700цц мотор ама неговиот е некои 75коња ако не се лажам, стилот на возење ќе да беше спорт туринг (барем по моторот што го вози), со ист стил ќе да имаше и @RadE_Strongest ама беше блиску до 100коња он (ако не се лажам, исто прв мотор) од друга страна јас земав прв мотор 750цц а истиот има 54коња со тоа што јас сум повеќе на туринг стил на возење

Според мене изборот на мотор е доста битна работа, гледај да ти покрива што е можно повеќе од потребите/замислите сепак не е евтина играчка која ќе сакаш секоја година да ја менуваш
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
јас сузуки гср 600 (100 књ) купив и почнав а пред тоа имав возено и од тие 250цц кинеските на проба и како скутер ми беа бидејки сепак се потешки од скутер а слаби на сила...

чим зборис за чопер од 250цц ваљда за keeway cruiser 250 се мислиш затоа што само такви иам видено од таа кубикажа и се доста популарни во МК, според спецс на интернет вика 18 коња на 172кг тежина (спореди го тоа со мојот мотор од 100 коња на 183кг тежина :) )

е сега.. @fisherman89 според Nazi аватарот претпоставувам дека побитно ти е како ке те гледаат док возиш а и исто така претпоставувам помлад ултраш си си па и парите се битни? во тој случај кинески 250 цц чопер не е лошо бидејки можеш да си го костумизираш со SS костурски глави етц и да си го возиш низ охрид лагано како скутер (не ти треба за автопат ама ваљда до 110км би развиле)...

пак на претходната претпоставка дека за сакаш стрикно чопер а не друг тип на подобар мотор ради филинг - би се надоврзал дека чоперите кај нас се скапи (не знам зошто, можда дека се ретки?) и асален чопер се знае 600 кубика минимум јапонско ама и тоа иам возено (honda shadow 750) и не е лош за таа сила (43 коња на 230kg килажа) ама ко и секој чопер е тежок за менврирање вртење кривини етц. така да за почетник можда и кинеско 250 е болје...

чисто за инфо моторот од сликата е 650цц и е триумф ака изгор скап само за тие со пари
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2024
Мислења
35
Поени од реакции
123

Епа вака сега, за океј цена мислев како почетна да е некаде измеѓу 2000-3000$ да не претерувам да не купувам Harley Davidson од 7000$ ако ме сфаќаш.
Затоа што толку се разбирам, имам луѓе кој што ќе ми помогнат да купам и се тоа ама ме интересираше што ќе ми кажит некој што не ме познават вака и затоа кажав за зафатнината а не јачината за нешто барем да научам и од по страна.
Сакам да можам да ја прошетам Македонија, да појдам од Охрид до Скопје без никаков проблем и да можит нормално да накачит брзина на угорница и да не се влечкам како со скутер по улица.
Планирам патување ама околина на Охрид (Албанија и Грција блиски дестинации) и Македонија се разбират.

Е тоа со 100 коња, 75 итн... се мислев да не земам некој до толку силен оти ми е прв и требит пред се јас да се научам на нешто полесно па после да преминам на нешто посериозно и затоа барам совет од некој што се разбират поќе да знам што да правам
Автоматски споено мислење:

Значит сега тој од 250цц е скроз нормален за почетник како мене или да барам да се јачам со некој од 600+ ;)
Тоа Nazi работите мани ги немат врска со ништо, профилната ми е со тотенкопф поради подгрупата на Рибари (Lihnid Boys), Металец и Ултрас од Охрид си сум десничар секако и не гледам да го лепам со СС стикери или Свастики да му ставам да ми се смејт цел град, гледам да си најдам доволно добар мотор поточно чопер за низ град, низ Македонија и околина на Охрид да се возам да шеткам

Да да чопер, да не звучам смешно ама работата ми е многу за око ми паѓет рокерски и металски работи така да чопер ми е прво нешто што сакам да си го купам да си се надоврзам на филинг и естетиката, за чопер од над 600 кубика сакам да земам после една година од ко ќе го земам првиот за да го совладам па да преминам на нешто појако затоа прашвам за ова вака 250-300 за почеток и ко шо викаш да 600+ е за асален чопер ама за почетен мислам дека ќе ми е премногу или пак не знам, немам искуство и зато прашвам :)
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.639
Поени од реакции
5.355
@fisherman89
Пред да положам викав 125ка или 250ка ништо повеќе од тоа не ми треба вака така … се лажев себеси :)

Низ Скопје и околината пробав да видам како е со 125ка крос моторче и со цб500ф (спорт туринг мотор)
Искрено малото (со мал мотор де) за низ град беше одлично ама за надвор од град му фалеше малку сила, од друга страна нормално дека поголемиот низ град не беше толку лесен за маневрирање ама за патување беше многу многу поудобен
Уште почетник на рели Македонија бев со истиот (одлично искуство)

Јас лично моторот никогаш не го гледав како нешто со кое ќе развијам голема брзина и ќе глумам Роси у кривини, едноставно сакам да ми е удобно и да уживам на подолги релации. Нели како почетник исплашен како тебе не ми беше целта да земам БМВ Р1250ГС (иако сега би го зел ама па зашто да фрлам пари за него кога и моменталниов ми е добар), па се решив за послаб и поефтини мотор во тој стил (НЦ750Х, некој ќе рече не е тој стил зашто реално не е толку опремен и не е толку агилен за на off-road, она што јас го гледам во нив е дека се удобни за долго патување со слична позиција на тело)

Од досегашново искуство можам да ти кажам дека со моменталниот мој мотор немав и се уште немам никаков проблем да извозам 500-600км тура во еден ден (верувај со 250ка таква километража не би било уживање). Ама ако под долга релација го гледаш Скопје што ти е на помалку од 200км тогаш веројатно таа 250-300ка ќе ти задоволи потреби на почетокот, ама брзо после тоа ќе почнеш немам сила на стража …

Друго работа што јас не би ја планирал е да го земам сега а да го сменам за 1-2 години. Подобро земи нешто малку поголемо што ќе го возиш 4-5-6 години (мое субјективно мислење)
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Епа вака сега, за океј цена мислев како почетна да е некаде измеѓу 2000-3000$ да не претерувам да не купувам Harley Davidson од 7000$ ако ме сфаќаш.
Затоа што толку се разбирам, имам луѓе кој што ќе ми помогнат да купам и се тоа ама ме интересираше што ќе ми кажит некој што не ме познават вака и затоа кажав за зафатнината а не јачината за нешто барем да научам и од по страна.
Сакам да можам да ја прошетам Македонија, да појдам од Охрид до Скопје без никаков проблем и да можит нормално да накачит брзина на угорница и да не се влечкам како со скутер по улица.
Планирам патување ама околина на Охрид (Албанија и Грција блиски дестинации) и Македонија се разбират.

Е тоа со 100 коња, 75 итн... се мислев да не земам некој до толку силен оти ми е прв и требит пред се јас да се научам на нешто полесно па после да преминам на нешто посериозно и затоа барам совет од некој што се разбират поќе да знам што да правам
Автоматски споено мислење:

Значит сега тој од 250цц е скроз нормален за почетник како мене или да барам да се јачам со некој од 600+ ;)
Тоа Nazi работите мани ги немат врска со ништо, профилната ми е со тотенкопф поради подгрупата на Рибари (Lihnid Boys), Металец и Ултрас од Охрид си сум десничар секако и не гледам да го лепам со СС стикери или Свастики да му ставам да ми се смејт цел град, гледам да си најдам доволно добар мотор поточно чопер за низ град, низ Македонија и околина на Охрид да се возам да шеткам

Да да чопер, да не звучам смешно ама работата ми е многу за око ми паѓет рокерски и металски работи така да чопер ми е прво нешто што сакам да си го купам да си се надоврзам на филинг и естетиката, за чопер од над 600 кубика сакам да земам после една година од ко ќе го земам првиот за да го совладам па да преминам на нешто појако затоа прашвам за ова вака 250-300 за почеток и ко шо викаш да 600+ е за асален чопер ама за почетен мислам дека ќе ми е премногу или пак не знам, немам искуство и зато прашвам :)
бидејки потенцираш дека сакаш чопер ама и сакаш надвор од град да го возиш - тогаш минимум некој 500-600цц (значи овие цц чопери не се толку јаки не се секирај различен тип на мотор имаат ако истражиш разликата во цилиндри) стрикно за во град и 250цц ке заврши работа комотно..

ако ме прашуваш мене - минимум 500,600 (и не кинеско) АКО си саглам во главата офц :) и исто така за 3к еуро само на старо би требало да има - на ново 2,3 пати поскапи се мислам..

надвор од МК со 250 чопер хмм тоа мислам дека е исто како со априла 50цц веспа ?
 
хонда cmx500 rebel 7800e нов (цената не е во мкд), доста точен беше со цената на нов јапонски

ама зашто ја потценував априлијата не ми е јасно :)
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
Епа вака сега, за океј цена мислев како почетна да е некаде измеѓу 2000-3000$ да не претерувам да не купувам Harley Davidson од 7000$ ако ме сфаќаш.
Затоа што толку се разбирам, имам луѓе кој што ќе ми помогнат да купам и се тоа ама ме интересираше што ќе ми кажит некој што не ме познават вака и затоа кажав за зафатнината а не јачината за нешто барем да научам и од по страна.
Сакам да можам да ја прошетам Македонија, да појдам од Охрид до Скопје без никаков проблем и да можит нормално да накачит брзина на угорница и да не се влечкам како со скутер по улица.
Планирам патување ама околина на Охрид (Албанија и Грција блиски дестинации) и Македонија се разбират.

Е тоа со 100 коња, 75 итн... се мислев да не земам некој до толку силен оти ми е прв и требит пред се јас да се научам на нешто полесно па после да преминам на нешто посериозно и затоа барам совет од некој што се разбират поќе да знам што да правам
Автоматски споено мислење:

Значит сега тој од 250цц е скроз нормален за почетник како мене или да барам да се јачам со некој од 600+ ;)
Тоа Nazi работите мани ги немат врска со ништо, профилната ми е со тотенкопф поради подгрупата на Рибари (Lihnid Boys), Металец и Ултрас од Охрид си сум десничар секако и не гледам да го лепам со СС стикери или Свастики да му ставам да ми се смејт цел град, гледам да си најдам доволно добар мотор поточно чопер за низ град, низ Македонија и околина на Охрид да се возам да шеткам

Да да чопер, да не звучам смешно ама работата ми е многу за око ми паѓет рокерски и металски работи така да чопер ми е прво нешто што сакам да си го купам да си се надоврзам на филинг и естетиката, за чопер од над 600 кубика сакам да земам после една година од ко ќе го земам првиот за да го совладам па да преминам на нешто појако затоа прашвам за ова вака 250-300 за почеток и ко шо викаш да 600+ е за асален чопер ама за почетен мислам дека ќе ми е премногу или пак не знам, немам искуство и зато прашвам :)
250 цц чопер - утка , утка , голема утка … Сега прво треба да се направи јасна дистинкција помеѓ чопер и крузер . Тоа ти што гледаш е крузер . Чопер е нешто друго и многу преправано . Понатака 15-20 кс на скоро 200 кг мотор никако не иде . Ни за град не е пошто ич не е агилен и маневрабилен . Ниеден мотор од тој тип не е за низ град , без разлика колку е јак или слаб . За низ нашите градови е само скутер или супермото . Од друга страна 250цц не е за пат подолг од 50-60 км , мала патничка брзина , нема сила на угорници , нема сила да те извлече брзо од кривина . Башка што ќе лупнеш сега 3К евра за кинез кој после тешко ќе го продадеш . Е сега ти си сакаш такво според стилот свој , ама еве и јас сум рокер , а возам нејкед ( Z1000 ) , возам крос и скутер низ град … Следно купување на мотор ќе ми биде нешто од “ adventure “ или “ touring “ сегментот . А исто би ти препорачал и на тебе . Но доколку сакаш чопер / крузер , ништо под 900 цц не вреди .
 
Rabotava kako eden poranesen clen koj me navlece mene na ova hobi, roker so 1000ka u garaza, edna 600ka za bekap (koja poise jas mu ja vozev nego on ama dobro) a niz grad brka rabota so kinesko skuterce sto posle go upgreduvase na cross/supermoto

Samo sto on e uporen protiv adventure/touring segmentot koj mene mi e omilen :D

Probav so postovite i jas da go ohrabram da ne ja pravi greskata da zeme nesto sto ke go smeni za godina dve zasto nema da mu e taka lesno da go smeni

Se slozuvam so skoro se sto pisa osvem so krajnoto deka mora da e 900+cc, mislam deka i nekoja od ovie 500-600kive sto se naogaat po honda/suzuki ke mu zavrsi rabota (na kraj kraeva imaat po ca. 50hp, ok gledav za novive sto mu se nekako nadvor od budzet postar model verojatno ke mu treba pogolem)

E toa za manevriranje na takvite motori niz grad pojma nemam kako e zasto ne sum ni sednal da vozam (edno e sto gi gledam premnogu niz gradovive drugo e da sednes da go vozis) ama od sporedba so mojot 220kg motor so 40.5kw (okolu 54hp) e dosta agilen za vozenje niz grad (pak ke recam razlicen stil na vozenje ima toa sto @fisherman89 go bara so mojot/tvojot taka sto moze i stvarno da si vo pravo deka 500-600cc i 50tina HP nema da mu se dovolni ama najubavo da si proba sam)
 
Член од
24 април 2024
Мислења
35
Поени од реакции
123
@wiksa @ArHanG3L @RadE_Strongest
Значит како шо сфатив чопер од 250-300цц ќе се мачит по патон Охрид-Ресен? Не е работата морат да е моторот 3к маскимум можам да одвојам 4-5к за половен добар еве како шо викате сите 500-600+ цц и така планирам да напрам а за некоја година ќе гледам да купам со поголема кубикажа а во меѓувреме сакам да разгледам кросерче некое да си земам шо ќе мојт да ме однесит низ патон за Лабуништа пример, ако имате некоја препорака убо ќе ми дојт, фала и за ова момци :cool:
 
Крос неам возено ама мислам дека не се за почетници бидејки се двотакни мотори и демек лесно можеш на едно тркало да го дигнеш со допир на гас (ова од братучед муабет што цел живот е со мтори и се има и тркано и офф роад..)

ти на што полагаше на кој мотор??
ја викам Suzuki SV650 од понова година и да не му ја мислиш многу и за град и за странство (ем новите се убави ем се доволно јаки ко за V twin и не се тркачки inline4)
 
Шо возиш ти ? Едно е нејкед или тјуринг со 160-180 задна гума и 4 или 2 цилиндри редно кој вриска у 12К вртежи и дозволува “легнување” до колено ( Јамаха МТ07 не го земам у обзир , пошто тоа е точак ) , друго е чопер со 220+ задна гума и 40 кс , а таквиот е преку 250 кг . Хонда Ребел 500 е сосема пристојно моторче , ама слабо ееее … Друга приказна е Вулкан или Интрудер 1800/2000 … Затоа викам дека под 900цц не вреди . И тој со 900цц ( Вулкан 900 , Јамаха Драг Стар и сл ) е некаде 70 кс и да го онадиш не иде над 160-170 км/ч . Ама има добар момент на ниски вртежи и може да потегне доста добро . Ме сфаќаш нели ? За маневрирање низ град се смрт , А што се однесува до адвенчр/тјуринг сегментот - нема поубави мотори , уште повеќе ако често се возиш со поубавата половина .

Па не баш да се мачи , ама нема ни да му е лесно . Слабо е , а тешка шасија има . Муабетот е 250 цц ќе најдеш само кинез кој после тешко ќе го продадеш , а до крај на сезонава ќе ти здосади. Е кросерче е скап спорт . Салам крос под 4К евра заборави . Башка менување уље на 10 саата , башка гуми 2 пати годишно , башка гориво троши и ако не го возиш офроуд , заборави . Не е за асфалт . Башка и сега на 40 степени крос не се вози . Крос од Ноември , до Март . Он нема перки , нема термостати , па жешково за него е смрт .

Крос неам возено ама мислам дека не се за почетници бидејки се двотакни мотори и демек лесно можеш на едно тркало да го дигнеш со допир на гас (ова од братучед муабет што цел живот е со мтори и се има и тркано и офф роад..)

ти на што полагаше на кој мотор??
ја викам Suzuki SV650 од понова година и да не му ја мислиш многу и за град и за странство (ем новите се убави ем се доволно јаки ко за V twin и не се тркачки inline4)
Крос има и 4 тактен . 250 или 450 цц . Ние возиме 4 тактни . Но за возење е различно од се друго на две тркала . Може да те крене на едно многу лесно . Ама па адреналинот што го носи со себе , исто така е скроз поинаков од све друго . И да , за почетник кој никад не возел ништо , не е никако …
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.639
Поени од реакции
5.355
Шо возиш ти ? Едно е нејкед или тјуринг со 160-180 задна гума и 4 или 2 цилиндри редно кој вриска у 12К вртежи и дозволува “легнување” до колено ( Јамаха МТ07 не го земам у обзир , пошто тоа е точак ) , друго е чопер со 220+ задна гума и 40 кс , а таквиот е преку 250 кг . Хонда Ребел 500 е сосема пристојно моторче , ама слабо ееее … Друга приказна е Вулкан или Интрудер 1800/2000 … Затоа викам дека под 900цц не вреди . И тој со 900цц ( Вулкан 900 , Јамаха Драг Стар и сл ) е некаде 70 кс и да го онадиш не иде над 160-170 км/ч . Ама има добар момент на ниски вртежи и може да потегне доста добро . Ме сфаќаш нели ? За маневрирање низ град се смрт , А што се однесува до адвенчр/тјуринг сегментот - нема поубави мотори , уште повеќе ако често се возиш со поубавата половина .
Каков МТ07 бе не возам ја точак како @комшијаTи, културно си купив хонда тротинетче NC750X, не ми ја спомнуван другата половина што се качува на мотор бе у последно време почна често да иде на возење со мене (иако на помали тури под 200км, само у трошоци ме става опрема и за неа да зимам)
Оди сега објасни дека Клим е ефтин бренд ама не е за неа :)

затоа и реков горе и мојот е тежок а мала коњажа ама е мотор што одлично се справува на многу мали обртаи, за низ град перфектен е и доста добро реагира ако нагло треба да те повлече (зборам низ град маневрирање на мали брзини), за на долги патувања до сега неколку пати сум бил на 500+км дневни тури супер комоција има ама јас сум ти возач пензионер строго крузинг и уживање ми е ова по мали патчиња (што ги имам во изобилие тука)

И ти како и “менторот” мој под 10к моторот не ми работи, како да ти кажам дека на 7к твојот едвај почнал да дава знаци на живот кај мене е веќе длабоко во црвена зона, многу длабоко :)

Имаат доста привлечни понуди во моментов тука(Шведска) за 21к бмв Р1250ГС со целосна опрема страшно ме чеша нешто у џеб, ама па од друга страна стварно немам оправдување зашто да го земам
Ќе добијам хајтек туринг мотор со се и сешто 3х помоќен од моменталниов и пак ќе го возам како тротинетче :)

ПС надвор од темава интересна апликација за да логираш каде возиш или да најдеш интересни тури за возење Detecht, има некои функции во премиум претплата што се ама не се којзнае колку потребни
Бар за Шведска вади добри рути за возење како е за МКД стварно незнам
 
Добар избор NC-то, културно моторче , лесно за возење баш баш , амааа не иде 200 … Јас у последно време го гледам NT1100 , некако многу ми го фаќа око … GS1250 и овде ги пуштија по намалена цена комплет со 3 куфери , да се продаде тоа што има , пошто доаѓа 1300-ката. Ама не го ставам у опција , грд ми е , башка бенве не го сакам никако , единствено XR1000 може да ме прелаже . Ако земам адвенчр ќе биде или КТМ или Африка , тјуринг или Версис 1000 или НТ1100 . Ама уште малку да го повозам овој , релативно нов е уште и само што направи 14.000 км . А пошто е нејкед , има подолг цилиндар и поголем ход на клипот , па моментот му е ниско , веќе на 7.000 вртежи и не бара враќање брзини , туку си тегне одма и во 6та . Црвена зона нема , само на 12.000 слушаш како го гаси електрониката . Стига до кај 250 км/ч , ама над 180-190 , више е борба , ветерот вратот ќе ти го шине .
 
Зависи што подразбираш под нов :)
Јуни 2020 го земав така што моторот е 4 години стар ова ми е 5та сезона како го возам
Првите 3 години помалку 6500км поминати вкупно, е од лани се преселив малку подалеку од работа па користам кога е ОК времето (читај скоро никад) да идам со мотор малку качив скоро 6000 лани сум поминал (одење накај работа ми е 110км, за враќање зависи кај ќе завлечам од 150-300км), моментално сум на 15550. Мизерно е времето кај што живеам (Југо-западна Шведска во близина на Гетеборг) најдождливиот регион е ова (кожа ми се збрчка од дождовите веќе :) )

Добар си бе со не иде 200 :), еднаш го имам стискано првата година кога го земав се заборавив на плажа па морав да летам накај дома кучето од градинка да си го земам (брииии не би ме изненадило сега за џанак да ме броиш куче у градинка, ама јбг се мора тука ако не работиш од дома) 150-160 го возев, се останато е на рангот 100-120 кога сум на автопат, 50-90 надвор од град на тие помалите патишта (не се сеќавам како се викаа на мкд, ама пример да возиш стариот пат куманово св.николе). Ти пишав јас сум возач пензионер

НЦ-то ми е со се што може да се стави на него, 3 куфери, греачи, заштита на раце, мотор, магленки, поголемо ветробранско (ама би сакал да беше поголемо или подобро да кажам пошироко), централен стендер буквално се што имаше у хонда да се селектира ми е земено.
За тоа како возам и колку возам ми ги задоволува сите потреби, немам никаква замерка за него.

Она што го сакам на моторот е прелесно управување, буквално скутерот 50цц што го земав за скопје прошли месец е потежок за управување него НЦ, многу добро моторче посебно за почетници (@fisherman89 друже не е тоа што ти го бараш ама топло би ти го препорачал).
Друга работа е што пред мене не е резервар (под седиште ми е како на скутер) туку уште еден куфер, фулфејс кацига собира големина S без проблем или некои модели на М (имам за гости земено МТ Thunder 3 SV ја собира), старата моја Arai Profile V (M големина не ја собираше) исто и моменталнава Shoei GT-AIR 3 (L големина не ми ја собира) ама па собира милион глупости, комбилизон за дожд, резерва ракавици, прва помош, клучеви документи и останати глупости стално ми се таму
И за крај може не иде 200+, ама затоа просечна потрошувачка на овие 15550км ми е 3.3l/100km (секое полнење со километража и слично ми е запишано затоа знам :) )

Она што не го сакам на него е што има доста големо/долгнавесто ветробранско 40+цм е, ама е многу тесно, би сакал да беше малку пошироко како на БМВ, Сузуки В-Стром (кога купував и овој ми беше опција 650цц), Африка и слични мотори.
Одржавање на ланецот е тоа ми е смрт од ова хоби би рекол, затоа ми е БМВ ГСот при срце јер е кардан (по стилот на возење што го спомна дека сакаш гарант викаш дека и кардан не е за на мотор :) )

Како што спомнав кога купував во избор ми беа Suzuki V-Strom 650 или Honda NC750X и на крај земав Хонда.
Првично јас и повеќе го сакав Хондата уште од мкд (а таму немав видено многу В-Стром 650ки), друго цената на самиот мотор, цената на додатоците и цената осигурувањето.
Сузукито беше околу 9000€ (само мотор) со цела опрема искачаше околу 11500€, годишно за регистрација му беше 500€ (фул каско(
Хондава јас ја околу 7200€, со дополнителната опрема и сите заебанции околу 9000€, осигурување 300€ годишно (фул каско), е од кога се преселив за истото тоа осигурување фул каско плажам 150€ (тука осигурување не е по кубикажа, него старост на возачот, каков стил на мотор е пример спортски е поскапо од тјуринг, каде живееш, каде го чуваш моторот итн итн)
Цените се пишани околу зашто не се сеќавам кој беше курсот тогаш за да претворам точно во евра
 
Мојот е 2019та , ама јас го земав лани половен , од пријател кој за 4 год не помина ни 4.000км . Јас од лани од Април до сега поминав скоро 10.000 со него . Е токму затоа сакам тјуринг мотор , куфери , место за се . На мојот има место под седиште само за сообраќајна и тоа е . А куфери на него не личат . Ми здосади носењето ранец кога идам на спиење некаде . Башка што совозачот цело време буквално те јава додека се возите . Не викам дека кардан не е за на мотор , ама не го сакам БМВ-то , посебно ГС серијата , колку и да се добри , а добри се , не ги сакам . Ланец си е ланец , е сега одржување , пери и подмачкувај на секои 300-400-500 км и менувај на некои 25-30.000 ( 200 евра трошок ) , карданот е многу поскапа работа .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom