Мислам дека и тоа како е во игра за Златна Топка.
Зашто да не е и Лаутаро тогаш?
Еве, да ги тргнеме на страна Белингам и Винисиус, зашто сезонава очигледно не се вреднува освојувањето на ЛШ, нема да правам спроедба со нив, иако они имаат само 1 пораз во лига, односно 2 во сите натпреварувања од еден ист тим, што е помалце од Сити, ќе ја направиме споредбата помеѓу Лаутаро и Родри.
Родри освои репрезентативна титула? Лаутаро исто освои, зашто ЕП повеќе да се преднува од Копа Америка?
Родри беше избран за играч на турнирот на ЕП? Добро, и Лаутаро беше избран за играч на турнирот на Копа Америка.
Родри освои ПЛ, исто и Лаутаро освои Сериа А. Зашто Премиер Лига да се вреднува повеќе од освоена Сериа А?
Лаутаро беше избран за најдобар играч во лигата, Родри не беше избран ни за најдобар играч во неговиот тим сезонава.
Интер севкупно има помалце порази од Сити сезонава.
Колку што е Родри не заменлив играч во Сити, толку е и Лаутаро во Интер.
Иначе муабетов за незаменлив играч ми е прејак хахах, као демек само Родри ако го извадиш од Сити, Сити ќе пати.
Било кој играч од прва 11ка од било кој топ тим извади и тимот ќе пати.
Апсолутно нема ниту еден аргумент зашто Родри треба да биде во конкуренција за Златна Топка пред Лаутаро, а сепак никој не ни го спомнува Лаутаро за некаков конкурент за Златна Топка.