Прво и основно не постои CO2 екклузивен слој, CO2 e дел од атмосверските гасови, и тоа приближно мала бројка. Можеби има мала фунција за задржување на топлина во одредена област, ама ни на милиметар не доаѓа до тоа колку задржуваат топлина водената пареа и урбаните џунгли (Асфалт и Бетон).
Не ти треба стаклена градина за пренос на топлина, пример со Меркур или со Месечината. Тие немаат ретенција заради тоа што немаат Атмосвера.
Друже, тоа не е топлина што патува преку електромагнетните бранови, туку енергија.
Се случува само таа во најголем дел да се претвора во топлина при судирот со Земјината површина.
Ако се судри таа енергија со фотоволтаични панели ќе се претвори во ел. енергија.
Ако се судри со некој друг материјал може да се претвори во звучна итн. Не е топлина.
Ексклузивен слој од СО2 не постои, бидејќи од ништо не постои ексклузивен слој туку постои слој во смисла на задржувањето на топлина.
Водената пареа, метанот, останати гасови, задржуваат многу повеќе топлина, но тоа е краткотраен процес бидејќи водената пареа не е постојана, метанот се емитира во вселената и слично со други гасови. Јаглерод диоксидот е тој што останува во атмосферата и е природен дел од процесот или е во баланс (во случајов во дисбаланс) на апсорпција/емисија од живиот свет.
Сите останати површински делови (бетони, асфалти, карпи и сл) ја емитираат топлината во вселената, некои веднаш, некои со часови/денови.
Јаглерод диоксидот е тој што ја рефлектира назад (задржува).
Не ти треба стаклена градина за пренос на топлина, пример со Меркур или со Месечината. Тие немаат ретенција заради тоа што немаат Атмосвера.
Површинската температура на Месечината е 150+ степени кога е осветлена и -150 кога не е осветлена.
Треба нешто што ќе ја задржи топлината, а тоа нешто е јаглерод диоксид.
Извади го целиот јаглерод диоксид од Земјата и таа ќе стане една голема снежна топка.