Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.108
За да се пренесува топлина потребен е медиум низ кој ќе поминува истата.:(
Tоплината може да патува низ вакуум. Овој процес се случува преку радијација, што претставува пренос на енергија преку електромагнетни бранови.

На членот погоре не му беше јасно како таа топлината поминувала низ слојот со СО2, ама не се враќала назад.
Прво и основно не постои CO2 екклузивен слој, CO2 e дел од атмосверските гасови, и тоа приближно мала бројка. Можеби има мала фунција за задржување на топлина во одредена област, ама ни на милиметар не доаѓа до тоа колку задржуваат топлина водената пареа и урбаните џунгли (Асфалт и Бетон).
Ај можеби ти ќе му објасниш како функционира стаклената градина. :ROFLMAO:
Не ти треба стаклена градина за пренос на топлина, пример со Меркур или со Месечината. Тие немаат ретенција заради тоа што немаат Атмосвера.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Прво и основно не постои CO2 екклузивен слој, CO2 e дел од атмосверските гасови, и тоа приближно мала бројка. Можеби има мала фунција за задржување на топлина во одредена област, ама ни на милиметар не доаѓа до тоа колку задржуваат топлина водената пареа и урбаните џунгли (Асфалт и Бетон).

Не ти треба стаклена градина за пренос на топлина, пример со Меркур или со Месечината. Тие немаат ретенција заради тоа што немаат Атмосвера.
Друже, тоа не е топлина што патува преку електромагнетните бранови, туку енергија.
Се случува само таа во најголем дел да се претвора во топлина при судирот со Земјината површина.
Ако се судри таа енергија со фотоволтаични панели ќе се претвори во ел. енергија.
Ако се судри со некој друг материјал може да се претвори во звучна итн. Не е топлина.

Ексклузивен слој од СО2 не постои, бидејќи од ништо не постои ексклузивен слој туку постои слој во смисла на задржувањето на топлина.

Водената пареа, метанот, останати гасови, задржуваат многу повеќе топлина, но тоа е краткотраен процес бидејќи водената пареа не е постојана, метанот се емитира во вселената и слично со други гасови. Јаглерод диоксидот е тој што останува во атмосферата и е природен дел од процесот или е во баланс (во случајов во дисбаланс) на апсорпција/емисија од живиот свет.

Сите останати површински делови (бетони, асфалти, карпи и сл) ја емитираат топлината во вселената, некои веднаш, некои со часови/денови.
Јаглерод диоксидот е тој што ја рефлектира назад (задржува).

Не ти треба стаклена градина за пренос на топлина, пример со Меркур или со Месечината. Тие немаат ретенција заради тоа што немаат Атмосвера.
Површинската температура на Месечината е 150+ степени кога е осветлена и -150 кога не е осветлена.
Треба нешто што ќе ја задржи топлината, а тоа нешто е јаглерод диоксид.
Извади го целиот јаглерод диоксид од Земјата и таа ќе стане една голема снежна топка.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
Друже, тоа не е топлина што патува преку електромагнетните бранови, туку енергија.
Се случува само таа во најголем дел да се претвора во топлина при судирот со Земјината површина.
Ако се судри таа енергија со фотоволтаични панели ќе се претвори во ел. енергија.
Ако се судри со некој друг материјал може да се претвори во звучна итн. Не е топлина.
A топлината што е?
Не е облик на енергија?

Ти сметаш дека изјавата му е неточна, или чисто онака го едуцираш за важноста на семантичките разлики во ваков „озбилен“ муабет? :unsure:

Извади го целиот јаглерод диоксид од Земјата и таа ќе стане една голема снежна топка.
СО2 е единствениот гас кој прави ефекти на стаклена градина? Само од него зависи голдлок статусот на Земјата?
Тука ако нешто е спорно, спорна е количината/процентот на СО2 во атмосферата на Земјата. Спорен е и процентот на човековото влијание врз зголемување и намалување на СО2, а колку тој процент влијае на климата зависи од првото прашање. Притоа различни извори (различни агенди) даваат различни бројки... Целата дискусија за ова е чисто теоретска, не затоа што можеби некогаш ќе може или нема да може точно да се измери, туку од аспект на тоа што сега и денес ова наголемо се користи за исполнување на политички агенди кои ние обичните луѓе највоочливо ги гледаме преку зголемување на „еколошките“ даноци. Се разбира има и други нивоа на користење (злоупотреба), кои се над нивото на дискусијава овде.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
A топлината што е?
Не е облик на енергија?

Ти сметаш дека изјавата му е неточна, или чисто онака го едуцираш за важноста на семантичките разлики во ваков „озбилен“ муабет? :unsure:
Се е облик на енергија.
Битно е во која форма таа енергија пристигнува, како пристигнува и како се претвора во друг облик на енергија - во случајот топлина.

Во контекстот на муабетот е многу битно за што станува збор.

Целата дискусија за ова е чисто теоретска
Нема ништо теоретско.
Процесите се опишани долго пред да се случат.
Нивото на јаглерод диоксид е мерливо и сега и пред 50 години и пред 500 000 години.
Мерлив е и јаглеродот кој е емитиран од човекот. Различен е од тој останатиот.
Голдлок нема никаква врска, тоа е само регион каде енергијата примена од тоа тело може да ги воспостави потребните услови за живот доколку и други фактори се погодени како нивото на СО2.
Венера се наоѓа во голдлок, температурата во атмосферата и е преку 400 степени исклучиво заради нивото на јаглерод диоксид.

Повеќето од овие работи се познати уште од почетокот на 20ти век. Механизмите при промена на овие варијабили се успешно предвидени. Едноставна математика.
Да не зборуваме пак за експериментална потврда.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
- „Мерењата“ на вкупниот СО2 во атмосферата се всушност алгоритми/равенки, каде од мерења многу мали делови се пресметува некоја приближна бројка. Пошто немаме со што да споредиме, реално не знаеме колку тие равенки се прецизни.
- СО2 создаден од човекот е „мерлив“ само со уште посложени предвидувања кои во рацете на луѓе со агенда се целосно „совитливи“ (кон потребите на агендата), проблемот како и секогаш е во објективноста и немањето метод за реална проценка на истата
- под голдилок не мислев само на географската зона во сончевиот систем, терминот може да има поширока употреба а мојата употреба на терминот се однесува на „погодените“ услови за живот на Земјата како на пр. составот на атмосферата/планетата, за СО2 знаеме дека го има горе долу колку што треба... тоа колку горе а колку долу е проблем, тоа не го знаеме баш прецизно и тоа наголемо се експлоатира (за секакви агенди)

Се е облик на енергија.
Битно е во која форма таа енергија пристигнува, како пристигнува и како се претвора во друг облик на енергија - во случајот топлина.

Во контекстот на муабетот е многу битно за што станува збор.
Твојот контекст во случајов е да ги извртиш работите до неупотребливост на почетниот аргумент на соговорникот: Изворот на енергија е Сонцето, а на ефикасноста на приемот на енергијата од Земјата и конверзијата во топлинска енергија, завис и од варијации на варијабли како процентот на СО2 и другите гасови кои произведуваат ефект на стаклена градина, но исто и од нивото на честички во атмосферата, и од други фактори.

Назад од релтивизирањето, мојата теза е дека процентите на СО2 и другите гасови кои произведуваат ефект на стаклена градина, и процентот/нивото на нивното влијание на температурата/климата, се целосно злоупотребувани од повеќе интересни страни. Буквално никој не го земам здраво за готово, а најмалку на кловновиве што фарбаат споменици на културата како Стоун Хенџ. Нека почнат повеќе да фарбаат приватни авиони (како тој на Парис Хилтон), и електрични автомобили што се полнат на генератори на дизел.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
- „Мерењата“ на вкупниот СО2 во атмосферата се всушност алгоритми/равенки, каде од мерења многу мали делови се пресметува некоја приближна бројка. Пошто немаме со што да споредиме, реално не знаеме колку тие равенки се прецизни.
Абе какви равенки какви алгоритми.
Мерењето на СО2 е лесно достапно дури и за обичен човек.
Милион мерења во различни услови се вршат постојано.

- СО2 создаден од човекот е „мерлив“ само со уште посложени предвидувања кои во рацете на луѓе со агенда се целосно „совитливи“ (кон потребите на агендата), проблемот како и секогаш е во објективноста и немањето метод за реална проценка на истата
Какви предвидувања човече, со2 емитиран од човекот е различен од со2 во природата по изотоп. Лесно мерлив.
Тоа е ако не ти е јасно од каде двојно повеќе со2 од пред индустриската ера и сега.

под голдилок не мислев само на географската зона во сончевиот систем, терминот може да има поширока употреба а мојата употреба на терминот се однесува на „погодените“ услови за живот на Земјата како на пр. составот на атмосферата/планетата, за СО2 знаеме дека го има горе долу колку што треба... тоа колку горе а колку долу е проблем, тоа не го знаеме баш прецизно и тоа наголемо се експлоатира (за секакви агенди)
Голдилок нема поширока употреба, тоа е еден регион и зависи од количеството енергија што одредена планета го прима од матичната ѕвезда.
Твојот контекст во случајов е да ги извртиш работите до неупотребливост на почетниот аргумент на соговорникот: Изворот на енергија е Сонцето, а на ефикасноста на приемот на енергијата...
Можеби не го фати муабетот од почеток.
На Бафра не му беше јасно како "топлината" поминува низ СО2 во атмосферата, а не и назад во вселената.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
На Бафра не му беше јасно како "топлината" поминува низ СО2 во атмосферата, а не и назад во вселената.
Шупче, тебе не ти е јасно, не можеш да сфатиш, како може двострано да функционира. Зато ти велам за твое добро, послушај ги законите на термодинамика па после може да продолжиме за други работи, на пример дали е вакум вселената, како светлината стига на планетава итн итн.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Не е двострано, тоа не можеш да го сфатиш.
Топлината е креирана на Земјината површина.
Основна физика. :(
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Не е двострано, тоа не можеш да го сфатиш.
Топлината е креирана на Земјината површина.
Основна физика. :(
Основна физика, а логиката твоја 0.
Без гајле, кога тогаш ќе признаеш дека си бил насамарен ко магаре.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
Не кажува зошто не се топи мразот на половите. До сега требаше морињата за 10 сантими да пораснат. Но сеуште исти се како и порано.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Не кажува зошто не се топи мразот на половите. До сега требаше морињата за 10 сантими да пораснат. Но сеуште исти се како и порано.
Епа откако неколку предвидувања за глобалното затоплување не им се остварија, почнаа да користат, климатски промени.
Климатските промени никој не ги негира, туку дека имало глобално затоплување и дека баш е предизвикано од човекот.
 
24 центиметри досега.
Ама што се за вас 24 центиметри. :D
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.260
Поени од реакции
18.216
A топлината што е?
Не е облик на енергија?

Ти сметаш дека изјавата му е неточна, или чисто онака го едуцираш за важноста на семантичките разлики во ваков „озбилен“ муабет? :unsure:

СО2 е единствениот гас кој прави ефекти на стаклена градина? Само од него зависи голдлок статусот на Земјата?
Тука ако нешто е спорно, спорна е количината/процентот на СО2 во атмосферата на Земјата. Спорен е и процентот на човековото влијание врз зголемување и намалување на СО2, а колку тој процент влијае на климата зависи од првото прашање. Притоа различни извори (различни агенди) даваат различни бројки... Целата дискусија за ова е чисто теоретска, не затоа што можеби некогаш ќе може или нема да може точно да се измери, туку од аспект на тоа што сега и денес ова наголемо се користи за исполнување на политички агенди кои ние обичните луѓе највоочливо ги гледаме преку зголемување на „еколошките“ даноци. Се разбира има и други нивоа на користење (злоупотреба), кои се над нивото на дискусијава овде.
Не е тоа никаква семантика. Има разлика меѓу енергија, топлина, електрична енергија и тн.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.108
Не е двострано, тоа не можеш да го сфатиш.
Топлината е креирана на Земјината површина.
Основна физика. :(
Свесен си дека дискутираш семантика така?

Иако производството на енергија во Сонцето се должи на нуклеарната фузија, високите температури во јадрото на Сонцето и другите слоеви резултираат со топлинска енергија. Оваа топлинска енергија е дел од пошироката енергетска продукција на Сонцето, која вклучува електромагнетна радијација (видлива светлина, ултравиолетова светлина, инфрацрвена радијација и др.) која ја примаме како сончева светлина.

Значи, иако енергијата во Сонцето потекнува од нуклеарни реакции, таа исто така се манифестира како топлинска енергија поради екстремно високите температури и радијационите и конвективните процеси кои се случуваат во Сонцето.
Не е тоа никаква семантика. Има разлика меѓу енергија, топлина, електрична енергија и тн.
Семантика е. Или по народски цепивлачење.

Kajgana Shop

На врв Bottom