UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
Заслужија да го примат хрватите, многу време трошеа, еден тон фаули направија.

Италија многу лоша, нивна среќа е што играа со два многу слаби противници во групата, па изборија нокаут фаза и тоа како втори. Мислам дека со 3 бода и со трето место ќе одеа, ама им го брцнаа на лјепа наша домовина.

Како и да е, првенството е многу слабо, има многу репрезентации што немаат квалитет да бидат на завршен турнир.

@Syn веројатно некој му подвикна, ама не е никако оправдување. Топка која паѓа во петерец, треба да ја разнесе, да не му текне да остава да паѓа. Ај ќе го препишаме на недоволно искуство.
 
Како и да е, првенството е многу слабо, има многу репрезентации што немаат квалитет да бидат на завршен турнир.
Па следното првенство нека го направат со 50 учесници појако ќе биде.
 
Треба да биде турнир со 8 репрезентации.
абе не мора 8, ама не повеќе од 16, но што личи сега ова, секој клошар се квалификува на европско.
 
Реално ниту Италија ниту Хрватска заслужија да пројдат. Очобол утакмица. И генерално и едните и другите играа(т) ко курац цело првенство.

Кај Хрватите е еводенто дека зенитот им е поминат, врвот им беше пред 2 години у Катар. После тоа логично е дека иде еден пад. Време им е за смена на генерација. Носителите од претходните успеси им се:

1. У години и повредени (Перишиќ)
2. У години за пензија и со значајно помала минутажа на клупски план(Модриќ),
3. Играат рекреативен фудбал и ладат муда (Брозовиќ лудиот у Арабија).

Остана Ковачиќ да игра уште некоја година, ама он ми нема капацитет да биде носител.

Ќе мора да ги бараат меѓу помладиве. Можда ќе треба да го сменат и Далиќ, му помина и него зенитот. Извлече максимум од себе и играчите.

Жабарите доста "мршави". Немаат поединец кај нив што прави разлика. Доста се паднати у однос на пред 3 години. Тогаш ги имаа позади Кијелини и Бонучи кои изиграа ѕверски, плус Киеза кога личеше на играч и пред да се распадне од повреди. За сега ги вади Донарума. Инаку се доста лимитирани, а го имаат и Спалети кој не знае кај тера со водењево на тимот. Не можам да му ги разберам улогите што ги има поделено.

Глеам дека идат на Швајцарија у 1/8 финале. Не е невозможно и да испаднат уште одма, мада со нив никад не се знае. Со оглед на тоа како пројдоа понатаму, може да проработи жабарското па да стигнат до финале :D
 
Па следното првенство нека го направат со 50 учесници појако ќе биде.
Треба 48 по примерот на следното светско :icon_lol:
Гледам има 55 репрезентации во Европа.
Според ранкинг од 1-41 нека се пласираат директно. Од 42-48 ќе бидат носители во бараж против оние од 49-55.
Па 16 групи со по 3 репрезентации и нека тераат. Цел континент нека игра, нема потреба од квалификации :coffee:
 
Со оглед на тоа дека Хрватска најверојатно ќе испадне (освен ако две од Словенија/Србија/Данска испаднат и плус две од група Ф), Шпанија веројатно би играла со Унгарија, Англија би ја добила или Романија или Словачка (ако играат нерешено, тогаш би било Словачка), а првиот од таа група би играл против Австрија или Холандија.
 
Ептен ми е криво за Модрич , не заслужи вака да заврши.
 
Никој никогаш не бил потажен за освојување на играч на натрепварот.

Иначе, математички Хрватска сеуште не е испадната од првенствово, сеуште може да се квалификува како една од четирите најдобро третопласирани екипи.

Се што треба да се случи е:
Англија да ја тепа Словенија со повеќе од 3 гола разлика,
Турција да ја тепа Чешка или да изиграат нерешено без дадени голови,
Португалија да ја тепа Грузија или да изиграат нерешено без дадени голови.

 
Последно уредено од модератор:
Португалија да ја тепа Турција или да изиграат нерешено без дадени голови.

Португалија ја тепаше завчера Турција. Сега ваљда ќе играат реванш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom