Кладилници, казина подалеку од населени места ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?


  • Вкупно гласачи
    247
ДУИ го туркаа овој закон заради нивниот проект за онлајн кладење. Заради тоа ја зедоја државна лотарија. Станува збор за чист бизнис а не некаква си грижа за народот.
Не навлегувам што е позадината на сето ова, општо зборам мора да се регулираат кладилниците и казината, не е нормално ова што се случува.
 
А бе запустеа еден тон фамилии еј, барем да го тргнат апаратите од кладилниците и да го ограничат бројот на казината, јас не можам да разберам како може државата да си го рекетерира сопствениот народ. До кога ова лудило?
Ако најдат решение за тие 10 000+ вработени луѓе уште утре нека ги затворат сите. Но, сепак се работи за огромна гранка во индустријата така да ваквите одлуки не се баш разумни, колку и на нас како народ да ни делува океј. Не може преку ноќ да донесеш решение за дислокација на 342344324423 објекти и да оставиш илјадници граѓани без плата.
 
Комаров е некој вид природна селекција.
Се што е просто,сиромаво скроз да си изнаебе само на себе мајката.
Греота е само за фамилиите ама колатерална штета,јебига...

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
Ако најдат решение за тие 10 000+ вработени луѓе уште утре нека ги затворат сите. Но, сепак се работи за огромна гранка во индустријата така да ваквите одлуки не се баш разумни, колку и на нас како народ да ни делува океј. Не може преку ноќ да донесеш решение за дислокација на 342344324423 објекти и да оставиш илјадници граѓани без плата.
Не се работи само за вработените и објектите. Работа денес има колку сакаш. Ама со затворање на кладилниците и коцкарниците не се решава проблемот со коцкањето. Тој што се коцка пак ќе се коцка само што овој пат на црно. Албанија ја забрани коцката и по неколку години пак ја дозволи откако виде колкав зијан има од забраната. Инаку јас лично сум за закон со кој што се забранува рекламирањето на оваа дејност.
 
Комаров е некој вид природна селекција.
Се што е просто,сиромаво скроз да си изнаебе само на себе мајката.
Греота е само за фамилиите ама колатерална штета,јебига...
...затворија толку фабрики со сила ги направиле дека не се доходовни, ги оштетиле сите машини да застане производството да го оправдат стечајот, толку луѓе останати на улица, кои со акции кои не им вредат, кои се влечат по судови, толку објекти кои беа поим за производство во МКД и извоз, останаа напуштени да им спадне вредноста и да испоумрат тие вработени кои по судски пат сакаат да си го добијат своето и правдата да биде задоволена,

да се потсетиме:
„...На 8 септември 1991 година мнозинството граѓани во тогашна Социјалистичка Република Македонија решија дека сакаат самостојна држава. Напуштањето на југословенската федерација значеше напуштање на политичкиот и економскиот модел. Предизвикот им беше јасен на сите уште при прогласувањето на Уставот во ноември, истата година.
Следната година новата држава доби и сопствени пари, што беше најава за најголемата економска реформа – трансформација на дотогашните државни фирми во приватни. Тогашната власт избра модел на приватизација, според кој, капиталот на државните фирми имаа право да го купат само вработените во тие фирми, но предност им беше дадена на директорите и раководните органи.

Процесот што го спроведуваше Агенцијата за приватизација брзо го доби епитетот криминален. Многу работници останаа на улица, додека довчерашни директори преку ноќ станаа газди на гиганти.

Единствената одговорност досега е морална, а и таа дојде три децении подоцна, од тогашниот премиер.

Илјадници луѓе беа жртви на моделот на приватизација, па лесно се фатија на јадицата за штедење со големи камати. Така, во 1997 пукна втората најголема корупциска афера – ТАТ.

Над 13 000 илјади граѓани останаа без околу 60 милиони евра депозити во битолската штедилница под водство на Соња Николовска, жената призната како најдобра стопанственичка само една година претходно. Сè уште е жива приказната дека министер во тренерки изнесувал црни вреќи од штедилницата. Неговото име никогаш не се дозна. Сопственичката на ТАТ беше осудена, но немаше одговорност кај финансиските институции или политичките функционери.

Борбата на штедачите од ТАТ трае до денес, а никогаш не се стигна до пипците на „Oктоподот“, за кој тогашниот премиер зборуваше во Собранието...“

...па дошло „проблем“ до кладилниците, пфффф како сапуница ќе ги позатворат и забранат, само да се договорат кој што ќе земе, а жртвеното јагне нема потреба да го бараат се знае тоа се сите вработени во тие објекти кои ќе останат на улица, што се 10 000 илјади гладни усти, ќе се снајдат, како што се снајдоа и тие од ТАТ и од многуте други афери, каде им се украдени правата, а со тоа и парите на народот!
 
Последно уредено:
Ќе се затворат казинава некогаш ? Или уште ќе се распаѓаат фамилии за интересите на политичарите
Никогаш....Сакаат Скопје да го направат Лас Вегас, а за народот ги заболе таквото.
Гласајте за вмро и сдсм пак,..и пак....
 
Демек само од казина се распаѓаат фамилији?? :tvg:
Најчесто !
Казиното носи и други пороци ,долгови што 3 животи да живеат нема да можат да ги подмират
Под итно затварање на казината! Јас прва ќе сум во протести против казината!
Никогаш....Сакаат Скопје да го направат Лас Вегас, а за народот ги заболе таквото.
Гласајте за вмро и сдсм пак,..и пак....
Од кај знаеш јас за кого гласав?
Еве Влен не сакаат да слушнат за казина па можеби ќе си останат доследни и ќе ги затварат казината
 
Најчесто !
Казиното носи и други пороци ,долгови што 3 животи да живеат нема да можат да ги подмират
Под итно затварање на казината! Јас прва ќе сум во протести против казината!

Од кај знаеш јас за кого гласав?
Еве Влен не сакаат да слушнат за казина па можеби ќе си останат доследни и ќе ги затварат казината
Ни далеку не носи колку алкохолизмот и курварлукот.

Живели:ајнапиво:
 
Screenshot_2024-06-15-18-56-58-269_com.android.chrome-edit.jpg..Screenshot_2024-06-15-18-58-12-594_com.android.chrome-edit.jpg

Тоа би било тоа. Така ВЛТ преку државата Австрија го отера пола Скопје на нафтени платформи за да се одглави од лихва.
И ако некој мисли дека ова ќе има крај и дека само од комуњарите зависело, нека не се надева, муабетот е дека австрија казинос се во братски односи со вемерето
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Прегледај го приврзокот 420326..Прегледај го приврзокот 420327

Тоа би било тоа. Така ВЛТ преку државата Австрија го отера пола Скопје на нафтени платформи за да се одглави од лихва.
И ако некој мисли дека ова ќе има крај и дека само од комуњарите зависело, нека не се надева, муабетот е дека австрија казинос се во братски односи со вемерето
Австриски казина во Македонија ,а во Виена има само 1 општинско и тоа не може секој да влезе
 
Австриски казина во Македонија ,а во Виена има само 1 општинско и тоа не може секој да влезе
Па затоа сме најутепани во Европа, тонеме во сиромаштија и бедотија, место народот духовно да се издигнува, театар,кино,журки,концерти, фудбал, ракомет и слично, ние на секој чекор казина,кладилници, аптеки и слични гомнарии.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom