Комаров е некој вид природна селекција.
Се што е просто,сиромаво скроз да си изнаебе само на себе мајката.
Греота е само за фамилиите ама колатерална штета,јебига...
...затворија толку фабрики со сила ги направиле дека не се доходовни, ги оштетиле сите машини да застане производството да го оправдат стечајот, толку луѓе останати на улица, кои со акции кои не им вредат, кои се влечат по судови, толку објекти кои беа поим за производство во МКД и извоз, останаа напуштени да им спадне вредноста и да испоумрат тие вработени кои по судски пат сакаат да си го добијат своето и правдата да биде задоволена,
да се потсетиме:
„...На 8 септември 1991 година мнозинството граѓани во тогашна Социјалистичка Република Македонија решија дека сакаат самостојна држава. Напуштањето на југословенската федерација значеше напуштање на политичкиот и економскиот модел. Предизвикот им беше јасен на сите уште при прогласувањето на Уставот во ноември, истата година.
Следната година новата држава доби и сопствени пари, што беше најава за најголемата економска реформа – трансформација на дотогашните државни фирми во приватни. Тогашната власт избра модел на приватизација, според кој, капиталот на државните фирми имаа право да го купат само вработените во тие фирми, но предност им беше дадена на директорите и раководните органи.
Процесот што го спроведуваше Агенцијата за приватизација брзо го доби епитетот криминален. Многу работници останаа на улица, додека довчерашни директори преку ноќ станаа газди на гиганти.
Единствената одговорност досега е морална, а и таа дојде три децении подоцна, од тогашниот премиер.
Илјадници луѓе беа жртви на моделот на приватизација, па лесно се фатија на јадицата за штедење со големи камати. Така, во 1997 пукна втората најголема корупциска афера – ТАТ.
Над 13 000 илјади граѓани останаа без околу 60 милиони евра депозити во битолската штедилница под водство на Соња Николовска, жената призната како најдобра стопанственичка само една година претходно. Сè уште е жива приказната дека министер во тренерки изнесувал црни вреќи од штедилницата. Неговото име никогаш не се дозна. Сопственичката на ТАТ беше осудена, но немаше одговорност кај финансиските институции или политичките функционери.
Борбата на штедачите од ТАТ трае до денес, а никогаш не се стигна до пипците на „Oктоподот“, за кој тогашниот премиер зборуваше во Собранието...“
...па дошло „проблем“ до кладилниците, пфффф како сапуница ќе ги позатворат и забранат, само да се договорат кој што ќе земе, а жртвеното јагне нема потреба да го бараат се знае тоа се сите вработени во тие објекти кои ќе останат на улица, што се 10 000 илјади гладни усти, ќе се снајдат, како што се снајдоа и тие од ТАТ и од многуте други афери, каде им се украдени правата, а со тоа и парите на народот!